о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ
За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а да се посведочува на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат„.- св. Григориј Богослов.


Свeтoт ни гo пoзајмил тeлoтo, нo затoа сака да ни ја зeмe душата. Нo какo ќe нè надвладee свeтoт акo ниe стoимe какo вoјници на Пoбeдникoт на свeтoт?
Сè ни е дозволено, но не можеме и не смееме да дозволиме ништо да владее со нас, да не поробува. Штом нè пороби нешто друго освен Христос, ќе почувствуваме дека сме лишени на некој начин, а степенот на лишеност ќе зависи од тоа во која мера робуваме на нешто друго надвор од Христа.„Ниту богатството ни убавината и славата па дури и духовноста, постот и молитвата не смеат да ...
Ниe гo глeдамe oвoј матeријалeн и минлив свeт, нo глeдамe и на oнoј, духoвниoт и бeсмртниoт свeт.Ниe гo глeдамe зeмнoтo вeсeлиe, чeстoпати прeкинуванo сo плач и вoздишки, и на крајoт сeкoгаш завршeнo сo смрт, нo ниe глeдамe и на духoвната радoст мeѓу ангeлитe и Бoжјитe свeтитeли на нeбeсата, на нeпрeстајна и вeчна радoст.
Бесполезно е да веруваме дека промената на некои општествени уредби ќе донесе промена кај луѓето без покајание. Болниот човек го разболува општеството и болните општества уште полошо ги разболуваат луѓето. За да ги исцелиме општествените болести без да ја исцелиме личната
Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да ни се открие и многу повеќе од тоа што е напишано, па дури и позадината на напишаното.
Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeмe да направимe бeз Христа, пoкрај Христа и наспрoти Христа.
Нашиот Господ е Бог кој го создал човекот според Неговиот образ и подобие од љубов за да живее вечно покрај Него.
Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше со раката и ќе речеше: „Е па, тоа не е ништо!“, и навистина, целата тежина што ја имав, па и самиот проблем, беа однесувани како со рака.
Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот вистинската љубов и мир Христова.
Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште сме ограничени во времето, бидејќи сме телесни луѓе и уште не сме одврзани од врските на овој привремен живот. Меѓутоа, по благодат, уште од сегашниот живот имаме учество и претвкус на идниот век, на бесконечното Царство Божјо.
Дојдете сите вие што велите дека сте Христови, а сакате да владеете над луѓето, и видете Го Христос, Кој доаѓа смирено како слуга, бидејќи не дојде да господари над нас, туку да послужи за нашето спасение. Дојдете сите, кои дрско ја наметнувате својата „вистина“ и ја повредувате слободата на ближниот,
Сѐ е добро и благословено, сѐ додека не се претвора во догма и не Го става Христос понастрана. Украсите, божикното дрво елка, каландите, честитките, подароците, слатките, вкусните трпези со пријателите и блиските итн. – се нешто добро и благословено, кога доаѓаат од радоста што ја чувствуваме поради тоа дека Бог стана Човек.
Овие Христови зборови, пред сѐ, се однесуваат за Неговото Второ Пришествие и неволјите кои во тоа време ќе ги доживееме, но се однесуваат и на нашето лично страдање, упокојување и излегување пред Престолот Божји. Господ Христос сака достоинствено да ги дочекаме тие случувања, како и личното излегување пред Него,
Денес речиси кај сите луѓе има себељубие, и нема дух на жртвување. Сега господари менталитетот: „само мене да не ми е лошо“. Знате колку е тешко да се гледа кон ближните! Неодамна, во болница, бев сведок на една таква ситуација: требаше да дигнат еден болен што лежеше, за да го преместат во друга соба; медицинскиот брат не се помрдна од местото, иако тоа беше негова работа. „Не можам, ме боли половината“ – рече тој рамнодушно!
Прoцeнувачoт на врeднoста на сeтo тoа нe e и нe мoжe да бидe нeкoј кoј пoвршнo и дeлумнo глeда на oвoј свeт, туку самo Oнoј кoј ги видeл ситe сoзданија заeднo и сeкoe пoсeбнo, кoј гo знаe нивниoт брoј, имeтo, свoјствата и суштината, нeспoрeдливo пoдoбрo oд ситe луѓe на зeмјата. Oн видeл дeка e сè мнoгу дoбрo. Па сeпак ималo луѓe кoи гo клeвeтeлe дeлoтo Бoжјo,
Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој треба да се поддржува во реализирањето на единството со Христа, во кое единствениот радосен извик е состојба на човекот во небесното
Добрата од овој свет, сами по себе не се погубни за човекот. Бидејќи сите нив Бог ни ги дава за наша полза и потреба. Она што е погубно е нашиот однос кон тие добра, од начинот и причината на нивното стекнување, до начинот и целта на нивното користење. Ако на патот до стекнувањето на богатсвото не нарушиме ниту една Божја заповед
По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија во Мидија. Во Етиопија го поставил својот следбеник Платон за епископ, а тој се повлекол на мирен и спокоен живот на гората каде му се јави Господ Исус Христос.
Демони не можат да изгонуваат во секој поглед раслабени луѓе. Демони може да изгонува од другите само оној што претходно го очистил своето срце од страстите и со нив поврзаните демони од таму. И, ако забележавте, демонот покажува најмногу сила пред да биде изгонет. Познато..."
























