Телесните болести потекнуваат од гревот
Сите ние, ослободени од душевните и телесните беди, живеејќи во трезвеноумие, со лесно да го поминеме патот на овој живот, а откако ќе го поминеме, во погодно време да станеме учесници и на вечниот, блажен и непропадлив живот, кој е совршено бестрасен и благопријатен, во Самиот Христос, Лекарот и Бог на нашите души и тела, Кому Му приличи секоја слава, чест и поклонение, заедно со Отецот и Светиот Дух во веки веков.


Непрестајно внимавај да не згасне во тебе духовниот живот, духовното умување. Размислувај почесто за сето она што го читаш и пееш или слушаш во црквата, или понекогаш дома. Живеј со животот на светиите, со молитвата, со нивниот ум, нивните добродетели: кротоста, смирението, незлобливоста, нештедењето себеси и одрекувањето од себеси, од својот спокој,
Но, во што се состои тогаш смртта на душата? Во напуштеноста од Бога. Исто како што во присуство на светлина не може истовремено да постои и темнина, но кога светлината ќе го напушти местото настанува темнина, којашто своето постоење не го добива од светлината, туку од она што ја попречува – од сенката. Исто така, кога Бог...
Пресветата Дева, престојувајќи во храмот... со внимание и во непрестајна божествена молитва, Таа целата Своја стана и воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ’молчание на умот‘. И предавајќи го Својот ум на ова молчание, ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја,
Ние пред малку покажавме четири вида сиромаштија, од кои се раѓа овој особен плач:во мудрувањето, во воздржувањето на телото,во световната состојба и во искушенијата, кои доаѓаат однадвор.Но,никој од вас, кога го слушате ова, да не мисли дека се тие и вистински разделени меѓу себе,зашто тие обично сите заедно ..
Спасителот наш го започнал делото на нашето спасение со пост. И сите што одат по Него на оваа основа го зајакнуваат почетокот на својот подвиг; бидејќи постот е оружје подготвено од Бога. - И кој, ако го занемари ова оружје нема да биде прекорен? - Ако постел самиот Законодавец,
Но не мисли дека тогаш си избавен од оваа рана, кога ќе се помолиш за оној што те навредил, или ќе му дадеш дарови или ќе го поканиш на трпеза, но тогаш, кога ќе слушнеш дека му се случила некаква несреќа, душевна или телесна, тогаш – ако почувствуваш мака и заплачеш за него, како за себеси.
Секој што се жали од мрзливост и од студенило во душата, треба добро да погледне во себе, да не влегла во него случајно некоја од оние помисли, што го влечат човекот надолу, наместо да го вознесат во височина. Такви мисли се секогаш оние преку кои присвојуваме нешто за себе, кога нешто си препишуваме себеси: успех во некоја работа, пофалба, забележување на недостатоците на ближниот
Што е човекот? – Сон и сенка. Ангелите, кои ја зеле неговата душа, се издигнуваат кон небото, таму каде што се началствата и властите – управителите на нечистите духовни сили. Тие се наши лоши обвинители; овде на земјава тие нѐ соблазнуваат и искушуваат, запишувајќи ги нашите лоши дела, а таму се наши мачители. Тие ја среќаваат душата на овој нејзин пат, ја набљудуваат и гревовите нејзини ги набројуваат – гревовите на
Затоа, штом на овој свет пат почувствуваш во својата душа најголеми и најсилни искушенија, знај дека тогаш твојата душа навистина таинствено навлегла во нов и повисок степен и дека благодатта нејзина е преумножена во новата состојба, во која е поставена, зашто е својствено на величината на благодатта – да ја воведува душата во соодветни големи искушенија.
Да не се создаваат (меѓу вас) групи, да нема спорови, да нема поделби во кои едните ќе поддржуваат една страна, другите друга. Тоа е погубно.
Умот ги добива страсните помисли на следните начини: преку сетивата, преку состојбата на телото и преку спомнувањето. Преку сетивата – кога врз нив дејствуваат оние работи, спрема коишто имаме страст, - тогаш тие поттикнуваат страсни помисли. Преку состојбата на телото – кога не се воздржувањето во исхраната, или кога под дејство на демоните или од некаква болест ќе се измени состојбата на телото и ќе почне да го поттикнува на страсни помисли или бунтување против Божјата промисла.
Доколку, откако ја примиле благодатта на Духот, наоѓајќи за себе си утеха во спокојот и во духовната сладост, па надевајќи се на неа, почнат да се превознесуваат, тие се предаваат на безгрижност, не го смируваат своето срце и своите мисли, па и не успевајќи да го достигнат потребниот степен на бестрасноста, не успеваат со ревност и вера да се исполнат со преизобилна благодат,
Ете, фарисејот вели дека постел двапати во неделата. Според уставот на Православната Црква, секој христијанин е должен да пости два пати секоја недела: во среда и петок. А колкумина од нас денес го почитуваат овој пост?… Фарисејот редовно оставал една десетина од стекнатото како жртва. А ние, жртвуваме ли нешто од себе за Црквата? Затоа Црквата ни вели: да се потрудиме да ги подржаваме добродетели на фарисејот.
Гордоста не ѝ дозволува на душата да зачекори по патот на верата. Еве еден совет за неверникот: нека рече – Господи, ако постоиш, просветли ме, и ќе Ти служам со сето мое срце и душа. Поради ваквата смирена мисла и подготвеноста да Му служи на Бога, Господ ќе го просветли…
Тие ќе викнат: "Наша е бидејќи е грешна." А вие повторно кажете:" Грешна, ама сепак Божја, која постојано Му се молела на земјата".. Тогаш за момент ќе бидат растерани и ќе постане светло, најсветлено. Ќе се појават свети Ангели, ќе ве земат и ќе ве однесат пред Бог на поклонение."
Разгледај ги житијата на сите апостоли: сите тие во страдања го поминаа и завршија животот. Разгледај ги житијата на мачениците: тие со крв и неброени маки си го купија за себе небото. Разгледај ги житијата на преподобните: не е ли целиот нивен живот едно долготрајно невидливо мачеништво?
























