логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Св. Старец Паисиј Светогорец

Старче, сонувам лоши сонови, се измачувам…

Кога ќе се случи да сониш нешто лошо, не размислувај за тоа што си го видел, како си го видел, дали и колку си виновен за сонот. Ѓаволот, откако не успеал да те порази додека си бил буден, те посетува ноќе. Понекогаш Бог му дозволува да нѐ искушува додека спиеме, за да ни укаже дека стариот, гревовен човек во нас сѐ уште не умрел. Другпат, нечестивиот му се приближува на човека на сон и му внушува различни сонови за да го растревожи кога ќе се разбуди. Токму затоа човек воопшто не треба да обрнува внимание на своите сонови. Пред спиење, прекрсти се себеси и постелата, земи си крсте и икона на перница, и кажувај ја Исусовата молитва додека не заспиеш. Колку поголемо внимание им даваме на овие сонови, толку повеќе ѓаволот ќе нѐ вознемирува преку нив. Дури и на децата, иако се малечки ангелчиња, им се случува да сонуваат кошмари. Непријателот доаѓа и ги плаши на сон, и тие се будат преплашени, и се фрлаат во мајчината прегратка. Од друга страна, понекогаш ги посетуваат ангели, па тие од радост се смеат спиејќи, или пак се будат со огромна насмевка. Значи, соновите се надворешни искушенија што нашиот непријател ни ги приредува додека спиеме.

А може ли, старче, поради сонот што го сонил, некој да предвиди што ќе му се случи во иднина?

Не, не им обраќајте внимание на соништата. Без разлика дали се „добри“ или „лоши“, не треба воопшто да се обѕирате на нив, зашто е опасно, и може да се опрелестите. 95% од сите сништа се прелест. Затоа светите отци ни велат дека не треба да им обраќаме никакво внимание. Многу мал број соништа се од Бога, но и да се од Него, за човек да може да ги разбере треба да има чисто срце, но и да биде особено свет, како на пример, праведниот Јосиф или пророкот Даниил од Библијата, кои имале дар од Бога. Даниил му го раскажал и протолкувал сонот на Навуходоносор. Но, замислете ја духовната зрелост што пророкот ја имал! Бил фрлен во јама со лавови а тие, иако биле гладни, не го повредиле. Авакум му донел храна, а Даниил му рекол: „Боже, зарем си спомна за мене?“. Ако Бог не си спомнал за пророкот Даниил во лавовската јама, тогаш за кого би спомнал?

Исто така, најчесто го сонуваме она поради кое што се грижиме дење. Кога некој е загрижен, или е многу изморен, тогаш нештата што го загрижуваат или изморуваат ги гледа на сон. И мене честопати ми се случува тоа: дење се справувам со секакви луѓе и со нивните проблеми, на пример, со неправдата што ја искусиле, и ноќе сонувам како се расправам со неправедните, велејќи им: „О, безбожнику, зарем немаш чувства?!“ – и се будам од сопственото викање.

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/razgovor-so-starets-paisij-za-sonovite/ .

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1123
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1062
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…