логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ја самиот, јас, јас за сето време, мојот живот е тежок, јас сум навреден, јас сум заобиколен,  јас се радувам итн. Вака, веројатно, било од самиот почеток на времето, и затоа не е чудно што Христос како прв услов човекот да може некаде да тргне, да може да се извлече од тоа ропство, го наведува одрекувањето од самиот себе: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“ (Матеј 16:24).

o.dusko.jpgЕдна од главните педагошки задачи на Православната црква денес е  таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е  кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог.

Дозволувањето на децата да имаат контакт со духовната благодат е една од првите должности на секој христијанин, кој мисли на своите деца, и тоа е задача на Христијанското општество, кое се грижи за својата младина. Ова е вратата за правилно Православно Христијанско воспитување. Просветлување, покајание и радост, кои што се будат  во свеста на детето, се надворешен индикатор на фактот дека малиот христијанин чувствува топлина од божествениот извор во себеси. И дури и ако не чувствува, невидливото влијание на Божјата благодат не престанува; само ние не го гледаме,

3.angeli.so.trubaЗборовите на Црквата го искажуваат сфаќањето дека во бракот двајцата сопружници ја запазуваат својата личносност и индивидуалност и така можат да општат вистински и меѓусебно без едниот да го уништува другиот. Тоа е љубовта, не да го уништиш другиот туку да го сочуваш, како што Христос дојде и стана човек за нас, не уништувајќи нѐ, туку нудејќи ни спасение. Он го спаси нашето човечко суштествување и ни покажа како реално можеме да станеме совршени луѓе. Истото нешто се случува и во бракот. Човекот се спасува и усовршува во бракот само тогаш кога ќе научи да го љуби другиот.

3.angeli.so.trubaДа знаете, за повеќето разводи се одговорни мажите. Моралните извршители на разводот се мажите. Зошто? Затоа што мажот може да рече: „Жената ме изневери и се разведувам! Не ја сакам повеќе“, но моралниот извршител на неверството е тој, зашто не се обидува да разбере како размислува една жена и што бара од еден маж. Мажот е убеден дека е доволно да работи, да носи пари, да е чесен, сериозен, да нема други жени, да е доследен во своите должности. И особено

sv.tajna.VenchanieФакт е дека ако човек го чита Светото Писмо површно, ќе забележи една пристрасност во полза на мажите, така изгледа на прв поглед, но Светиот Апостол Павле јасно ни вели дека во Исуса Христа не постои ни машки ни женски, туку сите сме едно во Христа. Следствено, Христос ја брише таа разлика. Црквата верува и поучува за еднаквоста на половите, но како што вели Старец Пајсиј, Црквата донесе еднаквост, ама не израмни се. Таа не е булдожер кој што порамнува, туку гледа да ги запази особините на полот.

3.angeli.so.truba  Ние мора да разбереме, дека животот околу нас, колку и да не е нормален, е место каде ние го започнуваме нашиот сопствен христијански живот. Што и да правиме од нашиот живот, каква  содржина и да му даваме, тој и понатаму на себе ќе има дел од печатот на “ЈАС генерацијата“ и мораме да бидеме доволно скромни и смирени за да можеме да го согледаме тоа. Оттука почнуваме.

Dete.krst.jpg

Еден старец рече:


„Молитвата е доверба во Бога. Кога во Бога имаме целосна доверба, не е потребно ни да се молите за нешто, оти Самиот Бог ќе го земе тоа врз Себе. Мора само трпеливо да се чека плодот да созрее и да падне од дрвото. Според тоа, родители, доверете ги своите деца на Бога. Вие сте ги создале само телесно, а Бог им ја дал душата. Според тоа, Бог е обврзан и да се грижи за нив“.

Св. Старец Паисиј СветогорецКога ќе се случи да сониш нешто лошо, не размислувај за тоа што си го видел, како си го видел, дали и колку си виновен за сонот. Ѓаволот, откако не успеал да те порази додека си бил буден, те посетува ноќе. Понекогаш Бог му дозволува да нѐ искушува додека спиеме, за да ни укаже дека стариот, гревовен човек во нас сѐ уште не умрел.

crkva.raspetie.jpgНа милоста Божја и нема граници. Тоа Вие опитно и добро би требало да го знаете по себе.
Како ќе живеете понатаму; тоа е само Ваш избор. Јас не можам ниту да благословам, ниту да забранам. Во Господа, и монаштвото е спасително и чесниот брак е за пофалба. А секој човек избира сам. Но, дека и едното и другото е носење на крст – тоа е безусловно. Така, и во најсреќниот брак крстот не може да се избегне.

  o.metodij.jpgПостмодерниот омјаз на секуларизмот од крајот на вториот милениум со таков апсолутизам се промовира како Spiritus Mundi, што остава впечаток дека древниот ѕвер – дуализмот е веќе мртов и светот полека влегува во новиот еон со еден ум и една дипотрија. Идејата за лажното единство се мултиплицира на сите нивоа во животот на глобалната политеиа. Но секуларизмот е чедо на старата блудница која го опиваше умот на манихејците, богумилите и нивните браќа по прелест.

Нашиот Господ одејќи на Распетие, Му се молеше на Отецот ако може да Го одмине оваа чаша на смртта, но додаде: „Нека биде Твојата волја“. Ние се наоѓаме на истиот пат кога треба да се соочиме со болката или од трпењето на ракот, или од гледањето на љубениот кој поминува низ таа страшна болест. Резултатите од испитувањето, од анализата на крвта, компјутерскиот скен и биопсијата излегоа позитивни: „Вие имате рак“, изјави докторот. После оваа тешка вест доаѓа напорниот пат на хемотерапија и зрачење.

Мамините синови се вистински кошмар за многу жени: со сите свои проблеми тие трчаат кај своите мајки, кај нив наоѓајќи поддршка и сочувство. Нивните мајки се обидуваат да им се мешаат во брачниот живот, да го наметнуваат своето мислење. Многу од нив се толку многу заслепени од љубовта кон нивните синови, што дури завземаат страна во сите брачни конфликти, поттикнувајќи ги младите мажи да не попуштаат пред своите жени,доведувајќи ги дури и до развод.

Porfirije-zitije4dОва што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.
И тогаш старецот ме праша: „Отец Атанасиј, чедо, сега веќе сум слеп, моите очи не работаат затоа што имам рак на хипофизата, но сепак имам духовни очи и гледам.

4vek3Обраќајќи се за благослов, ние бараме да ја дознаеме Божјата волја

за самите нас во нашиот живот и за некои наши замисли.

Само кога би ја знаеле Божјата волја и би ја исполнувале,

крајниот резултат ќе биде да не грешиме пред Бога.

Ми кажаа за една жена дека лечи болни, користејќи различни свети нешта. Кога слушнав што прави останав вчудоневиден од техниката на ѓаволот. Држи еден крст и пее различни тропари. Пее на пример: „Богородице Дево“, и штом ќе стаса до „благословен е Плодот на твојата утроба“ плука близу до крстот, значи – се исмејува на Христа, та затоа, потоа, ѝ помага ненависникот.

Отсекогаш Црквата се грижела човекот да ја достигне вистинската полнота на своето постоење, трудејќи се да ги испише во неговото срце моралните начела, односно да го поттикне кон морално и духовно издигнување над паганскиот примитивизам, кој што, за жал, денес владее во светот што го опкружува. Да го поттикне, а не да го присили, што значи дека вистинската мисија на Црквата не е да врши притисок врз луѓето, ниту врз државата за таа да ги менува законите, доколку нејзините државјани не го сакаат тоа и сакаат да живеат според тие пагански начела.

Дете кое расте во семејство со насилство е многу веројатно да развие емоционална нестабилност и несигурност, страв, депресија, пост трауматски стрес, проблеми со сонот и хранењето. Насилството во семејството го исполнува со страв и тоа се одразува на неговиот целосен развој како личност.

Дали забележувате, дека полесно е да купиш икона и да ја поставиш на ѕид, отколку вистински да посветиш време за молитва пред неа. Тоа е еден вид „православното користољубие“ кое ги заменува сите овие дејства – како просење, барање, чукање и.т.н. Користољубието е дел од нашиот нормален начин на живот. Нашата култура нè има научно само да консумираме, односно да се здобиваме со предмети. Ние не ја добиваме храна, туку ја купуваме.

Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков  што би требало  да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А  ти  отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и  излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да  го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа  дека истото се случува кога  одиш на Литургија.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1477
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1836
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1642
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

« »