логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Кој има љубов за Христа, се радува на секое страдање заради Христа. Затоа, ништо не е така славно како што се оковите заради Христа. Да се биде затворник и роб заради Христа пославно е одколку да се биде апостол или учител или евангелист. Кој Го љуби Христа ќе ги разбере овие зборови. Кој гори за Господа и копнее по Него, ја знае силата на оковите.


Убиството на Апостол Павле – слика од шпанскиот сликар Enrique Simonet Lombardo, 1887 год.

Апостол Павле повеќе го сакал заточеништвото заради Христа отколку животот на небото. Неговите оковани раце поблескави се од секое злато, од секоја круна царска. Цел венец од бесценети камења не блеска толку како железните окови заради Христа. Тогаш и занданата станува посветла од царските палати. Ама што велам јас: од царските палати? Посветла дури и од самото небо, зашто во себе има затворник, страдалник Христов. Оној кој Го љуби Христа ја знае оваа непроценлива вредност, ја знаее оваа добродетел, знае колку богатство му донело на човечкиот род страданието заради Христа… Тие што ја познале љубовта Христова го сметаат срамот заради Христа за блаженство поголемо од секое блаженство. Кога некој би ми ги давал или целото небо или Павловите окови, јас би ги прифатил оковите. Ако некој би сакал да ме смести или со ангелите на небото или со Павле, окован во затрвор – јас би ја одбрал темницата на затворот. Ако некој би посакал да ме направи една од силите која го опкружуваат небото и престолот Божји или еден ваков затворник, јас повеќе би сакал да станам таков роб и затворник. И со право: бидејќи нема ноишто поблажено од тие окови. Нема ништо подобро од тоа да се страда за Христа и заради Христа. Јас го величам Павле не толку дека бил вознесен во рајот, колку дека бил ставен во темницата на затворот. Го величам не толку дека слушнал неискажливи зборови, отколку дека бил во окови. Не го величам толку што бил издигнат до третото небо, колку што ги величам неговите окови. А дека оковите се над сѐ, тоа го знаел и самиот. Еве слушни како вели: „Ве молам јас, не како некој кој слушнал неискажливи зборови, туку – јас затворникот во Господа“ (Ефес. 4, 1).


Фреска: Страдањето и смртта на Апостол Петар

Да се страда за Господа – навистина тоа е најголем дар, поголем од сите други: Поголем од способноста да се запре сонцето и месечината, па дури и од тоа да се придвижи светот. Поголемо е отколку да се има власт над ѓаволите, па и да се изгонат ѓаволите. Тие не страдаат толку кога ние ги изгонуваме со вера, отколку што се измачуваат кога гледаат дека ние заради Христа страдаме и се наоѓаме во окови. Тоа ни дава голема слобода пред Христа. Добри се оковите Христа ради, не затоа што ни заработуваат Царство, туку заради самиот Христа. Ги величам нив, не заради тоа што пренесуваат на небо, туку заради сведоштвото на љубов кон Господарот на небото.

Оној кој љуби со Христова љубов од Бога добива разгорено пламено срце. И таа љубов е ненаситно богатство бидејќи и оној кој љуби и љубениот се повеќе и повеќе горат од љубов. Мерата на таа љубов е – никогаш да не престане: „Вашата љубов се повеќе и повеќе да изобилува преку познавањето и разбирањето на сѐ“ (Фил. 1, 9).

Извор: Бигорски манастир

9-ти септември 2018 лето Господово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1059
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…