логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

07/01/2022

Кондак 1
Избирајќи ја од сите родови Пречистата ангелолика Дева, и од Неа раѓајќи се по плот Христе Боже наш; благодарност Ти принесуваат Твоите слуги, Владико. Ти пак, бидејќи имаш неискажливо милосрдие од сите беди ослободи нѐ, за да Ти повикуваме:
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Икос 1

Мноштво Ангели се собраа во Витлеем за да го видат недостижното Рождество; и гледајќи го својот Творец, во јасли кај лежи како Младенец се восхитија! Со страв благоглаголејќи, Родениот и Таа што Го роди боголепно ги почитуваа, пеејќи:
Слава на Тебе, Сине Божји, пред вековите од Отецот роден!
Слава на Тебе, со Отецот и Духот сѐ создаде!
Слава на Тебе, дојде да ги спасиш изгубените!
Слава на Тебе, се понижи до лик на слуга!
Слава на Тебе, Приведувач на заблудените!
Слава на Тебе, Спасител на оние кои погинуваат!
Слава на Тебе, ја сруши демонската тврдина!
Слава на Тебе, претходно затворениот рај повторно го отвори!
Слава на Тебе, човечкиот род неискажливо го возљуби!
Слава на Тебе, во земјената пештера Небесата ја јави!
Слава на Тебе, Дева Која Те роди, Престол херувимски ја покажа!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 2

Гледајќи го бесплотните Ангели Својот Владика, како од Чистата Дева плот прима, се ужаснаа! И еден кон друг рекоа: оваа е преславното недостижно Таинство кое нам ни се јавува: се восхитија на тоа неискажано снисходење, и со страв воспееја: Алилуја!

Икос 2
Сета разумна твар се ужаснува и благодарствено го воспева таинството на Твоето Рождество, Владико! Небесните Сили се радуваат, пеејќи:
*Слава на Бога во висините,* и земјата со луѓето се весели, ние пак непрестано повикуваме:
Слава на Тебе, во висините славениот Бог!
Слава на Тебе, создаде мир на земјата!
Слава на Тебе, преку Тебе се помиривме со Отецот!
Слава на Тебе, на земјата ни се јави!
Слава на Тебе, од Дева неискажано воплотен!
Слава на Тебе, ѕвезда засветли!
Слава на Тебе, по неа мудреците на поклонение кај Тебе дојдоа!
Слава на Тебе, дарови од нив милостиво прими!
Слава на Тебе, сета твар да Ти служи, ја научи!
Слава на Тебе, и нас да Ти пееме нѐ вразуми!
Слава на Тебе, со Тебе нѐ соедини!
Слава на Тебе, со Себе нѐ спаси!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 3

Силен во крепоста, Бог на мирот и Отец на добрината, дојде на земјата, да го спаси пропаднатиот свет: сега во Витлеем се раѓа Дете од Дева; Нејзе како Мајка и Посредничка на спасението, ја покажа на сите кои Неговото воплотување го слават пеејќи: Алилуја!

Икос 3
Ја имаме Таа која Тебе Те роди пречисто, непрестајна за нас молитвеничка: радувајќи се му пееме на Твоето Таинствено Воплотување Владико! И Рождеството од Дева благопријатно славословејќи го, повикуваме:
Слава на Тебе, Сине Божји, Сине на Дева, од Неа неискажано роден!
Слава на Тебе, бескрајно човекољубие кон нас покажа!
Слава на Тебе, нас неискажливо нѐ возљуби!
Слава на Тебе, заблудената овца ја пронајде!
Слава на Тебе, за нејзиното наоѓање се израдуваа Ангелите!
Слава на Тебе, на рамото ја зеде!
Слава на Тебе, од Отецот неразделен!
Слава на Тебе, луѓето со ангелите во едно стадо ги собра!
Слава на Тебе, светот од прелести го избави!
Слава на Тебе, голема и неискажлива милост ни јави!
Слава на Тебе, нас повеќе од сета твар нѐ возљуби!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 4
Бура на внатрешни сомнителни помисли претходно имајќи Јосиф целомудрениот, сега внатре во пештера Божествениот преславно Го виде. Уште и кога виде човек роден од Дева, разбра дека е Бог Вистинскиот: и Му се поклони радосно пеејќи: Алилуја!

Икос 4
Слушнаа пастирите Ангел како им го возвестува раѓањето на Спасителот на светот во градот Давидов: бргу стигнувајќи, го видоа Него како јагне непорочно излезен од утробата на Дева и во јасли легнат, на Родениот благочестиво Му послужија, заедно со Јосиф со страв стоејќи; раскажаа што им беше кажано, и поклонувајќи се на Родениот, рекоа:
Слава на Тебе, Божји Агнецу и Спасителе на светот!
Слава на Тебе, Сине Божји неискажливо чудо ни покажа!
Слава на Тебе, да бидеме слушатели на ангелските песни н# јави!
Слава на Тебе, со нив и нас да Те славословиме н# научи!
Слава на Тебе, Ангелите и луѓето да Ти пеат ги вразуми!
Слава на Тебе, на земјата и на небесата радост создаде!
Слава на Тебе, за Тебе небесните и земните заедно се радуваа!
Слава на Тебе, со Тебе небесното и земното се соединија!
Слава на Тебе, демонската сила немоќна ја покажа!
Слава на Тебе, од тој мачител нѐ избави!
Слава на Тебе, на Твоите верни неискажлива радост!
Слава на Тебе, на Твоите љубители неискажлива сладост!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 5
Од Бога водената ѕвезда, Христовото Рождество го предјави, кога ги водеше мудреците; и од тоа водење, Недостижниот го достигнаа и Невидливиот го видоа: радувајќи се за Него, воскликнаа: Алилуја!

Икос 5
Од царот испратените кога го видоа, во прегратка на Девините раце, Царот над царевите, како седи на Престолот херувимски, Владиката во Него го препознаа, Кој прими образ на слуга, и поитаа дарови да Му принесат:
Злато, зашто е Цар на сѐ;
Ливан, зашто е Бог;
Смирна зашто е Бесмртен;
И поклонувајќи се, пееја:
Слава на Тебе, Светлино која сѐ осветлуваш!
Слава на Тебе, ѕвездата кон Тебе нѐ повика за поклонување!
Слава на Тебе, злобата на жестокиот Ирод ја избегна!
Слава на Тебе, неговата суетна намера се покажа!
Слава на Тебе, нас од таа прелест нѐ избави!
Слава на Тебе, Тебе, Сонцето на правдата да Ти се поклонуваме нѐ научи!
Слава на Тебе, секој разум со светлина го просвети!
Слава на Тебе, со Твоето Рождество многубожните прелести ги уништи!
Слава на Тебе, ѓаволското владеење до крај го обезвредни!
Слава на Тебе, со Отецот и Духот нѐ научи Тебе да Ти се поклонуваме!
Слава на Тебе, на опрелестената змија главата ѝ ја здроби!
Слава на Тебе, од вечната смрт нѐ избави!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 6
Проповедите на богоносните кажувања за Тебе се исполнија, на земјата се јави Себеси, Спасителе, раѓајќи се во сиромашна пештера од Чиста Дева. Богат Си, но доброволно осиромаши, за да ги обогатиш луѓето кои со вера Ти пеат: Алилуја!

Икос 6
Засветли од Девица, од неискусобрачната Твоја Мајка Исусе како сонце, и ја прогони лагата на темнината: демоните Спасителе, не можејќи да ја истрпат Твојата сила сите затреперија, и пеколот, гледајќи чудо, се исплаши: ние благодарно Ти воспеваме:
Слава на Тебе, Спасителе на човекот!
Слава на Тебе, на бесовите Истребителе!
Слава на Тебе, началникот на прелеста од Твоето Рождество се исплаши!
Слава на Тебе, идолската прелест ја разруши!
Слава на Тебе, со светлината на богопознанието сите ги осветли!
Слава на Тебе, ја протера пеколната темнина!
Слава на Тебе, Камену, водата на спасение на сите ни ја изли!
Слава на Тебе, жедта Адамова и Давидова ја напои!
Слава на Тебе, како сонце, со Твоето Рождество сите ги просвети!
Слава на Тебе, со зрак на благодат вселената ја осветли!
Слава на Тебе, ветената земја ни ја покажа!
Слава на Тебе, Избавителе од народната клетва!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 7
Сакајќи од вековите скриената тајна да ни ја јавиш, од сите твари служители на таинството покажа Спасителе. Од Ангелите Гаврил, од луѓето Дева, од небесата ѕвезда, од земјата пештера, и во неа благоволи да Се родиш: затоа восхитувајќи се на Твојата неискажлива премудрост повикуваме: Алилуја!

Икос 7
Нова твар покажа, јавувајќи се во плот на сите Создателот, произлезе од бессемена утроба и сочувајќи ја, како што беше, нетлена, за Застапничка на спасението ја покажа за оние кои ѝ пеат:
Слава на Тебе, Сине Божји, Таа што Те роди за милосрдна Мајка ја покажа!
Слава на Тебе, Таа и по Рождеството Дева остана!
Слава на Тебе, го спаси Адама пропаднатиот!
Слава на Тебе, солзите на Ева ги засуши!
Слава на Тебе, доаѓајќи сите пропаднати ги спаси!
Слава на Тебе, образот на воскресението го заблеска!
Слава на Тебе, списоците на нашите гревови ги скина!
Слава на Тебе, со Себе ни покажа пример на смирение!
Слава на Тебе, заради нас осиромаши!
Слава на Тебе, со Твоето осиромашување нас нѐ збогати!
Слава на Тебе, во облека на спасение нѐ облече!
Слава на Тебе, со Твојата љубов нѐ заслади!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 8
Твоето чудно и преславно Рождество се случи, во пештера извршено, далеку од суетата на светот. На земјата се јави како смирен човек, за да ги вознесеш на Небесата, оние кои Ти воскликнуваат: Алилуја!

Икос 8
Сиот Си желба, сиот Си сладост на оние што Те љубат, и го слават Твоето Божествено слегување Христе Боже: од Дева Чиста се роди на земјата за нас да нѐ вознесиш на Небесата, пеејќи Ти:
Слава на Тебе, Сине Божји, Кој се роди на земјата!
Слава на Тебе, од Дева неискажливо воплотен!
Слава на Тебе, Себе ни се покажа!
Слава на Тебе, нас кои бевме далеку од Тебе нѐ повика!
Слава на Тебе, наша неискажлива радост!
Слава на Тебе, на нашите срца сладост!
Слава на Тебе, во Твоето Рождество светлината на спасението засветли!
Слава на Тебе, за нашето спасение солзи пролеа!
Слава на Тебе, пламенот на нашите страсти го изгасна!
Слава на Тебе, нас од скверните гревовни нѐ изми!
Слава на Тебе, престапите ги разруши!
Слава на Тебе, од распадливоста нѐ избави!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 9
Секој разум и секој ум ангелски и човечки не може да постигне Владико за да го разбере Таинството на Твоето недостижно Рождество; Владико Добар нашата вера и љубов прими ја; и спаси нѐ кои Ти пееме: Алилуја!

Икос 9
Многуглаголивите говорници како риби безгласни се за Твоето воплотување Владико, зашто не умеат да кажат како совршениот Бог, совршено на човекот Му се јави и од Неискусобрачната Дева се роди; ние Тајната не испитувајќи ја единствено со вера Те славиме повикувајќи:
Слава на Тебе, ипостасна Божја Премудрост!
Слава на Тебе, неизглаголива Радост на сите!
Слава на Тебе, на немудрите љубомудрие им јави!
Слава на Тебе, оние кои испитуваа за Тебе ги посрами!
Слава на Тебе, сите баснотворни сплетки ги растури!
Слава на Тебе, светлината на Богодоаѓањето во сѐ засветли!
Слава на Тебе, мудрост на Твоите дела излеа!
Слава на Тебе, многу умови просвети!
Слава на Тебе, патот на спасението ни го покажа!
Слава на Тебе, бескрајна бездна на милосрдие Си!
Слава на Тебе, морска ширино на добрина и човекољубие!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 10
Сакајќи да го спасиш пропаднатиот свет, Украсителе на сѐ, од Дева како Младенец се роди и во пелени во јасли беше повиен, разрешувајќи ги многуте сплетки на прегрешенија: и Божји Син Си и Син на Дева! На сите мудри им устрои да се спасат пеејќи Ти: Алилуја!

Икос 10
Карпата и столбот на злобата од богопротивникот и родот пребеззакон се открија, животот на сите го згрижи кога богоборецот ги уби; незлобивите бебиња, како незрели класја со меч беа погубени: а ние секоја злоба од нашите срца да ја отстраниме и на Оној Кој дојде да нѐ спаси прославувајќи Го да Му воскликнуваме:
Слава на Тебе, Иродовата помисла ја покажа!
Слава на Тебе, од него убиените младенци кон ангелите ги приброи!
Слава на Тебе, на злобата Истребителе!
Слава на Тебе, на смирението Наставниче и на смртните Љубителе!
Слава на Тебе, рогот на гордоста го скрши!
Слава на Тебе, со светлината на правдата сите ги осветли!
Слава на Тебе, на кротост и смирение сите ги научи!
Слава на Тебе, сите во Твоето познание ги приведе!
Слава на Тебе, Таа утроба што Те роди со Твоето Рождество ја освети!
Слава на Тебе, од пастирите чудо и од мудреците прими дарови!
Слава на Тебе, и безсловесните да Ти се покорат Тебе, ги научи!
Слава на Тебе, сета твар ја освети!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 11
Секое пеење е победено кое сака за Твоето заради нас воплотување, достојно да се принесе од оние што Те љубат: така и нам повеќе ни прилега молчание. Дури и песни рамнобројни на песокот морски да Ти принесеме, Цару Пресвет, ништо достојно не сме извршиле: затоа со страв Ти пееме: Алилуја!

Икос 11
Со Твојата незалезна светлина, на оние кои се во темнината и во сенката на смртта, Спасителе наш, излегувајќи од Дева ги засветли: просветувајќи со огнот на Твоето Божество; Тебе Премудрост, и на смисла Подателу Ти пееја, повикувајќи:
Слава на Тебе, Сине Божји, Светлино незалезна!
Слава на Тебе, Сонце на правдата, со Твоето Рождество сите ги просвети!
Слава на Тебе, многусветло просветление засветли!
Слава на Тебе, многутечна благодатна река нам ни источи!
Слава на Тебе, жедните со водата на спасението ги напојуваш!
Слава на Тебе, на оние кои Те љубат им покажа дека Твоето бреме е благо и лесно!
Слава на Тебе, од гревовната обременетост нас нѐ ослободи!
Слава на Тебе,нас од ѓаволот нѐ избави!
Слава на Тебе, со Твоето јавување на земјата сите ги возвесели!
Слава на Тебе, утешувајќи нѐ во повторнобитие н# создаде!
Слава на Тебе, за цел на нашите желби се јави!
Слава на Тебе, со Отецот нѐ помири!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 12
Благодат на сите да им подадеш и долговите човечки да ги разрешиш, дојде, Спасителе наш, со Твоето Воплотување: и нашите гревови разреши ги и гревовните ракописи раскини ги: Твоето неискажано Рождество славејќи го, непрестано Ти пееме: Алилуја!

Икос 12
Пеејќи го Твоето вочовечување, Те фалиме, благословуваме и Ти се поклонуваме, наш Спасителе; и веруваме дека Си Господ и Бог. Спаси ги сите кои на Тебе се надеваат и Твоето од Дева неискажливо Рождество Го славословуваат, пеејќи Ти:
Слава на Тебе, Сине Божји, во висините со Отецот и Духот сопоклонуван!
Слава на Тебе, од сите колена небесни и земни славен!
Слава на Тебе, скриеното од векови Таинство Го откри!
Слава на Тебе, Твојата кон нас неискажана љубов ја јави!
Слава на Тебе, на сите твари Украсителе!
Слава на Тебе, наш семилостив Спасителе!
Слава на Тебе, жезалот на благочесните цареви на земјата го утврди!
Слава на Тебе, благочестивите светители и премудрите ереи со убавина ги украси!
Слава на Тебе, на Црквата основање и утврдување!
Слава на Тебе, на сите верни спасение и украсување!
Слава на Тебе, на нашите тела Лекаре и Исцелителе!
Слава на Тебе, на нашите души Украсителе и Спасителе!
Исусе, Сине Божји, Кој се воплоти заради нас, слава на Тебе!

Кондак 13
О, Пресладок и Седобар Исусе, наш Спасителе, Творецу и Владико! Прими го сега оваа мало наше молебно благодарење и славословие, како што си примил од мудреците поклонение и дарови. Сочувај н# нас Твоите слуги од секакви напади: дарувај ни простување на гревовите; и од вечните маки избави ги оние кои верно го слават Твоето, од Чистата Дева, Рождество и Ти воскликнуваат: Алилуја!

(Овој кондак се чита трипати, а потоа пак се чита Икос 1и Кондак 1).

Тропар, глас 4 ( на предпразнество)
Подготви се Вителееме, очисти сѐ Едеме, разубави се Ефрате, зашто дрвото на животот процвета од Дева: во Таа утроба се јави рај, во нејзиниот Божествен сад, од него јадејќи живи да бидеме, а не како Адам да умреме, Христос се раѓа, претходно паднатиот образ да го подигне.

Тропар, глас 4 (предпрз. на повечерие)
Напишано беше некогаш дека со старецот Јосиф, Марија од семето Давидово, во Витлеем ќе го носи во утробата бессеменото Раѓање. Дојде времето за Рождество и место за престојување немаше, но, како прекрасна палата, пештерата Царицата ја покажа, Христос се раѓа, претходно паднатиот образ да го подигне.

Тропар, глас 4*
Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го осветли светот со светлината на разумот; во неа пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеа Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,Господи слава на Тебе.

Кондак, глас 3*
Денес Дева го раѓа Оној што постоел од секогаш и земјата на Недостапниот пештера Му принесува. Ангелите со пастирите го прославуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат; зашто заради нас се роди ,Дете младо, Превечниот Бог.

Величание
Те величаме Животодавче, Христе, Кој заради нас во плот се роди од Неневесната и Пречиста Дева Марија.

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Превод: сестринството на Слепченскиот Манастир

 

 Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/akatist-na-rozdestvo-hristovo-bozik/

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2871
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2683
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…