Митрополит Струмички Наум - Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо
Е, па, тоа е таа разлика меѓу Божјите чуда и демонските чуда. Едните се случуваат кога даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе; другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство.



Го пишувам ова во недела, на Велигден. И немам намера да пишувам нешто делнично, туку да потсетам на важноста на светите нешта во животот на човекот, без разлика дали е верник или атеист. Без мистичното и митското, без чувството дека овој свет е вечна мистерија и тајна, а не банална, решена (макар и политичка) равенка, овој живот, без разлика дали сте политичар,
Ќе има и Македонија подобри денови. Ќе има, но дури тогаш кога ќе роди повеќе вакви кротки херои што со лопата во рака ќе мислат на доброто на сите, и на оние што ги знаат, но и на оние што случајно ќе минат покрај закрпените дупки на патот. А не херои со ленти и балони полни воздух или боја ќе бидат идеал на народот.
Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој не добил поттик за духовно саморазвивање.

Да не испадне дека само едниве се желни за власт. Другиве по избориве личат на деца што поминуваат низ тунел, па од страв пеат ли пеат низ него. „Готови сте“ и „Шутка не ви бега“ ечи по штабови, па штабовите личат на автобус за екскурзија полн со деца што ја минува Демиркаписката клисура.




































