Старец Паисиј Светогорец: „Нека бега човекот далеку од маѓепсниците и маѓиите...“
Ми кажаа за една жена дека лечи болни, користејќи различни свети нешта. Кога слушнав што прави останав вчудоневиден од техниката на ѓаволот. Држи еден крст и пее различни тропари. Пее на пример: „Богородице Дево“, и штом ќе стаса до „благословен е Плодот на твојата утроба“ плука близу до крстот, значи – се исмејува на Христа, та затоа, потоа, ѝ помага ненависникот.