логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Тример (06.03.2022 17:18)

TViTer100.A

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна благодат.

Знаеме дека овој период на посебна радост е Божји дар во кој целиот наш подвиг полесно го доживуваме. Полесно постиме, полесно се молиме, полесно простуваме, полесно ја живееме тајната на севкупното покајание. Гледате ли каква антиномија е тоа – тешко, а лесно?

Кога некој би побарал од мене со еден збор да го опишам овој период, а посебно првите три дена, јас би го употребил за таа цел зборот ’слобода‘. Тоа е чувството што ме прозема и што го доживувам секој пат на почетокот од светата Четириесетница. А, без слобода нема ни личност ни личносни односи. Без слобода нема ни љубов.

            Сепак, најнапред треба да се ослободиме од робувањето на нашите страсти, односно да се ослободиме од робувањето на гревот, смртта и ѓаволот. Ова сите го знаеме. Но, видете го овој предвкус на слободата којшто ни го дарува Бог во првите три дена. Видете ја оваа радост. Повеќето од нас ниту нешто јадеме ниту нешто пиеме. Кога светот ќе слушне за ова, просто не верува дека е ова возможно.

Но, дали е сè во нејадењето и во непиењето? Нормално не е. Постот е, пред сè, во смирението – како нашиот ум од горд, расеан и затемнет да го преобразиме во смирен, собран и просветлен.

Сите што имаме опит од ’тримерот‘, знаеме дека колку повеќе од времето поминуваме во исполнување на послушанието дадено од нашиот духовен отец и колку повеќе од времето поминуваме во молитва и читање на Светите отци, толку полесно и порадосно ги поднесуваме гладот и жедта. И обратно, колку повеќе сме расеани и зафатени со обврските од овој свет, толку потешко ни паѓа телесниот пост.

            Оние, пак, што се вратиле во домот на својот Небесен Отец, односно оние кои молитвено влегле во своето срце, можат да ви посведочат дека ниту жед ниту глад чувствуваат, и не само во тие три дена туку многу повеќе. Богочовекот Христос вели: „Не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бог“ (Матеј 4, 4). Тоа значи дека вистинскиот живот на човекот произлегува од благодатта Божја.

Божјата благодат била главното јадење и пиење, и облека на Отците од пустината, на чии неверојатни подвизи се восхитуваме. Ги имаме примерите во житијата на Светите отци. Во нашите денови го имаме примерот на преподобниот Отец Гаврил, епископот Велички. Но, пред сè, го имаме примерот на нашиот Господ Богочовекот Исус Христос, Кој четириесет дена ништо не јадеше во пустината (види: Лука 4, 2; Матеј 4, 2).

            Значи, деца, послушанието и молитвата, посебно за нас монасите, се единствената основа на која се крепи нашиот подвиг на постот како севкупно ослободување од страстите (и од славољубието и од среброљубието), а не само како ослободување од телесните страсти (од сластољубието). Тоа е одликата на вистинскиот пост. Инаку, сè друго мириса на суета и демонска гордост.

Затоа кога учениците Го молеа да јаде, Христос им одговори: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете“. А кога учениците зборуваа меѓу себе: „Да не Му донел некој јадење?“, Исус им ја открива тајната: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме прати и да го извршам Неговото дело“ (Јован 4, 32–34). Тоа е и Христовата и нашата вистинска храна.

А Божјото, односно Христовото дело е спасението на човекот и светот, кое Тој го извршува и го извршил во и преку Своето Тело – Црквата, преку нас, христијаните. Затоа најголемиот израз на синергија (содејство) со Бог како и на креативноста на секој христијанин се состои во посовршено исполнување на Божјата волја и во посовршена молитва за сите луѓе. Во тоа се состои и соборната димензија на христијанскиот живот и, посебно, на подвигот на постот.

            Гледате, од сето ова погоре кажано, колку подвигот на ’тримерот‘ личи и одговара на моментот кога пред Светото Крштение се одрекуваме од сатаната и од сите негови мисли, зборови и дела, од сета негова гордост и од сите негови помошни сили.

Гледате ли колку подвигот на ’тримерот‘ го објаснува монашкото одрекување од светот како смрт за овој свет, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва?

Гледате ли колку периодот на ’тримерот‘ е и икона на Царството Небесно, каде што Богочовекот Христос на сите им е сè, па дури и вистинско јадење и пиење?

Затоа, подвигот на ’тримерот‘ значи и возобновување на заветите што сме ги дале при Светото Крштение, значи и возобновување на монашките завети и подвиг, и значи возобновување на надежта за Царството Небесно внатре во нас.

Истото важи и за ’вториот тример‘, за периодот од Великиот Четврток до крајот на Великата Сабота.

И да не заборавиме, се воздржуваме за да одделиме од нашите усти за оние што немаат. Пост без милост е ништо; а може да биде и демонска работа. Бог бара милост, а не жртва. Поточно, жртва заради правење милост.

            Христос воскресе!

Митрополит Струмички Наум

 

 
    
    

 
      Тример

 Деца, влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со „тримерот“. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е пред сè период на посебна благодат. Знаеме дека овој период на радост е Божји дар во кој целиот наш подвиг полесно го доживуваме. Полесно постиме, полесно се молиме, полесно простуваме, полесно ја живееме тајната на севкупното покајание. Кога некој би побарал од мене со еден збор да го опишам овој период, а посебно првите три дена, јас би го употребил за таа цел зборот „слобода“. Тоа е чувството што ме прозема и што го доживувам секој пат на почетокот од светата Четириесетница. Без слобода нема ни личност, ни личносни односи. Без слобода нема ни љубов.

Најнапред треба да се ослободиме од ропството на нашите страсти, односно да се ослободиме од ропството на гревот, смртта и ѓаволот. Ова сите го знаеме. Но видете го овој предвкус на слободата што ни го дарува Бог во првите три дена. Видете ја оваа радост. Повеќето од нас ниту нешто јадеме, ниту нешто пиеме. Кога светот ќе слушне за ова, просто не верува дека е ова возможно. Но дали е сè во нејадењето и во непиењето? Нормално не е. Постот е пред сè во смирението – како нашиот ум од горд, расеан и затемнет да го преобразиме во смирен, собран и просветлен. Сите што имаме опит од „тримерот“ знаеме дека колку повеќе од времето поминуваме во исполнување на послушанието од нашиот духовен отец и колку повеќе од времето поминуваме во молитва и читање на светите Отци, толку полесно и порадосно ги поднесуваме гладот и жедта. И обратно, колку повеќе сме расеани и зафатени со обврските од овој свет, толку потешко ни паѓа телесниот пост.

 Оние пак што се вратиле во домот на својот Небесен Отец, односно оние кои молитвено влегле во своето срце, можат да ви посведочат дека ниту жед ниту глад чувствуваат, и не само во тие три дена туку многу повеќе. Богочовекот Христос вели: „Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4, 4). Тоа значи дека вистинскиот живот на човекот произлегува од благодатта Божја. Благодатта Божја била главното јадење и пиење и облека на Отците од пустината на чии неверојатни подвизи се восхитуваме. Ги имаме примерите во житијата на светите Отци. Во нашите денови, го имаме примерот на преподобниот Отец Гаврил, Епископот Велички. Но, пред сè го имаме примерот на нашиот Господ Богочовекот Исус Христос, Кој четириесет дена ништо не јадеше во пустината (види Лука 4, 2; Матеј 4, 2).

Значи, деца, послушанието и молитвата, посебно за нас монасите, се единствена основа на која се крепи нашиот подвиг на постот како севкупно ослободување од страстите (и од славољубието и од среброљубието), а не само како ослободување од телесните страсти (од сластољубието). Тоа е одликата на вистинскиот пост. Инаку сè друго мириса на суета и демонска гордост. Затоа кога учениците Го молеа да јаде, Христос им одговори: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете“. А кога учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не Му донел некој јадење?“, Исус им ја открива тајната: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го извршам Неговото дело“ (Јован 4, 32-34). Тоа е и Христовата и нашата вистинска храна. А Божјото, односно Христовото дело е спасението на човекот и светот, кое Тој го извршува и го извршил во и преку Своето Тело – Црквата, преку нас христијаните. Затоа најголемиот израз на синергија (содејство) со Бог како и на креативноста на секој христијанин се состои во посовршено исполнување на Божјата волја и во посовршена молитва за сите луѓе. Во тоа се состои и соборната димензија на христијанскиот живот и посебно, на подвигот на постот.

Гледате, деца, од сето ова погоре кажано, колку подвигот на „тримерот“ личи и одговара на моментот кога пред светото Крштение се одрекуваме од сатаната и од сите негови мисли, зборови и дела, од сета негова гордост и од сите негови помошни сили. Гледате ли колку подвигот на „тримерот“ го објаснува монашкото одрекување од светот како смрт за овој свет, до добивањето на дарот на умносрдечната молитва. Гледате ли колку периодот на „тримерот“ е и икона на Царството Небесно каде што Богочовекот Христос на сите им е сè, па дури и вистинско јадење и пиење. Затоа, деца, подвигот на „тримерот“ значи и возобновување на заветите што сме ги дале при светото Крштение, значи и возобновување на монашките завети и подвиг и значи возобновување на надежта на Царството Небесно внатре во нас. Истото важи и за „вториот тример“, за периодот од Великиот Четврток до крајот на Великата Сабота. Христос воскресе!



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3108
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2943
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…