Од Старечникот: За Авва Павле Простиот
Дошол еднаш тој во манастирот на посета, а и заради духовна корист на браќата. По вообичаените заемни поздравувања, тие пошле во светата Божја црква да отслужат служба. Блажениот Павле внимателно го набљудувал секој што влегувал во црква за да види со какво


Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Виното е потпалувач за вистинатата страст – распалителна материја, фрлена во огинот и го засилува пламенот. Грижи се секогаш за вечната слава, зашто земната слава секојдневно измамува. Гневот не е безопасен советник за секој човек – што е претприемено во гнев, никогаш не е благоразумно.
Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства,
Кога Му се молиш на Бога, не говори: „Господи, земи го од мене ова и дај ми го она“, туку моли Му се вака: „Господи, Боже мој, Ти знаеш што е корисно за моето спасение; помогни ми и не давај ми да згрешам пред Тебе и да загинам во моите гревови, зашто јас сум грешен и немоќен; не предавај ме на моите непријатели,
На ѕвездата ѝ припаѓа светлината што е околу неа, на побожниот му припаѓаат сиромаштијата и смирението, зашто ништо друго не им било ставено како белег за распознавање на Христовите ученици, освен смирената мудрост и скромниот изглед. За ова насекаде зборуваат четирите Евангелија.
Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа...
Некогаш свети Силуан разговарал со еден пустиник што велел: „Бог ќе ги казни сите атеисти, тие ќе горат во вечниот оган.“ Очигледно, помислата дека безбожниците ќе бидат казнети во вечниот оган му причинувала некакво задоволство…
Бог, Кој нé создал, ни го дал во употреба словото, за да ги откриваме еден на друг своите срдечни помисли – исто така, секој од нас, поради истородност на нашата природа, да ги предава мислите свои на ближниот, откако ќе ги изнесе од скривницата на своето срце. Ако ние живееме, имајќи душа со ништо необлечена, тогаш би се разбрале еден со друг – моментално, само преку мисла.
Усвој ги за себе мислите и духот на светите отци со читање на нивните дела. Светите отци ја достигнале целта: спасението. И ти ќе ја достигнеш таа цел по природниот тек на работите. Како единомисленик и единодушен со светите отци, ти ќе се спасиш.
Во секој христијанин Христос е Оној Кој војува и победува, и Тој е Оној што го призива Бога, и Кој се моли, и Кој благодари - сето тоа се дејствија на Христа, Кој се радува и весели кога ќе види дека во нас пребива тоа убедување, дека Христос е Тој кој го прави тоа.
„Се најдов во рајот, му рекол Андреј, чудесен и прекрасен, и, восхитен, се запрашав: што е ова? Знам дека живеам во Цариград, но како се најдов тука, не можам да сфатам. Бев во недоумение: дали сум во тело или надвор од телото. Бог го знае тоа. Се видов себеси облечен во најсветли облеки, толку светли како да се исткаени од молњи; на мојата глава имав венец исплетен од големи цветови; на половината бев опашан со царски појас
Голема е користа за секој човек ако Христос за него постане и негово срце и негов живот. И не само што е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние коишто се во негова близи¬на, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средината и оттаму таа се шири, како брановите, насекаде и делува на се она што на тој пат ќе наиде. И оној, кој најверојатно поради својата
Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.
Ти беше првиот учител на покајанието! Ти беше единствениот кој уште во утробата на мајка си поучуваше во вератa и пророкуваше за Христа, а сега си во прегратките на небесниот Отец. Тебе Иродијада те осуди неправедно и твојата глава беше донесена за време на царска гозба, не на глинена, ниту на сребрена, ниту на златна чинија, бидејќи тоа беше гнасно за тебе, туку на царот му
Кој има љубов за Христа, се радува на секое страдање заради Христа. Затоа, ништо не е така славно како што се оковите заради Христа. Да се биде затворник и роб заради Христа пославно е одколку да се биде апостол или учител или евангелист. Кој Го љуби Христа ќе ги разбере овие зборови. Кој гори за Господа и копнее по Него, ја знае силата на оковите.
„… што е сета оваа слава, богатство, величественост, која неповратно го лишува лицето до смрт? И бесмртната душа, раздвоена од несовршеност, како затворена во затворот на неговото смртоносно тело, нема да најде одмор, затоа што тој човек не ја воспитувал, не се принудувал во молитва, ниту мислел на Бога, не се смирувал во лишувања и таги. О, смрт, кој може да те избегне!“
Кога би ја исполнувале заповедта Господова за љубов кон Бога и ближниот, тогаш не би имало ни роб, ни слободен, ни старешини ниту потчинети, ниту богати ни сиромашни, ни мали ни големи, па ни самиот ѓавол не би ни бил познат, и не само еден, и двајца да се, нека бидат и стотина и илјада, тие не би можеле да направат ништо лошо,
Погледни се и ти, кој си се крстил во името Господово, такви ли се твоите дела, како оние, во кои Он се објави Себеси? Или каков ќе се јавиш во денот на Славата Негова и со каква награда ќе се овенчаш, ако го немаш венецот на победата над страстите, победени од тебе, - оние (страсти) кои веќе ги има победено твојот Цар, покажувајќи ти пример во Себе?
























