логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Прочитав некаде дека ниедно чувство не ги прави луѓето помалку наклонети кон кршење на законите од стравот. Оттука, си поставувам прашање... Ако стравот ни помага да се одржиме во живот, зарем е живот тоа нонстоп во страв да се живее?

 

 Беше недела. Пролетен ден. Почеток на мај. Навидум обичен ден. Децата си играа низ улиците додека да ги повикаат на неделно капење за да се подготвени за понеделникот за одење на школо.

Жените пуштаа машина за перење на евтина струја. Допивајќи го пивото, мажите по неделниот ручек го гледаа неделното дерби помеѓу Хајдук и Црвена звезда.

Одеднаш прекинува програмата и еден сериозен чичко со темни очила ја соопшти тажната вест дека Другарот Тито починал во љубљанската болница. Се вгнезди во тој момент тага и болка во милиони југословенски срца.

Фудбалерите испопаѓаа по теренот како покосени, покривајќи ги своите расплакани лица. Се огласија градските сирени. Се изгасија, и за момент застанаа со работа сите машини во производството. Не дека не се очекуваше оваа смрт, полека сите одбројуваа, а сепак таква траорна атмосфера одеднаш. Веселите неделни емисии и цртаниот филм беа заменети со сериозна музика и документарци што го величаа ликот и делото на големиот Маршал. Плоштадите по големите градови спонтано се полнеа со расплакан народ. Од деца до пензионери, воени ветерани со медали на реверите, обични селани што ја оставиле работата во полето.

Во наредните денови се редеа странски делегации, домашни политичари, работници, ученици, сите да му оддадат почит на Маршалот. Иста слика кога пред неколку години видовме на ТВ многу расплакани и безнадежни лица во Северна Кореја кога почина Милиот им Лидер.

Полни плоштади, луѓе на колена облеани во солзи...Толку ли ни беше близок до срцата Стариот? Толку ли нė болеше неговата смрт? Толку ли беше сакан Корејанецот од својот народ, та толку солзи, толку лелек и болка? А и по Кастро се плачеше деновиве.

Плачевме за нив, или плачевме врз нашата неизвесност, неизвесноста на востановениот систем, недовербата во наследникот? Ќе има ли тој по него капацитет да нè води? Ќе нè обединува или ќе нè дели? Ќе ја сочува ли земјата?

Ќе им дава ли субвенции на земјоделците? Ќе намалува или ќе заменува администрација? Ќе им укажува ли чест на пензионерите? Ќе успеат ли оние што се офајдиле во негово време да останат неоткриени и неказнети?

Ќе има ли за плати? Ќе се штеди ли? А кој ќе ги враќа кредитите, ние или нашите внуци? Подобро внуците. Нам вака ни е подобро.

Кај нас веќе не се плаче. Се протестира. Се собира народ. Многумина велат за сендвич. Верувам дека не е за сендвич, туку од истиот оној погоре споменат страв од неизвесноста.

Што ако се смени власта?

Што со сите оние што трчале и владееле до сега?

Ќе добиваме субвенции?

Ќе се возиме ли бесплатно?

Ќе останеме ли на работа?

Ќе нè делат ли?

Ќе учиме ли албански?

Сиве овие прашања што мачат совест се поголем мотив за протест отколку сендвич на ладното време. Разберете ги оние што дошле да протестираат и мрзнат кога не се доволно речити да објаснат зошто се тука.

Да не испадне дека само едниве се желни за власт. Другиве по избориве личат на деца што поминуваат низ тунел, па од страв пеат ли пеат низ него. „Готови сте“ и „Шутка не ви бега“ ечи по штабови, па штабовите личат на автобус за екскурзија полн со деца што ја минува Демиркаписката клисура. Што ако не победат и овој пат? Нели од стравот од неизвесноста и кај нив ќе се појават прашања од типот:

Кога ќе дојде нашето време?

Ќе ни се одмаздуваат ли што отворено зазедовме страна?

Ќе има ли живот и леб за нас?

Нит едните ја знаат причината, а нит другите одговорот и обратно. И едните и другите го чувствуваат само стравот од неизвесноста. За загрижените политичари веќе се знае зошто се на бината и држат говори. Нив не ги мачат многу прашања. Нив ги мачи само губењето на привилегиите или стравот од одмазда.

А нас, гледајќи го сиот овој циркус деновиве, нė мачи една голема балканска дилема: дали е потешко да не освоиш власт или да ја предадеш?Отец Пимен

 

http://off.net.mk/bavchi/pimen/shto-potoa



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1124
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1065
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…