логоFacebookTwitterYouTubeeMail

                                                                                                                                                             
 

 
Господ вели: возљуби го ближниот твој како самиот себе (Матеј 22:39). Односно љуби го другиот и разбери го така, како што се љубиш и разбираш самиот себе. А дали ние се љубиме самите себе? Да се љубиш себеси не значи дека јас треба да потрошам еден час вртејќи се пред огледало, јас не мислам на тоа, туку тоа што јас се почитувам и ценам себеси, се грижам за себе.

Моето „јас“ не е нешто што може да се исфрли во канта за ѓубре: затоа што Бог го љуби моето „јас“. А тоа што Бог го љуби, треба да го љубам и разберам и јас, а тоа е својата душа, своите потреби, желби, карактер. Нема да го љубам својот егоизам, но ќе се потрудам да разберам што тој во себе сокрива. А како личност, сепак ќе се љубам себеси, ќе ја љубам својата душа.

Во секој случај, разбирањето е наше вистинско, правилно однесување. Нашите души се љубат и се разбираат еден со друг. Но само, од мала возраст ние пораснавме со рази совети, со кои постарите му се обраќаа на нашиот ум, велејќи:

- Еве овој човек е добар, а овој е лош. Таму говори, а овде не говори. Ова се подмолни, лоши луѓе, а ова се добри...

Кога нашиот ум многу пати го слуша ова, истиот почнува да ги дели луѓето по категории и ние веќе не можеме да љубиме како што сме љубеле кога сме биле мали. Тогаш ние ги разбиравме сите, бевме подготвени сите да ги прегрнеме. И сега навистина гледаме дека кај мало дете нема лукавство, ниту оддалеченост. Ако две братчиња се скараат, веќе после половина час повторно ќе си играат заедно: тие всушност се љубат еден со друг, тие веќе заборавиле за сé, иако само што, едниот го удри другиот и на тој му протече крв од нос. Но, сега тој за тоа заборавил. Нивната душа не сокрива никакво зло.
Како детето расте, неговата душа се наполнува со страсти. Тука е и нашиот проблем, во нашиот ум. Ние престануваме да ги разбираме луѓето кои се покрај нас, ги вовлекуваме во некои шаблони, ги етикетираме и едните ги цениме, а за другите ја затвораме својата душа и не ги љубиме. „Љубам„ во повеќето случаи значи „јас имам потреба од тебе, сакам да те контролирам.“ Така правиме. Јас го љубам некого затоа што тој ми помага мене.


Како што јас му покажав малку љубов на еден човек и тој ми рече:

- Отец, дојди овде! Кажи ми, што сакаш? Ти треба ли од мене некаква услуга? Да те превезем некаде?

- Но, зошто така велиш?

- Обично кога ме љубат во животов, нешто сакаат!

Излегува дека љубиш само кога бараш некаква финансиска или друга придобивка од ближниот. Но, љубовта постои поради љубов и тоа е убавината на душата. Тоа не значи, се разбира, дека ти не добиваш ништо. Нема никој кој би љубел, а да не добие ништо за возврат. Самиот Христос ни рече: Почитувај го твојот татко и твојата мајка, за да се продолжат деновите твои и за да ти биде добро (Повтор. Зак. 5:16). За да ти биде добро, љуби го својот татко и својата мајка, значи ти повторно имаш одреден поттик.

Љубовта сама по себе крие огромна убавина и нашата душа се исполнува со неа. Но само има некои луѓе во нашиот живот кои ни е тешко да ги засакаме и да ги разбереме. Постојат многу такви кои се разликуваат од нас со своето мислење, карактер, способност за самоизразување, она што ние го нарекуваме менталитет, кој секој го има. Гледаме луѓе кои особено не ни соодветствуваат и тука изјавуваме: „Јас не можам да имам ништо заедничко со него, не сакам да го видам!“

А светците велат дека кога напредуваш духовно, знак за твојот напредок е подготвеност да прегрнеш што е можно повеќе луѓе, барем во своето срце и ум. Не велам ти да ги внесеш кај тебе дома, за да вие заедно јадете, да поставиш маса за нив, туку твоето срце да не им става на луѓето етикети, за да не ги распределуваш по разни категории и да не ги отфрлаш.

Кога јас духовно напредувам и растам, јас го љубам целиот Адам. И Христос го спаси целиот Адам, а целиот Адам е целиот свет, значи сите луѓе. Кога јас сум духовен човек, јас постепено почнувам да ги разбирам луѓето со разни карактери и ги гледам во душата, а не во облеката, јас повеќе не гледам во што се тие облечени, што зборуваат, каков е нивниот надворешен изглед, туку барам нешто во нивната душа и ги љубам сите. Јас не ги распределувам луѓето по групи.

Нам тешко ни е да ги засакаме луѓето кои имаат поинакви идеи од нашите. Како што покрај една трпеза еден човек ми рече:

-  Денеска на оваа маса ќе имаме проблеми,- а таму беше негов роднина, особено неверник во Бога. – Ти, отец, ќе имаш проблеми.

- А зошто јас треба да имам проблеми?

- Затоа што тој не верува во Бог!

- Тоа не е ништо што тој не верува во Бог!

- Па што да правиме сега ние, за што да дискутираме?
    
- Но ние нема да дискутираме. Треба ли да се расправаме со него, за да потоа се скараме? Ние ќе јадеме, пиеме, ќе разговараме за друго: Како ти е на работа, што прават децата?
Не треба да се бара причина за да се искараме поради тоа што другиот не се согласува со мене... Ништо страшно нема во тоа. Значи, не треба нешто да се претвори во причина за напнатост и судири со луѓе. Зарем тие исто така немаат никакви болки во животот, нема деца кои немаат тешкотии со лекциите, нема никој кој бил болен во нивното семејство? Ние ќе најдеме заеднички допирни точки. Ќе говориме за Бог без тие да сфатат дека ние говориме за Бог. Нема да им читаме проповеди, а ако ти го разбереш другиот, тогаш ќе увидиш дека и тој има своја болка, свои проблеми и маки. Така јас и го разбирам него.
Од моја страна нема никаков проблем: тоа е негово право да не верува во Бог. Бог го љуби него и му дава живот. Зошто јас треба да го отфрлам него? Или можеби јас уште не сум почувствувал во себе увереност во верата и еднставно ме нервира што другите неверуваат? Кога веруваш и  живееш со тоа во што веруваш, тебе веќе не те интересира дали другите се согласуваат со тебе. Тоа е нивно право и слобода. Да, јас не сакам некој да не верува, но не можам со сила да го принудам да верува!
Денеска дојдовте тука затоа што сакавте да дојдете. Кој не сакаше, не дојде и никој поради тоа него не го влече. Тоа значи да љубиш и да ги разбереш сите луѓе. Но, често се случува, оние кои не се соглесуваат со нас и имаат поинакво мислење, во определени ситуации расудуваат поправилно од нас. Само размисли, ние сега не говориме за Бог, но може да испадне да стане збор и за Бог, за да се испостави дека твоето дете за кое ти велиш дека не верува во Бог, ако добро се разбере, тој верува во поправилен Бог од твојот. Детето може да вели: „Јас не верувам во Бог“,- а сака да каже: „Јас не верувам во Богот на мојата мајка“- Кој го асоцира на казни, извикувања, строгост. А Бог не е таков. Детето добро си прави што не верува во таков Бог.
Ако ти него го разбереш, тогаш ќе увидиш дека има што да научиш дури и од сопственото дете, кое не се согласува со тебе во тоа или во нешто друго. Но само, за да го направиш тоа, треба да го разбереш твоето дете, да проникнеш во неговата душа, но за да се случи тоа ти треба да бидеш флексибилен. Тоа значи, да не се биде упорен со свое мислење, велејќи: „јас знам се‘ и не треба мене да ме учат! Тука јас поучувам, а не мене некој да ме учи!“

      Архимандрит Андреј (Конанос)


Извор: http://www.pravoslavie.ru/104789.html

16-ти септември 2017 год.

 Подготви: Снежана Корнет

Друго:

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 248
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 724
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

« »