логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Многу често се случува, духовните болести да станат причина за телесните болести, но ретко се случува телесната болест да доведе до духовна болест. Светите Отци говорат за тоа, дека телесната болест може да послужи како орудие за исцелување на одредени болести на душата: нашето тело често е подложено на болести, за да се исцели душата, и на таков начин се умртвува гревот, за да живее правдата.

Коренот на сите болести и на секое зло во овој свет – е гревот. Болеста не се појавува сама по себе од никаде, без причина: тоа, како ние живееме, колку искрено и внимателно ги исполнуваме евангелските заповеди, зависи од нашата состојба. Во тој случај, ако ние ги занемаруваме барањата Христови во однос на моралната чистота и духовното совршенство, тогаш нашата душа сигурно ќе боледува. Болеста на душата сигурно ќе предизвика болест на телото.

Но, во исто време, физичките болести често се појавуваат како средство за испитување на нашата вера и верност кон Бога. Сеќавајќи се на ова, ние исто така, не треба да заборавиме за надмоќта на духовното здравје над телесното, и за важноста да се грижиме пред сè за душата, а  дури потоа за телото.

Во Евангелието од устата на Спасителот звучи реторичкото прашање: „каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?“ (Марко 8, 36-37). Одговорот на ова прашање е очигледен, но неговата смисла не е едноставна за разбирање на човекот, кој е заглавен во рутината на животните проблеми: „кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси“ (Марко 8, 35).

Извор: https://pravlife.org

Преземено од: http://www.pppe.mk/2018/na-koj-nachin-duhovnite-bolesti-stanuvaat-prichina-za-telesnite-bolesti/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3013
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2264
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…