логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Преку изучувањето на англискиот јазик или како дел од наставните содржини, најпрво како забава, а потоа како навика, во нашата традиција навлегоа и се одомаќинија многу туѓи и комерцијални „празници“, како „денот на вљубените“, „ноќта на вештерките“, „мартинки“ и многу други. И секоја година се крева врева околу тоа, дали треба христијаните да ги празнуваат овие празници, дали треба децата да се маскираат во школите итн. Најдобар одговор, преку своето молчење, ни дал всушност светиот Јован Шангајски, кого го нарекуваме и Битолски светител, затоа што извесно време предавал и богослужел во Битолската богословија:

На 1 ноември 1964 година Руската задгранична црква ја прославувала канонизацијата на свети Јован Кронштадски. Во навечерието руските емигранти  решиле да организираат бал, посветен на Хелоуин (Halloween), познат како ноќ на вештерките, и во соборниот храм за време на сеноќното бдение, посветено на свети Јован Кронштадски, огромен број верници, за голема жалост на светиот владика Јован, отсуствувале.


После службата светиот Јован отишол онаму, каде што сѐ уште траел балот. Се качил по скалите и влегол во салата, а присутните се зачудиле. Музиката прекратила, и светителот со потполно молчење ги изгледал занемените луѓе и почнал бавно да обиколува низ салата со патерицата во рака. Не кажал ни збор, а и немало потреба: еден поглед на светителот ја ранил совеста на сите, предизвикувајќи општа вкочанетост кај сите, постарите луѓе и познатите општествени дејци преправени во разни ѓаволски костуми буквално се валкале под масите од страв. Владиката си заминал молчешкум, а следниот ден издал одлука, според која, сите црковни служители, кои биле вечерта на балот (дури и прислужниците и чтеците), да не можат следниот ден да учествуваат во богослужението.

Одлука да не се оди на забави во навечерието од неделните и празничните денови:

„Свештените правила велат, во навечерието на празничните денови христијаните да ги поминуваат во побожност, подготвувајќи се за учество или присуство на Божествената Литургија.

Штом на ова се повикани сите православни христијани, тогаш ова уште повеќе се однесува на оние кои непосредно учествуваат во црковната служба. Нивното учество во забавите во навечерието на празниците е посебно гревовно.

Имајќи го има предвид, оние кои биле на бал или слични забави во навечерието на неделен или празничен ден, следниот ден не можат да учествуваат во хорот, да прислужуваат, да влегуваат во олтар или да застануваат на певница“.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев



Православна светлина бр. 46

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2018/10/29/shangajski-i-halloween/?fbclid=IwAR3Y9LRGhoOOvJe3ZUrgFByqGPnyebXfwsT-uQ8-PBG1vRZa8nktub7NO1U

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1057
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…