логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светата Христова маченица
Акилина
13 јуни / 26 јуни

Избран саду на Божјата благодат,
Акилино света девственичке,
радост на ангелите, посрамување на демоните,
моли се, о, ти јагне Божјо,
за оние кои Неговата волја ја бараат,
затоа што по твоите молби постапуваше,
Оној Кој во твоето срце престојуваше.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобната мајка
Ана и нејзиниот син Јован
13 јуни / 26 јуни

Со верата своја во Господа
во рацете Негови синот го предаде,
о Ано многубременита наша мајко,
трудот и молитвите очи ти исправија кон небото,
и срце ти подигнаа секогаш да се молиш за сите.
Затоа и сега не престанувај со делото, од небесните висини.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Јаков
13 јуни / 26 јуни

Погледна на тебе Спасителот,
и те научи на смиреност,
која плодовите на гордоста ги уништува,
о Јакове свети покајниче,
и понижувањето ти го зеде како мерка
со која те подигна во служба Негова.
Затоа радувај се и за нас моли се
пред Оној Кој тебе те помилува.


Свети Јаков излажан од демонот во вид на светол ангел


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов епископ
Трифилиј Левковски Кипарски
13 јуни / 26 јуни

Омофорот Спиридонов, облагодатен од Бога
го заштити растот твој во Христа,
о Трифилие Божји угодниче, а жезалот епископски
ја искали душата која на Господа угоди.
Спомни си за нас сега ти усто благоглаголива
која вaзден Бога Го славослoви.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од житието на светителот

Светата маченичка Акилина    

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите другарки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан; еден ѕвероподобен човек. Волусијан најнапред нареди да ја исшибаат, потоа со усвитена шипка да ѝ ги прободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да ѝ течат мозокот и крвта, таа падна како мртва. Мислејќи дека е навистина мртва, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓубриште, за телото да ѝ го изедат кучиња. Но ноќта ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата. И Аквилина отиде во градот. Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека умрела. Утредента му нареди на џелатот да ја убие со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше мртва џелатот сепак ѝ ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. На дванаесет години пострада за Христа. Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

sv.SpiridonT.sv.Vlasij.jpg

Свети Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска    

Ученик на Свети Спиридон, а подоцна му беше и сослужител на островот Кипар. Човек милостив, чист со мислите, цел живот девствен, „жив извор на солзи“ и голем испосник. Добро управуваше со стадото Христово. Кога се упокои прими венец меѓу големите јерарси на небесата. Се упокои мирно во 370 година.

Света Ана и нејзиниот син Јован    

Како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа. На овој остров пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва. Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован. Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1264
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1473
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1342
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »