логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Едно сиромашно момче си врвеше по патот. Наеднаш гледај! Паричка на патот. Ја зеде и си ја стави во џебот. Со копнеж во срцето почна да си замислува:


– Ех, да можеше оваа паричка да стане златник, ќе им купев прекрасни подароци на мама и тато.

Во истиот миг почувствува дека паричката му натежна во џебот. Ја извади и не може да си поверува на очите – во неговата дланка светкаше голем златник.

– Какво чудо! – се запрепасти момчето – прво имав едно париче, а сега цел златник! А да имав десет златници? Ќе купев крава и секој ден ќе молзев млеко и ќе ги хранев мама и тато.

И за секој случај повторно ја стави раката во џебот. А внатре уште девет златници.

– Фала Ти Боже! Колку си добар! Да можеше само овие 10 златници да ги претвориш во 100. Ќе им купев нова куќа на мама и тато, па кога ќе пораснев, ќе си донесев и невеста дома да ги чува.

Така и беше. Добриот Бог ги умножи златниците и нивниот сјај го занесе сиромашното момче. Наеднаш го обзедоа други мисли.

– Ама, што ако мама и тато не ја сакаат невестата? Може поарно да не ги носам во новата куќа. Нека си седат во старата. И поарно да не купувам крава, многу работа ќе имам, ќе треба да ја хранам, молзам… Наместо тоа ќе си купам коњ, облека и сè  друго што ми треба…

И додека тој така си размислуваше, исто така ненадејно како што и се појавија, златниците исчезнаа од пред него, а во раката на момчето остана само она мало метално париче.

 

 Извор: Бигорски манастир

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1057
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…