логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Толкување на Митрополитот Струмички г. Наум на случувањето со бесомачните што како беседа го изговори во храмот на Светата Литургија после читањето на Евангелието како и на некои други евангелски четива од претходните денови на синаксис (собир) со сестрите од манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса:

Бесомачните што Христос ги исцели побараа да одат по Него, а месните жители останаа без Него, затоа што не Го примија и побараа да си оди од нивниот крај. Ова евангелско четиво покажува дека бесомачните можат полесно да бидат исцелени бидејќи тие потполно обземени од демонот остануваат без можност слободно да одлучуваат за своето спасение, а оние што се свесни и словесни многу потешко, оти тие според слободната волја, која Бог не ја нарушува, ако останат робови на страстите, остануваат неисцелени. Слободната волја е како меч со две острици, бидејќи можеме да ја исползуваме да го достигнеме подобието Божјо, а можеме и да отпаднеме од Бога. А, Бог ја почитува нашата слобода, зашто ако се наруши слободата се нарушува и ликот според кој сме создадени.
 
Значи, зошто не Го примаме Христа? Заради задоволување на нашите страсти, кои ни се поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гергесинска ни покажува дека ним им беа поважни свињите, заради страста на среброљубие и сластољубие, отколку Христос. А овие страсти се оние што Отците ги нарекуваат погруби и преку кои демонот најнапред напаѓа. Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е гордоста или високото мислење за самите себе или суетата, преку која демонот најнакрај напаѓа и која е последна на ред да се очисти пред да се премине од еден степен на духовен раст на друг? Само заради славољубието и високото мислење за самите себе нашето срце останува затворено за умносрдечната молитва, а умот непросветлен.
 
Според преданието на светите Отци, демонот го зазема центарот на нашето срце пред Крштението. Но, кога човекот на Крштението ја прима благодатта Божја во центарот на срцето, тогаш демонот се изгонува надвор од центарот и се сместува во околината на срцето. Сè додека е срцето заробено од страстите и се додека доволно не се очисти, односно додека човекот не дојде до вториот степен од духовниот раст – просветленост, демонот останува во околината на нашето срце. Значи, додека е човекот на првиот степен и додека неговото срце е заробено од страстите, а умот не го познава местото на срцето и нема умносрдечна молитва, нема потреба демонот да го напаѓа однадвор. Сосема е доволно да го нападне однатре, преку помислите. И ако човек ги прифати, тие се доволни за пад и валкање на срцето. На пример, може некој да ни пречи со самата своја појава, со начинот на кој оди, јаде, зборува..., а притоа реално ништо да не ни направил. Очигледно дека проблем имаме ние и дека проблемот е внатре во нас. Ние преку своите страсти го гледаме светот околу нас, а демонот е тој што се обидува да ги преувеличи и толкува случувањата. Дури некој и да направи нешто што мислиме дека не загрозува или повредува, тоа е за нас добро зашто не освестува дека немаме љубов и смирение тоа да го покриеме. Оти нам Христос ни е критериум, а не некоја човечка правда. Што значи тоа, Христос да ни е критериум? Тоа се случува секогаш кога при секое искушение ние не испитуваме кој, колку и зошто ни згрешил туку дали нашите мисли, чувства и молитва во тој момент се подобни на Христовите додека бил на Крстот или не се. Нашата задача е при секое такво искушение да го бараме проблемот внатре во нас, односно да видиме колку во нас има суета, омраза, гнев, нетрпеливост и слично. Всушност, Господ затоа и допушта да бидеме искушани за да видиме што имаме внатре во нашето срце и од што треба да се ослободиме. Притоа секогаш треба да знаеме дека Господ никогаш нема да дозволи да бидеме искушани преку нашите сили. Секогаш кога ќе се обидеме проблемот да го лоцираме и да го бараме надвор од нас, да знаеме дека сме на погрешен пат.

Додека сме на првиот степен од духовниот развој не смееме ниту да помислиме дека проблемот може да биде надвор од нас. На вториот степен може условно да се каже дека проблемот е од надвор,  затоа што демонот не напаѓа однадвор, преку луѓе, но бидејќи неговата цел е со силен и конкретен напад да го разбуди недопреобразениот дел на страстите треба и тогаш да сме свесни дека проблемот е сепак внатре во нас. Всушност, ниту една позиција (дури и третиот степен) не ни дава безбедност и право да мислиме дека проблемот е надвор од нас. Освен, нели, ако некој не си помисли дека го достигнал Христовото совршенство. Значи и на вториот степен од духовниот раст (просветленост) кога ќе се случи дури и некои луѓе, на коишто ништо зло не сме им направиле и кои не нè ни сретнале или виделе во својот живот, а пројавуваат големо непријателство кон нас, и тогаш треба проблемот да го бараме внатре во нас. Ние и во тој случај не треба да бараме човечка правда и должни сме да ги љубиме имајќи Го Христос како единствен критериум на нашето однесување, ако сакаме да го очистиме нашето срце. Треба да знаеме дека сè се случува според правилата на духовниот закон. Најпрвин демонот нè напаѓа преку погрубите страсти – сластољубие, среброљубие, а на крај преку најсуптилната – славољубието. Демонот се бори секогаш да си ги поврати своите загубени позиции па дури и да се врати во центарот на нашето срце.

 

На секој степен од духовниот раст му одговара и чинот на свештенството. Ако некој има свештенички чин којшто не одговара на степенот од неговиот духовен раст и ако покрај тоа воопшто не живее во подвиг и послушание, ја губи и онаа молитва што ја има. Ако тој со својот ум не излегува пред престолот Божји во своето срце, што ако со телото стои пред престолот Божји во храмот? И оној кој има дури и епископски чин, треба да живее во подвиг на внатрешно послушание, односно умот да го потчини на друг ум, на умот од својот старец, ако за својот надворешен чин нема внатрешно духовно покритие, односно барем просветленост на умот и умносрдечна молитва. Инаку, многу ќе пострада додека не ја научи лекцијата. Очистувањето од главната страст на гордоста се базира на послушанието. Во спротивно, се случува човек да напредува во чинови, а назадува во духовниот живот. Како последица на ова се случуваат разни поделби и расколи во Црквата.
 
Христос вели: „Дојдов да ги повикам грешните на покајание, а не праведните“; и: „Здравите немаат потреба од лекар, но болните“. Оној што не мисли за себе дека е болен и грешен нема ништо со Христос. Но, бидејќи Христос не љуби, допушта да паднеме во грев и реално, па дури и да се разболиме телесно, за да сфатиме дека сме грешни и болни и како такви да Го побараме.
 
Во врска со борбата против демонот треба да знаеме дека демонот не напаѓа со својот ум. Неговиот ум против нашиот ум. Ако ние во умот го прифатиме она што тој ни го предлага, односно ако се согласиме со неговата мисла, ја губиме благодатта и се затемнуваме. Значи, благодатта ја губиме не кога демонот не напаѓа со некаква си своја енергија туку тогаш кога ние го прифаќаме со нашата слободна волја она што тој ни го предлага. Треба да знаеме и дека демонот не знае што ние мислиме понатаму и што се случува внатре во нас. Но тој, бидејќи е стар борец знае од искуство и заклучува според нашето надворешно однесување. Значи, ние не смееме надворешно со ништо да покажеме што се случува внатре во нас при некое искушение. Треба да се смириме и да кажеме „фала Ти Господи за се, страдам заради моите гревови и мојата нечистотија – нека е благословено Името Господово“, а потоа да ја кажуваме Исусовата молитва. Ако ја кажуваме собрано, за кратко време стануваме како огин. Исто како рингла од шпорет која откако ќе ја вклучиме во струја никој повеќе не може да ја допре без да се изгори. Тогаш демонот и да се обиде да ни пристапи брзо ќе се повлече бидејќи молитвата го гори. Но, треба да имаме и правилен став во молитвата. Тоа е кога молитвата ја доживуваме како наше давање и кога ја кажуваме од љубов спрема Господ и од желба да бидеме со Него. Тогаш таквата молитва е попостојана и демонот тогаш тешко може да ни пријде. А, ако молитвата ја кажуваме со став на барање, односно само како борба против демонот тогаш таа брзо може да се прекине.
Нашите внатрешни борби не треба да ги кажуваме никому освен на оној што ни е одреден за тоа (духовниот отец), инаку демонот ќе дојде до потребните информации. На тој начин се исклучува градење на паралелни односи (почеток на секое зло), ширење страв од демонот, се оневозможува неговото влијание и се спречуваат многу други работи врзани со ова. Но и не треба да се плашиме од демонот. Тој, според светите Отци, после Христовото Воскресение за нас е опасен само колку играчка во рацете на мали деца. Треба да се плашиме од неправилно водење на војната. Тоа е причината за нашите изгубени битки...
Се што ни пречи од надвор треба да го опфатиме во нашата молитва и тогаш ќе го почувствуваме како дел од нас и ќе престане да ни пречи.
Кога знаеме дека сме острастени, затемнети и под големо внатрешно влијание на демонот, зошто проблемот го бараме надвор од нас? Зошто секогаш се самооправдуваме, а другите ни се криви за сè? Штом го лоцираме проблемот надвор од нас, ние сме надвор од Патот, надвор од Христос, надвор од Евангелието Христово, надвор од Духот Христов, надвор од своето срце... Го оставаме тесниот пат и трчаме по широкиот. Самооправдувањето, а осудувањето на другиот се сигурни знаци дека под нашите стапки се наоѓа широкиот пат.


 (според записот на сестрите од манастирот) 
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2684
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1849
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »