Архимандрид Софрониј- За помислите и за прелеста
Сеќавај се на две помисли и плаши се. Едната ти вели: „Ти си свет човек“, а другата: „Нема да се спасиш“. И едната и другата доаѓаат од ѓаволот и не се вистинити. Ти мисли вака: „Јас сум голем грешник, но Господ е милостив и ги сака луѓето и Он ќе ми ги прости гревовите“.



Така и јас еднаш испросив послушание по своја волја. Бев економ, но сакав да одам во Стар Русик поради безмолвие. Таму постојано се постеше. Цела недела се јадеше на вода, освен сабота и недела, и заради тоа народот таму ретко одеше. Госто-приемник тогаш беше отец Серапион кој јадеше само леб и вода. Потоа него го замени отец Онисифор.
“ Љубовта е всушност, воскресение на душата од смртта, од мртвите. Кој нема љубов, со целото свое битие се наоѓа во безизлезната темница на смртта; никаде врата, никаде отвор, никаде прозорец; сета душа, и мисла и чувство - се обѕидани со смртта.
Оној што сака да појде да живее во пустина, тој треба да се потруди да биде совршен, да се исчисти од секоја страст или да се ослободи од нив во манастирското братство, и не да бега таму од малодушност, туку со желба да ги придобие вистината на божествените созерцанија, кои и не можат да се придобијат на друго место, освен во пустината.
Само молитвата не е доволна. Некој може да изговара молитвата со килограм темјан, но ако неговиот ум е полн со лукави мисли за другите, тогаш тоа не му донесува никаква полза. Од умот, демонот во срцето испраќа лукава „телеграма“, и од човекот прави ѕвер.
Никој никогаш не постанал возвишен без добри дела, а мнозина се прославиле и без накитени зборови. Благодатта му се дава не на оној, кој благоглаголи, туку на оној, кој добро (целомудрено) живее.
Зашто, меѓу нив се наоѓа Возљубениот Кој ги осветува нивните напори, а сиромаштијата на нивната трпеза ја претвора во неискажлива сладост; Неговите духовни, небесни служители, ги осенуваат – и нив и нивните свети јадења.“
За тоа како подвижникот треба да го минува времето
И покрај неговата подготвеност да му служи на секого како и неговата чудесна скромност и услужлива љубезносп за Божјите работи зборуваше со достоинство и сила. За Бог; зборуваше со заносно воодушевување, со интимност и блискост, онака како што би зборувал за пријател. „Јас Го знам Бога. Он е љубезен, благ, услужлив"
Како е можно некој да се чувствува духовно сиромашен, особено тогаш кога и самиот знае дека е изменет, дека напреднал, дека дошол до знаење и разбирања, какви што пред тоа немал? Додека човек не ги придобие овие работи, тој не се смета за сиромав духовно, туку има многу високо мислење за себе си.
Кога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење.
Не треба да очекуваме духовен напредок ако не го направиме своето срце достоен сад, односно ако тоа не стане чисто живеалиште на Светиот Дух. Кога Христос ќе се зацари, во нашето срце ќе дојде мирот. Тоа е мирот што само Тој го подарува и кој никој не може да ни го одземе.
Не, христијаните треба да учествуваат во самото Воскресение Христово! Како да учестуваат? Преку тајните на Покајание и Причестување со Светото Тело и Животворната Крв на Спасителот. За време на Великиот Пост – дните на покајание, очистување и преродување – ние треба да ги обновиме нашите срца за да Му совоскреснеме на Христа. И затоа, оној којшто не учествувал во самото Христово Воскресение не ги разбира и во себе не го носи
И божествениот Макариј говориː „Како што виното оди во сите делови на телото на оној што го пие, и е виното во него и тој во виното, така и оној кој ја пие Христовата Крв – се напојува со Духот на Божеството, се разлева по целата душа, и сета душа е во него и, откако ќе се освети на тој начин, - станува достојна за Христа Господа. Зашто и апостолот говориː ,Сите сме со еден Дух напоени’ (1. Кор. 12, 13).
Старецот: „Брату, иако има многу заповеди, сепак тие се искажани во следниве малку зборови: ‘Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли, и својот ближен како себеси‘ (Лука 10, 27). Оној подвижник којшто живее според овие зборови, тој ги извршува сите Господови заповеди.
218. Оној што не се моли со внимание, тој е расеан во својата молитва, на него псалмот му е неразбирлив, како да е на друг јазик, а и тој самиот за псалмот – останува туѓ (1. Кор. 14, 17). Демоните од сето тоа си прават подбивање.
“ Што и да посакаш било да кажеш, било да направиш, било да појдеш кај некого, било да јадеш или да пиеш нешто, да легнеш, да спиеш или да направиш нешто што и да е, запрашај се дали му е тоа угодно на Бога, испитај се и најди ја причината зашто го сакаш тоа. Дури тогаш, тоа што ќе го правиш прави го пред Бога.
Оној што вистински бара да се увери дека направените гревови му се простени, тој секој ден кога не плачел го смета за загубен, макар и да направил во тој ден многу добра. Никој од оние, кои треба да плачат за своите гревови, да не ја намалува својата ревност, мамејќи се со мислата дека на смртниот час ќе добие известување за простувањето.
Знак за духовен живот е вдлабочувањето на човекот внатре во себеси и тајниот труд во неговото срце. Божјата благодат го осенува тој човек и тој отпрво е во состојба на мир, а по тој пат стигнува до небесна состојба; во мирна состојба, т.е. со чиста совест; а пак во небесното, кога неговиот ум ја созерцува во себеси благодатта на Светиот Дух, според Божјото слово: Неговото пребивање – (беше) на Сион…(Пс.75:3)
























