логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Што претставуваат соништата и виденијата, каква е разликата помеѓу нив и колку видови има?

Ќе ви одговорам со зборовите на свети Јован Лествичник, кој вели:

Сонот е движење на умот за време на не движењето на телото. А, привидувањето (лажното видение) е прелест на очите, кога умот спие. Привидувањето е исход на умот кога телото бдее. Привидувањето е видение на нешто што е без ипостас (нереално). Разликата, пак, меѓу нив е следната: 

Добрите соништа и виденија се од Бога и преку нив се открива Неговата голема волја, само на оние кои се потполно совршени и свети и кои ги извршуваат Неговите заповеди, каков што беше праведниот Јосиф, кому во сон му се покажа архангел Гаврил, заповедајќи му да бега со Младенецот и со Дева Марија во Египет. Ете, впрочем, што се соништата и виденијата. Добрите соништа доаѓаат од ангелите и нè потсетуваат на смртта и осудата, а откако ќе се разбудиме нè поттикнуваат на молитва и покајание. Но, напротив, лошите соништа и привиденија се од ѓаволите маскирани во светлосни ангели, или во светители, кои во сонот нè измамуваат дека сме добри и достојни за рајот, но откако ќе се разбудиме ’потонуваме во гордоста и радоста‘“.

Дали е Грев христијаните да веруваат во соништа и виденија?

Свети Јован Лествичник вели дека

оној што верува во соништата е налик на оној што трча по својата сенка и се обидува да ја фати“.

Исто така тој вели дека

демоните на празната слава, во соништата се пророци. Тие, како некои измамници, смислуваат идни настани и ги објавуваат однапред. Ако виденијата се исполнат, ние се восхитуваме и гордееме со мислата како да имаме дар на предвидување (пророштво). Оние кои ги слушаат ѓаволите често пати стануваат лажни пророци“.

И понатаму вели:

Ѓаволите не знаат ништо за иднината заради некакво свое предзнаење, бидејќи и лекарите можат, врз основа на симптомите, однапред да ни ја најават смртта“.

Потоа заклучува, велејќи:

Кога ќе почнеме да веруваме во соништата од ѓаволите, тие ни се потсмеваат, та дури и кога сме будни. Кој верува во соништата и привиденијата во сонот е потполно неискусен. А кој не верува во ниту едни, таквиот е мудрец“.

Значи, грев е да веруваме во соништата и виденијата, бидејќи со нив многу лесно нè измамуваат ѓаволите и нè фрлаат во ужасниот грев на гордоста и празнословието, кога човекот повеќе се надева во себе отколку во словото Божјо. Со ваква искушувачка мајсторија ѓаволот прелажува мнозина христијани и монаси, фрлајќи ги потоа во бездната на погибелта. Ако, пак, некој има недоумица во врска со својот сон или видение, веднаш треба да го исповеда на духовникот и да побара совет, бидејќи преку духовникот ни зборува Бог.

(Продолжува…)

Извор: Бигорски манастир

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1062
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…