логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Артси уредништво
Од Абигаил Каин
15. 08. 2017, 14:23

Пабло Пикасо  ги наслика Дамите од Авигнон (1907) на 26 годишна возраст; Салвадор Дали го заврши Упорноста на меморијата (1931), на 27 години; и Микеланџело  го заврши Давид и и’ го претстави на јавноста (1501-4) на 29 год. Сите ремек- дела и сите завршени пред да наполнат 30 години.

Како овие уметници достигнаа така неверојатни резултат толку рано во нивните кариери? Се разбира, факторот беше вродениот талент. Но, тие исто така започнаа млади: Пикасо, Дали и Микеланџело, сите сликаа од нивната рана младост. Подолу се детските дела на седум сега- познати уметници, секој од нив понудувајќи увид во еволуцијата на уметнички гениј.

    Албрехт Дјурер, Селф-портрет на тринаесет години (1484)

 

                               
      Албрехт Дјурер, Селф-портрет на 13 години, 1484.


На 28-годишна возраст, Дјурер го наслика неговиот познат само- портрет- дело што го прикажува уметникот во богато, крзнено палто, долга коса која виси лабаво околу неговите раменици. Не помалку впечатлив е овој маестрален цртеж, завршен кога тој имаше само 13 години. Дјуреровиот само-портрет во младоста беше изработен околу времето кога тој започна да работи како чирак во татковиот дуќан за накит Нирнберг. Не помина многу време пред предвремената младост да го напушти фамилијарниот бизнис за да се обучи со локалниот уметник Мајкл Волгемут, со кого ги научи илустрациите на дрворез.
Дјурер ќе продолжи да ја револуционизира печатечката уметност (дело на графичка уметност, кое се печати на хартија), станувајќи најзначаен германски уметник на ренесансата.

Пол Клеј, Жена со чадор (1883-5)


 
Детски цртеж на дама со чадор, изработен во 1883-1885 од страна на
4-6 годишниот Пол Клеј. Сликата е преку Викимедија.

Во 1902 година, тукушто излезен од четиригодишното уметничко училиште во Рим, Клеј пронајде една скриена колекција на негови сопствени детски цртежи- вклучувајќи ја и оваа скица на жена држејќи  неверојатно- аглест чадор. Тој ги опиша овие дела, завршени помеѓу три и десет годишна возраст, како „најзначајни (кои ги имам наравено) до сега.“ Наставникот во Баухаус, ќе продолжи да ги возвишува доблестите на детската уметност во текот на неговата кариера, одејќи толку далеку да ги копира скиците на неговиот сопствен син во неговите зрели слики за да го достигне природниот квалитет што го цени толку високо.


Џорџија О`Киф, Ненасловена (Рака) (околу 1902г.)


 
Џорџија О’Киф, Ненасловена (Рака), околу 1902.
Подарок на Фондацијата Џорџија О’Киф. Џорџија О’Киф Музеј (2006.05.002).
 © Џорџија О’ Киф Музеј.


Во 1901 година, 14- годишната О’Киф ја напушти идиличната фарма на нејзината фамилија заради Академијата Свето Срце, католичко интернатско училиште во предградието на Медисон, Висконсин. За време на нејзиниот прв ден, беше побарано од студентите да скицираат гипс на рака на бебе. Наставникот ја прогласи верзијата на О’Киф премала и силно нацртана, оставајќи ја на работ на солзи. Во месеците што следуваат, младата уметничка работеше упорно за да се докаже. Нејзиниот инструктор забележа, назначувајќи ги цртежите на О’Киф со нејзиното име и гордо ги прикажа на ѕидовите во училницата. „Бев шокирана да го видам моето име толку големо и црно на моите бледи цртежи’’, сликарката подоцна се сеќаваше. „Не личеше дека е моето име- тоа беше некој прилично различен од мене’’


Салвадор Дали, Пајсаж во близина на Фигерас (1910- 1914)


 
Салвадор Дали, Забава во Фигерас, 1914- 1916. Светски права © Салвадор Дали.
Фондација Гала- Салвадор Дали (Друштво за права на уметници), 2017/
Во САД © Салвадор Дали Музеј, Инк. Ст. Петерсбург, 2017.
Фотографија од Музејот Дали.


 
Салвадор Дали, Пајсаж на Фигерас, 1910- 1914. Сцетски права ©Салвадор Дали.
Фондација Гала- Салвадор Дали (Друштво за уметнички права), 2017/
Во САД ©Салвадор Дали Музеј, Инк. Ст. Петерсбург, Флорида 2017.
Фотографија од Музејот Дали.


Ова минијатурно дело се смета дека е најрано постоечко сликарство на уметникот, завршено помеѓу шестата и десеттата година на задната страна на празна разгледница. (Погледнете внимателно и отпечатениот дизајн е видлив на слабо обоеното небо и облаци.) Дали израсна во малиот шпански град Фигерас, недалеку од Барселона и многумина од неговите најстари дела го одразуваат локалниот каталонски пејзаж. Инспириран од Рамон Пичот, неговиот ментор и фамилијарен пријател, младиот Дали работеше главно во импресионирачки стил. Професионален уметник кој беше близок со Пикасо, Пичот на крај го убеди таткото на Дали да го испрати неговиот син во уметничко училиште во Мадрид- започнувајќи кариера на непочитуван, светски познат надреалист.

Пабло Пикасо, Пикадор (1889-90)


 
Пабло Пикасо, Пикадор, 1890. Слика од Викиарт.

Првиот наставник на Пикасо беше неговиот татко, Хосé Руис и Бласко, кој работеше како ликовен инструктор во локалното уметничко училиште. Како што растеше вештината на младото момче, тој повремено ќе биде повикуван да ги додаде завршните детали на сликите на неговиот татко.
Нескромно (лажно или поинаку), Пикасо подоцна рече: „Никогаш не цртав како дете. Кога имав 12 години, јас цртав како Рафаел.’’. Иако неговите цртежи околу таа возраст открија еден успешен цртач со импресивен зафат на мускулатурата, Пикадор- неговата најрана преживеана слика, завршена кога имаше осум години,- беше направена пред Пикасо да започне формални уметнички лекции. Повеќе од вроден  гениј, ова рано дело ги означи почетоците на долгоживотна преокупација со борбата со бикови и сите нијзини орнаменти.

 

Едвард Хопер, Мало момче гледајќи го морето (1891)


 
Оваа слика беше нацртана на задната страна на извештајот на Едвард Хопер
за трето одделение, датирано на 23 октомври 1891, кога Хопер имаше девет години.
Мало момче гледајќи во морето, од колекцијата на Артејер Р. Санборн Хопер (без дата)


Хопер, роден во средно- класна фамилија во Нјак, Њујорк, започна со цртање на 5 години. Неговите родители не му понудија ништо освен охрабрување, подарувајќи му табла на 7 години и книга со инструкции за цртање на 10 години. ( Претежно, тој ја означува својата детска сликачка кутија со фразата „ЌЕ БИДАМ УМЕТНИК.’’) Овој цртеж со пенкало и мастило беше откриено на задната страна на Хоперовиот извештај за трето одделение, датиран на 23 октомври 1891. Како младо момче во неговите скици, Хопер помина повеќе од неговата младост покрај вода- неговата детска соба имаше поглед кон Реката Хадсон и тој често талкаше по крајбрежјето на реката со блок за цртање во раката за да ја фати изградбата и местењето на бродовите прикачени таму.


Микеланџело Буонароти, Страдањата на Свети Антониј (1487)


 
Микеланџело, Страдањата на Свети Антониј, околу 1487-1488. Слика преку Викимедиа.

Талентот на Микеланџело беше очигледен уште од 12 или 13 години, како што покажува оваа исклучителна детална слика. Неговите најрани биографи тврдат дека, настрана од неколку цртежи, ова парче кое прикажува едно од серијата на испитувања и искушенија што Свети Антониј ги трпел за време на неговиот подвиг  низ пустината- беше првото сликарско дело на италијанскиот мајстор. Иако ова беше копија од гравирање на германскиот уметник Мартин Шонгауер во 15-тиот век, Микеланџело малку го смени оригиналот. Патот до рибен пазар го инспирираше младиот сликар да прикаже еден од демоните со блескави крлушки, додека италијанската долина на реката  Арно  беше вградена во позадина.

Абигаил Каин

Поправка:
Претходната верзија на овој артикл погрешно го навела актуелниот ностел на две светски дела од Салвадор Дали. Делата се наоѓаат во збирката на Музејот Дали, во Санкт Петербург, Флорида.

 

7-ми ноември 2017 год.

 Подготви: Снежана Корнет

 

Друго:

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 493
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 273
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 254
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »