логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кога би ја исполнувале заповедта Господова за љубов кон Бога и ближниот, тогаш не би имало ни роб, ни слободен, ни старешини ниту потчинети, ниту богати ни сиромашни, ни мали ни големи, па ни самиот ѓавол не би ни бил познат, и не само еден, и двајца да се, нека бидат и стотина и илјада, тие не би можеле да направат ништо лошо, кога би имало љубов. Тревата повеќе ќе ја издржи силата на огнот отколку што ѓаволот би го поднел огнот на љубовта. Таа е појака од камен, потврда од дијамант, во цврстината надминува сѐ…Љубовта е како вредна пчела: од секаде собира добро и го полага во душата на саканиот. Ја изменува и самата суштина на работите и ги носи со себе сите блага. Љубовта е понежна од секоја мајка, подарежлива од секоја царица, тешкото го прави полесно и удобно, добродетелта ја прави привлечна а порокот одвратен.



Евангелски љуби оној кој на саканиот му го посакува она што е корисно и добро. Љубовта прави и тој што сака и саканиот да сочинуваат не две одвоени личности, туку една, соединета; ниедна друга сила не може да го направи тоа… Оној што љуби, тој никогаш не може да мрази, па што и да се случи; во тоа е и најголемото богатство на љубовта. Ќе речеш: Што зарем не треба да се мразат непријателите, ни безверниците и припадниците на разни секти? Не, треба да го отфрламе само погрешното учење а не нив самите, да го мразиме не човекот, туку грешниот и порочен живот и расипаната волја. Човекот е Божјо дело а заблудата, пак, дело на ѓаволот. Не треба да се меша Божјото со ѓаволското. Ако почнеме да ги мразиме безверниците и незнабошците, за кратко ќе ги замразиме и грешниците, а тргнеме ли по тој пат, малку по малку ќе се одвоиме од повеќето луѓе, поточно од сите, оти нема човек без грев…А токму тоа е и работата на ѓаволот: да нѐ оттргнува еден од друг, грижејќи се упорно да ја изгони љубовта и така на човекот да му го затвори патот кон поправање. Него го држи во заблуда, а тебе во непријателство, и на тој начин и на обајцата ви го попречува патот кон спасение. Ако лекарот го мрази болниот и го избегнува, а и ако болниот се оддалечува од лекарот, тогаш како ќе може болниот да оздрави? Кажи ми, зошто се оддалечуваш од него и го избегнуваш? Затоа ли дека е безбожник? Но токму поради таа причина треба да му пристапиш и да му помогнеш да се лечи за да му се врати здравјето. Дури и тој да боледува од неизлечива болест, ти труди се да му помогнеш. И Јуда боледуваше од тешка болест но Бог не престана до крај да го лечи.

По Своето неизмерно човекољубие Господ Христос не само што нѐ избави од гревовите, туку нѐ направи сакани и мили за Него. Замислете си: некој да земе кај себе човек шугав и крастав, прекриен со рани, уништен од болест, старост, сиромаштија, глад и наеднаш да го преобрази во прекрасно момче, со убавина која плени, со блескаво лице и очи сјајни како две сонца и засекогаш да го остави во таа цветна младост, па уште и да го облече во порфир, а на главата да му стави круна и да го украси со сите царски украси – ете така Бог ја зема нашата грешна душа и ја преобразува, правејќи ја убава и мила, на која со радост гледаат ангелите и заради која ликуваат сите небески сили. Тоа Бог го прави за сите нас. А што направивме ние за Него? Затоа да се трудиме во љубовта!

 

Извор: Бигорски манастир

6-ти септември 2018 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1059
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…