Свети Серафим Саровски - Телесни болести
Телото е слуга, душата царица и затоа е милост Божја кога телото се измачува со болест, оти тогаш слабеат страстите и човекот си доаѓа на себе. И самата телесна болест се јавува понекогаш како резултат на страстите. Отфрли го гревот и болеста ќе те остави. Оти болеста настанува од гревот, како што вели Свети Василиј Велики (Слово за тоа дека Бог не е пример за зло, стр.213).


Секогаш следи ги советите на своите духовни оци, па времето на твојот живот ќе го поминеш спокојно.
Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.
Се разбира, лошото не може да се нарече добро. Но, кога го гледате тоа, не треба да ги осудувате братот или сестрата, туку да ви биде жал за нив и, кога ви е жал, да се молите од срце Господ да ги вразуми и отрезни, и да им даде сила цврсто да застанат во таквиот начин на живот, кој го бара нивната положба.
Кога ќе настапи времето на заминувањето на Иверонската икона на Мајката Божја од Атонската Гора ќе зазвонат ѕвона, храмовите ќе се поклонат во знак на збогување. Милост Божја е тоа што ова ќе се прикажува на телевизија и ќе го види цел свет. ѓаволот има 666 замки. Во времето на антихристот, луѓето спасението ќе го очекуваат од космосот.
Кога го читале Евангелието, златен дожд ги осветлил сите присутни како да се пролеал на нив, неговите капки се слевале во срцата на оние кои во тоа време се молеле на Бога и го слушале Светото Писмо. Кога се произнесувала ектенијата за огласените ,,Огласени излезете“, Свети Нифонт видел како Ангелите ги изведувале од храмот оние кои во храмот се однесувале недостојно, ги ваделе нивните души, па оистанувале само телата, мртви како трупови.
Вие сте Христови војници; војникот треба да размислува за тоа што му е потребно за војната, и да го пази во ред своето оружје, за да може да го употребува секогаш во борбата со непријателот. – Затоа гледајте дали сте подготвени, во каква состојба е вашето духовно оружјеː дали е изострено, исчистено и светнато. Имено, вие треба да ги иматеː мечот на послушноста, оклопот на верата, шлемот на спасителната надеж, штитот на смирението, лакот на добрите помисли
Колку ли големо зло е гордоста, кога за борбата против неа не е доволна силата на ангелите и на другите рамни на неа сили, туку дека за тоа е потребна силата на Самиот Бог! Исто така, треба да забележиме дека апостолот не рекол за оние кои се сврзани со другите страсти дека тие Му се противат на Бога;
Христијанинот е должен сите напори да ги вложува во поправањето на својата душа. Бог и говори на нашата душа, а не на телото. Телото е орудие на душата, со кое таа делува. Јазикот зборува, очите гледаат, рацете го прават она што душата замислува и сака. И ако душата е исправна, тогаш и надворешните дела ќе бидат исправни. Без заповедите на душата, деловите на телото не делуваат.
Придонесете да не го бараат она што им е непотребно, и земните богатства да ги ценат онолку колку што и вредат. Вниматено гледајте ги нивните постапки, нивното друштво, врски, и не очекувајте од Бога никаква милост доколку не ја исполнувате оваа должност.
А, ако имаме љубов спрема добродетелта, тогаш бива сосема спротивно на ова, зашто тогаш Господ, гледајќи ја нашата душа како жеднее за спасение и колку усрдно копнее да ги има добрите семиња во себеси, токму заради оваа нејзина искрена желба, ја исполнува со Своите дарови. “
Светителите целиот свој живот оделе кон светоста и притоа не биле безгрешни, забележа митрополитот. „Но тие постојано се каеле. Светител – е оној, кој постојано се кае пред Господа. Треба да го отвориме своето срце пред Господа, да ја пуштиме таму благодатта и да му дозволиме да нè преобрази“

Многумина ги сметаат како свети и бестрасни оние што имаат лажни добродетели и добри особености, кои ги покажуваат само надворешно, а кои се всушност исполнети со неправда, завист, пакост и со смрдеа на сластите, затоа што не им е чисто духовното око, за да можат да ги познаат по нивните плодови; а оние кои живеат во вистинска побожност, кои се украсени со добродетели и имаат чисто срце – кои се навистина свети,
Ако твојот брат, потпаднат под тешко искушение, постојано лошо говори за тебе, ти остани со љубов кон него и не дозволувај му на лошиот дух мислата твоја да ти ја помрачи. Само, доколку го благословуваш и доколку му правиш добро – ти по злото нема да појдеш и ќе се спасиш.Таков е Христовиот пат, патот на љубовта, ако по него одиш – со Него вечно ќе живееш.
























