логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Преподобен авва Исаија Отшелник



ЗА  ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА НОВИОТ ЧОВЕК


7.  Погледни се и ти, кој си се крстил во името Господово, такви ли се твоите дела, како оние, во кои Он се објави Себеси? Или каков ќе се јавиш во денот на Славата Негова и со каква награда ќе се овенчаш, ако го немаш венецот на победата над страстите, победени од тебе, - оние (страсти) кои веќе ги има победено твојот Цар, покажувајќи ти пример во Себе? Зашто, кога ќе се јави во слава, Он, Царот на царевите, и Господ на господарите, ќе биде јасно видлив за сите народи и славата Негова ќе биде велика, имајќи го за знамен она, на што беше пострадал за нас (Крстот); а ти ќе застанеш пред Него, без да имаш ништо, во своето тело, од плодовите на неговите страданија. Тогаш Он ќе ти речеː Не те познавам! Таму ќе ги видиш сите светии, кои умреле за Него, кои ќе го имаат Неговиот знак, - и ќе се срамиш да се појавиш пред лицето Негово. Созерцувај го животот на сите светии, и ќе видиш дека тие претрпеле зло, но никому не му вратиле зло за злоː само крвта на сите нив викала кон Богаː „Побарај сметка за нас од оние, што живеат на земјата“. – Јас, пак, кој го засакав спокојот на земниот живот, што ќе кажам во оној ден, кога ќе ги видам Пророците, Апостолите, мачениците и останатите Светии, кои, откако претрпеле навреди, долго трпејќи, не возвраќале за злото, та дури и не се гневеле; зашто знаеле, дека тоа што им се случува не е по волјата човечка, туку – е неправда на ѓаволот, кој ги тера луѓето да ја извршуваат неговата волја; бивајќи убивани, или со камења отепувани, или со оган изгорувани, или потопувани, тие не се гневеле на своите мачители, туку се молеле за нив, да им биде простено, знаејќи, кој ги тера да го прават сето тоа.




8. Испитај се, возљубен брату, самиот себеси, какви се, пак, твоите дела, - разбери ги помислите свои, - какво е она, што го имаш во себе, пред лицето на Бога. Зашто, во тој час, ништо не ќе можеш да сокриеш, не ќе може човек - нешто да каже, а нешто да сокрие; туку кога ќе се изврши воскресението, тогаш секој ќе стане облечен во своите дела, како во облека, - во гревови ли, или во правда. Овие дела ќе зборуваат, - и секој самиот ќе разбере, каде му е местото. Блажен е оној, што се подвизувал и што го слекол од себе сето она, што може да го вовлече во геената, а се облекол во она, што ќе го вознесе во Царството Божјо. Апостолот вели: Знаеме, дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш имаме од Бога дом, куќа неракотворна, вечно живеалиште на небесата (2 Коринтјани. 5,1). Времето на нашиот живот е ништожно, и ние се мамиме кога мислиме поинаку; - ненадејно ќе не стигне смртниот час, - а тогаш ќе се оскрбиме со вечен плач.




Изворː ДОМОСТРОЈ, РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО ’95 бр. 11/12

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

6-ти септември  2018 лето Господово

 

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1059
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…