логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Имам еден роднина, кој не беше многу побожен човек, и пред две-три години ми кажа:

– Браво! Ајде сега, кога се среди веќе, време е да се ожениш! Најде работа, стана поп, учител си во училиште! Браво!

– Ама, чичо, не може. Возот веќе замина!

– Навистина?

– Да!

– О бре, дете мое, што си го направил, многу е сериозна работата!

Какви решенија давале Светиите? Некој отишол кај Свети Порфириј и го прашал за свој роднина – дали да продолжи да ги зема анти-депресивните лекарства или да престане.

Бидејќи во црквата често се слуша: „Добив сѐ, не барам ништо друго. Мене Бог од сѐ ме лекува!“ т.е., ако тој скрши нога, оди кај Бога, кога има главоболка оди кај Бога, кога има проблем со стомакот, сѐ кај Бога. Преподобен Старец Порфириј, сепак, рекол:

– Кажи му на твојот роднина да продолжи да ги зема, зашто не може да има решение без лекарствата.

Богоозарените луѓе биле урамнотежени и не оделе во крајности. Тие не велеле: „Остави ги лекарствата, оди само кај Бога!“, бидејќи и лековите Бог ги дал. Второ. Детето ми забегало. Какво решение да најдам? Викотници, караници? Обично, нашите решенија се панични. Решението донесено во тој миг, е во состојба на тревога и стрес. Резултатот покажува дека кога си под стрес, правиш сѐ погрешно. А Светиите кои биле попросветлени, не правеле толку груби грешки.

Какви и решенија да наоѓаме, од резултатите ќе видиме дали тие се соодветни или не, односно, не е битно што зборувам, туку каков е плодот. Не можам да кажувам убави зборови, а дома да има само нервози, караници, намуртени лица, да не зборуваме помеѓу себе и да велиме: „Јас во секој случај бев во право!“ За да има решение, твоето однесување треба да е добро.

Светиите давале решение за секој човек поодделно. Еден има потреба од еден лек, друг од нешто друго, трет од аспирин, четвртиот од операција, а петтиот директно од трансплантација во странство. Не е едно и исто кај сите. Треба да велиме: „Боже просветли ме каква одлука да донесам!“ За да може Он да нѐ просветли, треба да влеземе во себе, оти во длабочина на нашата душа нема нерешлив проблем. Запомнете го ова – човекот кој се моли, продирајќи си во душата ќе види состојба на потполно спокојство, каде сите проблеми се решаваат. Сите наши проблеми се надворешни. Сѐ е во периферијата на душата. Христос вели: „Не плашете се од луѓето кои надворешно ве вознемируваат и можат да ве предадат на смрт, бидејќи тие ништо не можат да ви направат. Во вас има една градина, таму каде што е Светото крштение, каде што е Светиот Дух, каде што имаме целосен спокој“.

Не знам колку пати на ден влегувате во таа градина, односно додека седите на софата, на фотелјата, на постелата, да си ги затворите очите и да бегате од стресот што умот ви го создава, бидејќи не е душата таа што предизвикува стрес, душата во своите длабини нема стрес, таму е тивко море, таму е Светиот Дух, а помислите и умот се оние што носат стрес. Умот го полудува човекот. Тие што успеале да излезат надвор од умот и ги запреле помислите, макар и на неколку секунди, се чувствуваат како да пошле на екскурзија на Хаваите, односно исклучително спокојно, та немаат никаква грижа, сѐ им е толку убаво. Како на пр., вљубениот, на кого што му велиш: „Имаме економска криза“, а тој ти одговара: „Не ме интересира! Јас сум вљубен! Кога сум со онаа што ја сакам, кризата не ме интересира! На друго место сум!“ Кога ќе го почувствуваме тоа друго место, тогаш решенијата доаѓаат полесно, зашто ќе бидеме во непосреден допир со „каналот на комуникацијата“ – со Бога, што всушност е молитвата. Не знам колку време потрошивте на молитва од утрото до сега, не знам колку се молевте на Светата Литургија на која присуствувавте, зашто можеш да одиш во храмот, но умот да не сака да се смири и пак да мисли на проблеми, да се возмутува и да биде насочен кон други нешта. Сите проблеми ќе се решат, а ако не се решат во овој живот, еднаш ќе дојде крајот и тој ќе ги реши. Сфатете го ова! Еден човек имал тешта која многу зборувала и не се наоѓало решение за тоа. Таа зборувала, зборувала, зборувала и не запирала. Кога умрела под името ѝ напишале: „Најпосле замолкна таа и таа“. Човекот си рекол: „Се најде решение!“ На некои коишто се караат и бараат решение им велам: „Бре, дете мое, помисли си, еднаш ќе дојде крајот и после ќе страдаш. Разбери, човекот со којшто се караш сега, еден ден ќе си замине од овој живот и потоа ќе си велиш: ‘Зошто не се разбравме?’ Затоа најдете некакво решение“.

Никој не може да ни помогне реално, за тоа што ние сами треба да го направиме. Другите ни помагаат, но ние треба да ја одиграме главната улога во нашиот личен живот. Секој со својата борба да најде решение. За сѐ постои некакво решение…

Извор:Бигорски манастир

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1129
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1070
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…