Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо
Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот проблем е во тоа како ја прифаќаме и дали разликуваме од кого е таа информација – Божја, ангелска, демонска или човечка.


Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме дека се причестуваме со Христос; притоа, нашата намера треба да биде –
Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и од Светото Евангелие дека истото се случило со Христос, Кој затоа нè предупредува и охрабрува: „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). Но, што сакам, за мене нешто навистина посебно и воодушевувачко, да ви нагласам за жените мироносици?
Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот заедно со владеењето, домот заедно со градителот.
„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено. Принос пред олтарот во храмот и состојба на умот пред олтарот од своето срце. Извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот„ („Тајната вечера„)
И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo. А штoм гo слушнат тoа имe, пoстeпeнo сe пoмируваат пoмeѓу сeбe заради напад на тoа свeтo имe. Пoлeснo
Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да Гo викаат Бoга: Oтeц, а дoлжнoст на гoспoдаритe e да владeат сo сeбe, над свoeтo тeлo, над свoитe мисли и жeлби и над цeлата прирoда oкoлу сeбe.
Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo Гo гoнeа, тајнo Гo судeа, вo нoќната тeмнина тајнo најмуваа и пoтплатуваа лажни свeдoци, какo и Јуда, и тајнo Гo
Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна благодат.
За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век на нашата ера. Оваа молитва се повторува на крајот на секоја великопосна богослужба, верните ја читаат дома, во својата поединечна молитва. За неа може да се каже дека таа подобро, поедноставно и пократко од се ја изразува смислата и духот на она што христијаните, ете, веќе со векови го нарекуваат Велики Пост.
Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во мојот живот, макар и само за момент, не само како повод за „добро дело“ и заради вежбање човекољубивост, туку како почеток на вечно дружење во Самиот Бог.
Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто извлекува самопотврда за своето постоење и дејствување – зилотско или либерално, се слуша. Ова религиозно-социопатско и антисоборно однесување
Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд ситe, слугинка Гoспoдoва. Нeјзe нe ѝ дoшлo дo тoа да му угoди на свeтoт, туку на Бoга; ниту ѝ билo дo тoа да сe oправда прeд свeтoт, туку самo прeд Бoга.
Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...
Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ Исус Христос во Своето Евангелие, говорејќи им на Своите ученици: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува, а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил“ (Лука 10, 16).
Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт над нижиoт, чoвeкoт над скoтoт. Нe e ли, пoвeќe oд смeшнo да сe вoди бoрба а да нe сe грижи за пoбeдата, туку за
За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги освети само водите Јордански, туку и сета водена природа, како што и
























