логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



                                           Лажни пророци


“Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. И така, по нивните плодови ќе ги познаете”.  (Матеј 7, 15-20)   

Уште на почетокот змијата рече да јадат од дрвото на познавање на доброто и злото, за да им се отворат очите и станат богови како Него. Во овча кожа, милозливо, но и полукаво од другите ѕверови полски, змијата беше лажен пророк и иницијатор на сите тие случувања кои навидум различни, а за кои скоро сигурен сум дека се со сосема иста коскена срж, случувања кои до денот денешен ја одбележаа непослушноста  на човештвото. Прво, неразумноста на еден дел да се дрзне и пророкува невистина која води до соблазните и крајот со воденичкиот камен околу вратот и второ, наивноста на еден дел да дозволи слепило кон светлината од Јагнето и тргне по мрачните врвици кон адот. За среќа благодатта на Милостивиот која ги осенува најверните, го отвора умот за да им ги распознае плодовите и ако не се добри се погрижи за брзо отсекување до коренот и прочистување во огнот. Се бере ли грозје од трње, или добра мисла од змија која помешечки низ правот ја бара петата човечка?
Лажен пророк е богатството. Се сокрило во својот сјај и мами и воздишки и полусон по неговиот дофат, и желба да се поседува повеќе во еден натрупан облик отколку полезно да се даде. Ако го познаете по плодовите, ќе видите еден колеблив несреќник кој не умее да ја одреди цената на една осмина насмевка и мисли дека секогаш ќе плати неправедно многу. Се бере ли смокви од чичка, или отворена рака од богатник со истрошено срце?
Лажен пророк е похотта. Мислиш мирисот на разголена убавина е посилен од миксот на боите во виножитото, попосакуван од свежо набрана лаванда неисцедена од утринската роса сеуште, па дури повпечатлив и од парењето на лавовите чија краткотрајност е во сенката на силниот рев кој бучно ќе одзвонува како победнички екот. Ако го познаете по плодовите, ќе видите еден зависен разблудник кој не умее ниту постелата да ја нарече своја, кој му верува само на ноќта и нејзиниот мрак подобен да затскрива. Се бере ли грозје од трње, или бакнежи слатки од секому пристапни усни?
Лажен пророк е суетата. Ти ги полни градите со илузија, со нозе полесни од пердув брзо го освојуваш врвот, а веќе оттаму глетката е повеќе од розова. Те прави недофатлив, ти припишува вредност поголема од онаа на нафтата и стануваш скапа стока на пазарот на уникатности. Ако те препознаат по плодовите, ќе видат еден кутар надуенко чие јаже намерно се одврзало и тој се вивнал во небесата до судбината на Икар, сосема несвесен за постоењето на иглениот врв немилосрдно студен кога е во прашање подготвеноста да боде. Се бере ли смокви од чичка, или поглед закотвен в земја од очи кои не запознале никого друг освен автопортретот?
Лажен пророк е зависта. Те копа најдлабоко во твоите уверувања и вбризгува полно шише со отров до станицата од каде најбрзо би се распространил до секаде и се би заразил со чудење: како ближниот е посреќен? Ако го познаете по плодовите ќе видите еден зелен љубоморник чии усни се прегризани, ноќи непроспиени и душа испоцрнета. Се бере ли грозје од трње, или убав збор од немирна душа која што калкулира?
Тука се лажните пророци дојдени во овча кожа. Наликуваат на гласници на убавите чувства и исполнетост, на весел танц со незаборавни чекори и музика ни претивка, ниту прегласна за да би го дразнела слухот. Го прелажуваат човекот вознесен во лажна слава, а потоа настапува вистинската внатрешност, подем на волчјата грабливост која без милост ја раскинува душата одделувајќи ја светоста, а оставајќи ја трулежноста. За среќа, не е секој сирак во овој свет, па делото на Таткото го запре протокот на лага и подари спознание за плодовите од какво дрво потекнуваат. Доброто дрво ќе дава добри плодови кои ќе се јадат со незаситност, а лошото дрво лоши плодови заради кои ќе се пресече и запали за секогаш ...  

 

 

Meteori.Dr.jpg

 

  • SP Apostol
  • 31ти август   лето Господово 2014

  Друго:

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2017
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2036
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 485
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная