логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„Речник на човековата  душа“ e заеднички наслов на новиот  серијал колумни на Венко  Андоновски, што премиерно ги објавува „Нова Македонија“. Во нив Андоновски пишува за загубените вредности во лавиринтот  на современото живеење

 

Пред многу години напишав колумна под ист наслов. Апелирав да се спасува образованието. Ништо не се промени. На полошо отиде. Затоа, во предизборниот период, пишувам повторно. Прво од што треба да се почне е - образованието. Без него сме осудени на децении бесперспективна иднина. Како садење дрво: ако засадиш лошо дрво, ќе јадеш лоши плодови со децении. Ако засадиш добро, ќе треба да чекаш децении за да дојдат добрите плодови.

Пред некој ден бев поканет на едно неформално дружење во организација на една амбасада, да проговорам малку за македонската култура, за да им стане појасно на новите службеници на амбасадата, како и на некои европски гости - во која земја дошле. Со задоволство прифатив. Кажав нешто што редовно им го кажувам и на моите студенти: дека македонскиот дух се состои од противречности, кои ги збунуваат странците. Кажав: во 1893 година, европските весници воодушевено јавуваат дека европските госпоѓи што се возат со автомобили веќе нема да страдаат од ‘рбетни болки поради дрвените тркала - измислени се пневматици кои ги амортизираат ударите од дупките на патот. Истата таа година, важна за ‘рбетите на европските господа, во Македонија се оформува тајна револуционерна организација, за да се ослободи Македонија од османлиското ропство.


Во 1903 година, пак, браќата Рајт, во Сити Хоук, го прават својот прв авионски лет, со што се отвора ерата на авионите и стјуардесите, додека во Македонија во крв е задушено Илинденското востание. Во истата година на најтрагичниот македонски пораз, излегува книгата „За македонцките работи“ на Мисирков, во која нашиот прв лингвист запишува дефиниција на јазикот идентична со подоцнежните дефиниции на јазикот од перата на врвни европски лингвисти и комуниколози - Фердинанд де Сосир, Шенон-Вивер (нивниот модел на комуникација) и, се разбира, прочуената дефиниција на Роман Јакобсон за шесте функции на јазикот. За три од нив знае, педесетина години порано, токму нашиот Мисирков (знае за референцијалната, емотивната и апелативната функција, кај него именувани како „мислење“, „осеќање“ и „сакање“ - намера на соговорникот). Само две години подоцна од илинденското крвопролевање, а само десет години од откритието на браќата Лимиер, Јанаки Манаки ја донесува во Битола камерата „Бисокоп 300“ купена во Лондон, со што почнува развојот на македонскиот филм. Во 1913 година, со Букурешкиот мировен договор, со кој е означен крајот на Втората балканска војна, Македонија е поделена на три дела - најголемиот, Егејскиот, ѝ е подарен на Грција, Пиринскиот на Бугарија, а остатокот (Вардарскиот дел) на Србија. Истата година е оформена акчилницата „Дестан“, истата онаа што и денес е заштитен знак на Скопје и за која странците воодушевено зборуваат како за врвна ориентално-македонска културолошка придобивка од областа на гастрономијата, неспоредлива со „пластичните“ сендвичи на „Мекдоналдс“, на пример. Како е можно тоа? Каков е тој народ што постојано левитира меѓу пропаст до дно и лет до највисоки височини?

Составени од противречности. Тоа е вистината за нас. И денес не е поинаку. На пример, во образованието. Таму противречностите се веќе над нивото на апсурд, и се движат кон нивото на ГЛУПОСТ.


Никогаш не сме имале повеќе факултети, во повеќе градови и населби, никогаш не сме имале повеќе магистри и доктори на науки, никогаш повеќе дипломирани студенти, а, сепак, никогаш сме немале понеквалификуван кадар, во сите области. Едвај секој петти-десетти човек си ја знае работата. А таква глупост со метастази од факултети не си дозволуваат ни двојно побогати земји од нас. На оваа мала територија, со вкупен број на жители колку едно предградие на големите градови (Москва, Истанбул), ние не можеме да се договориме како ќе живееме и кој ќе копа, сади и жнее, кој ќе биде даскал, кој ќе вози автобус, а кој ќе управува со државата?! И во такви услови на хиперпродукција на високообразовани кадри, ние одвај заработуваме за леб и живееме на работ од контејнерот?! Затоа, во очите на збунетите странци сме повторно оние Македонци од 1893, 1903, 1905, 1913 година, години на противречности: живееме во мрак, а божем блескаме.Посебно „блескаме“ во образованието. Блескаме како црна дупка. Затоа што, слепо слушаме сè што ќе ни кажат од Запад, без да провериме што ни треба нам. Требало конкуренција и во образованието. На кој простор? Па, ние сме држава-гарсониера, сите сме роднини, едвај избегнуваме инцест при бракови и непотизам при вработување! Каква конкуренција во ум може да има тука? Од сите познати научни области не можеш еден автобус паметни и способни луѓе да наполниш, а ние упорно отвораме факултети во кои нема кој САГЛАМ да предава.
Затоа, оној што ќе победи на изборите, а ќе го добие ресорот образование, ќе мора да повлече рез. Болен хируршки рез. Стоп за безумната и бесконечна парцијализација под маската на децентрализацијата. Да се затворат аматерските универзитети во секој селски атар. Враќање, по секоја цена, на сјајот на државниот универзитет, гордоста на нашата државност. Порано се знаеше: кога доаѓаа делегации, прв стоеше претседателот, потоа премиерот, а трет човек во државата беше ректорот. Сега ректори има како клонови. Македонија не смее да биде експеримент во кој образованието ќе биде дигитронско умножување на овцата Доли. Немаме ние ни толку способен кадар, ни финансиски сили за толку универзитети. А ни недостигаат, читам по весниците, обични заварувачи. Не смееме ни да ги лажеме младите дека дипломата е нешто што секој треба да го има, како возачка дозвола, зашто потоа се полнат со гнев, мавтаат со дипломата по улиците и завршуваат како продавачи на зеленчук и овошје. Треба да си признаеме дека целосно ја утнавме работата со образованието, дека држава во која интелигенцијата и знаењето станале трговија и помодарство - нема иднина. Треба да си признаеме дека отвораме факултети само за да вработиме некој доктор или магистер што му е роднина на некој големец; произлегува дека студентите постојат за некој да биде професор, а не професорите за некој да биде студент.


Ако размислуваме и понатаму дека ни требаат нови факултети само затоа што има многу доктори на науки, тогаш треба да оформиме и фудбалски клубови во секое село каде што ќе се јави макар и еден талент за фудбал. Па, наместо да имаме еден Манчестер, Милан или Барселона, да имаме сто десеттолигаши. Нема никаква логика во тоа. Нашиот сервилен однос кон Запад, од каде што интензивно доаѓа многубројна сомнителна интелектуална стока, ќе нè уништи. Треба конечно да видиме што ни одговара нам. На штркот му стојат високи чизми, ама на шатката не. Можеби само мокасини. Затоа, чекам да видам кој јунак ќе го засече чирот на образованието. Оти само за знаењето важи: ОБРАЗ ОВА НИ Е. Тоа не е стока, тоа не е економија. Тоа е ОБРАЗ. Не е ѓон.

Извор: Нова Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…