логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

3.angeli.so.truba

УЛОГАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ВО СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ

Прашањето за спасението е главно прашање како во историјата на човештвото така и во животот на секој човек. Спасението е вистинската среќа. Сè е засновано на нашето спасение. Во оваа смисла, нашата среќа е во наши раце. Тоа се постигнува со надминување на гревот. Непосредната арена за борбата против гревот е семејството, како и сите што живеат околу нас. На околината и состојбата во нашите животи ние гледаме како на случајност и не гледаме на нашето семејство како на пат што ни го дал Бог за нашето спасение. Се чини дека на семејниот живот гледаме како на нешто што ни се случило случајно, а најважниот аспект од семејниот живот го заобиколува нашето внимание. Според Апостолот, семејството е мала црква. Тоа може особено да му помогне на човекот во постигнувањето на главната цел на животот. Во семејството, луѓето ја бараат среќата. Но, што значи среќа? Луѓето обично даваат нејасни одговори на ова прашање. Ова значи дека не го искористуваме овој подарок од Бога, кој е најсуштински.

И грешниот живот и духовно праведниот живот наоѓаат место во човекот, а нашето опкружување (околината во која се наоѓаме) е средство преку кое човекот мора да погледне внатре во себе си. Ние веќе споменавме дека гревот е разорна душевна сила. Ќе го објаснам со пример од секојдневниот живот. Да речеме дека две лица се навредиле и се повредиле еден со друг; тие не сакаат да направат отстапки и секој оди по својот сопствен пат. Ова е несреќна ситуација. Ова ни покажува дека мора да се бориме против гревот во име на нашата сопствена среќа, бидејќи гневот е несреќен дел од нашите животи. Човекот е создаден со жед за среќа и мора, и може да научи да се бори за својата среќа против несреќата, т.е. против гревот во опкружувањето што е особено близу до него. Силите на гревот и силите на светоста се наоѓаат во човекот. Во зависност од тоа како се однесуваме кон некоја личност, моќта на доброто или моќта на злото започнуваат да работат во него и во светот околу него. Секогаш ни треба средина што може да го исчисти нашиот внатрешен свет и да ни овозможи вистински да се познаеме себеси.

Околината надвор од домот, претставува можност за човечка интеракција,но не служи за оваа цел (т.е. не можеме преку неа доволно да се спознаеме себеси). Кога се среќавате со луѓе кои што не ги познавате, човекот најчесто го прикрива своето внатрешно настроение, го чува за себе и се обидува пред другите да изгледа добро. Човекот се срами од тоа што другите можат да мислат за него, се срами од јавното мислење и затоа не ја покажува неговата вистинска природа. Само во семејната средина на која сме навикнати, започнува да се пројавува изворот на злото скриено во нас. Во овој поглед, семејното опкружување е неопходна алатка за самопознавање. Не е ни чудо што ние честопати се плашиме од оваа семејна атмосфера. Бегајќи од неа,ние се интересираме за многу работи и се забавуваме на различни начини, само за да избегаме од околината што ни помага да дознаеме повеќе за нас самите.

Зошто семејството е најповолна средина за спасение? Бидејќи во семејството една личност директно ги отвора своите чувства, додека во присуство на надворешни лица го крие својот внатрешен свет. Во општеството, едно лице се контролира, го крие неспокојството, се обидува да се покаже поинаку отколку што реално се однесува. Тој ја покажува својата надворешност, а не неговиот внатрешен карактер. Но, во семејството тој не се обидува да ја скрие својата внатрешна состојба, тој ќе го покаже тоа, нема да се срами да ја покаже својата грешност со збор или со дело. И неговиот скриен грешен свет е отворен за семејството, за неговите роднини и за себе. На овој начин, во семејното опкружување, лицето кое внимава на сопственото спасение полесно може да ги осознае своите гревови и тоа што го одделува од другите. Меѓутоа, важно е дека оваа свест за внатрешниот свет на човекот мора да го наведе да се бори против гревот.

 

Автор: Архиепископ Сергиј ( Королев )

Извор: Bogonosci.bg

Превод: Симеон Стефковски

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1117
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1055
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…