логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Секој има свои пет минути во животот. Ако му се доволни, тогаш секоја чест. Му завидувам. Мене некако малку ми се, па еве години наназад, и јас си имам свои 10 дена во годината. Ги користам на почетокот на постите.

Сум пишувал и друг пат за тие денови. Тоа се тие денови кога исклучувам телефони, мејлови, ФБ, кога чувам еден таен број за нешто неодложно, и си одам во манастирот во Ново Село. Денови кога комплетно сум off.
Манастирот му доаѓа нешто како оаза од чии ѕидини се разбиваат сите светски грижи. До душа, во поново време и тие стануваат порозни и низ нив да се протне некоја вест. Беља е што се протнуваат баш оние што не треба. Оние што ќе ти ја срушат идилата. Претпоставувате кои? Секако, оние најглупите. Глупавите се и најупорни, како што се најупорни и оние што ги измислуваат и се најупорни во нивното пласирање.

И сите тие пласирања на информации си раѓаат ликови како што и секое време си раѓа свои ликови, кои, зависно од која страна на политиката ги гледаш, се или екстремно храбри и патриотски набилдани, или се слабаци и предавници. Мислам дека не треба да се напомене дека оние што за едните се јунаци, за другите се платеници нечии, но и обратно, оние што се оцрнети како платеници се херои на друга маса луѓе.

Прашањето останува отворено, барем за мене, дали сè уште идеите и каузата раѓаат херои, или интересот и користољубивоста се новите инкубатори на јунаци?
И така, додека во манастирот одејќи постојано на богослужби се обидуваме да затнеме уши, да затвориме очи за најновите вести, додека се трудиме да не се поистоветиме со некој тазе херој, да не заземеме страна и да се молиме подеднакво за сите за да не се издигаат херои преку пролеаната крв на братот, или пак некој паднат случаен минувач да биде и паднат херој, во слободното време со бројаницата во едната, а четката во другата рака, си го фарбаме манастирскиот чардак.

Уиграната екипа, мајсторите Зоки и Аце, покрај работата, ќе скршат и некој муабет и ќе споменат некоја локална легенда, па така го спомнаа мајстор

Кротки.


Пред неколку години се упокоил, велат. Поточно трагично го загубил животот при извршувањето на својата патриотска должност. Не, не бил борец. Не бил ни шарен, ни тврдокорен. Не бил ни дежурен пишувач на статуси на ФБ или Твитер. Бил сосема обичен мајстор за лепење церади.

Кротки, покрај занаетот, имал и свое хоби. Планинарел, и тоа активно до последните години од својот живот кога ја префрлил осумдесеттата година. Организирал планинарски маршеви на многу места низ земјава. Велат дека нема домашен врв што не го освоил. Одел и по комшиските врвови на маршеви, а потоа и комшиите ги поканувал да уживаат во убавините на нашите височини. Живеел скромно. Кога ќе го прашале мајсторе, треба ли нешто, смирено ќе одговорел:
- Пиво има, сė има.
И ќе праша некој, добро, во што се разликувал овој човек од сите други, и во што се гледа тој негов патриотизам? Каде е неговото херојство?

Е па, ова старче, откако ќе завршел со дневните обврски, скоро секојдневно ќе го јавнел својот стар точак, на кој претходно ќе ја заврзел лопатата, и ќе излезел надвор од Стојаково. Возел дотаму до каде што ќе ја видел првата дупка на асфалтот. Тогаш ќе застанел, ќе се симнел од точакот, ќе ја одврзел лопатата и ќе донел земја или песок со неа за да ја санира дупката. Не возел кола, но не сакал оние што возат да ги оштетуваат своите.

Еден ден, одејќи повторно да поработи за доброто на другите, автомобил удира во неговиот точак. Кротки тука го завршува својот живот. Кротко, без да излегува по телевизиски дебати за да објаснува кој го удрил и да се удира во гради. Кротко, без да се фотографира за ФБ како фрла бои кон институции во кои се сомнева дека не си ја извршуваат како што треба својата работа. Кротко, без да влече две ленти пред Влада, една црвена и една жолта, за да оцрта граница преку која не смее да се пречекори. Кротко, без да изусти збор, нит на македонски, нит на албански.

Едноставно, заминал кротко, како што и живеел. Децата од тоа време можеби не знаат дека мајстор Кротки се викаше Томе. Верувам дека не се свесни дека живееле покрај голем патриот и херој. Сакам да верувам дека спомнувањето на овој кроток херој, барем кај некого, ќе го разбуди критериумот за херојство.
Ќе има и Македонија подобри денови. Ќе има, но дури тогаш кога ќе роди повеќе вакви кротки херои што со лопата во рака ќе мислат на доброто на сите, и на оние што ги знаат, но и на оние што случајно ќе минат покрај закрпените дупки на патот. А не херои со ленти и балони полни воздух или боја ќе бидат идеал на народот.

Ќе има кога хероите ќе мислат да го заштитат автомобилот на другиот, а не да му го запалат со молотов коктел. Ќе има кога ќе се возат на точак и ќе ги чуваат колите на другите, а не кога ќе прават патишта, од провизиите да си купат уште поубави лимузини.

Само кротко.
Ќе даде Македонија уште многу кротки херои. Можеби за некои од нив никогаш нема ни да си спомнеме. Сепак ќе постојат, и ќе нè љубат сите и ќе се трудат и борат за наше подобро и покротко утре.

 

Отец Пимен

 

Преземено од: http://off.net.mk/bavchi/pimen/samo-krotko

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1223
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1110
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…