логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот
Христов подвижник
Онуфриј Велики
12 јуни / 25 јуни

Блажен си ти о велики Онуфрие,
кого Бог во борба го поведе,
да покаже и посведочи дека телото може да се победи,
стариот човек се соблече,
и во смирението на новиот Адам се закити,
моли се ти кој пустината на овој живот
со Христа ја исполни,
ангелите од нас да не отстапуваат,
и закрилени од нив по твоите молитви,
да бидеме прибрани во хорот на сите спасени.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Крстител Слепче

 

Тропар на светата
Христова маченица
Антонина
12 јуни / 25 јуни

Каде што делува благодатта,
плотското мудрување сила нема,
о света Антонино маченичке,
раните и мачењата ништо не се,
кога се споредат со болката на душата,
која се моли за паднатоста човекова.
Затоа девственичке Христова,
име ти е вечно на небесата,
и постојано во срце на секоја душа христијанска,
за која ти се молиш непрестајно пред Бога.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Тимотеј Египетски
12 јуни / 25 јуни

Благословен си Господи,
Боже на нашите татковци,
Кој Тимотеа светиот го обдари со облека нетрулежна
и славен си ти оче преподобен кој колена од молитва
не подигна пред Вечнопостоечкиот
за наше спасение и слава Негова.
 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Православен календар за 25/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

Од Верскиот календар:

sv.Onufrij.Veliki.jpg           sv.Onufrij.PetarAfonski..jpg


Преподобен Онуфриј Велики    

Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот ангел пазител, којшто претходно му се јавил. Долго време се хранел само со зелјето кое ретко можело да се најде во пустината, а потоа, откако ги претрпел борбите со демоните и кога срцето сосем му се укрепи во љубовта кон Бога, се хранеше со леб што му го носеше ангел Божји. Освен ова, крај неговата келија по Божја Промисла порасна една палма со вкусен плод на урма и бликна извор со питка вода. „А најмногу“, рече Онуфриј, „се хранам и пијам од слатките зборови Господови“. Кога Пафнутиј го запраша како се причестува, пустиникот Онуфриј одоговори дека Божји ангел му носи Причест секоја сабота и го причестува. Следниот ден старецот му рече на Пафнутиј дека тоа е денот на неговото заминување од овој свет, ги преклони колената, Му се помоли на Бога и Му го предаде духот свој Нему. Во тој миг Пафнутиј ја виде небесната светлина што го осветли телото на упокоениот светител и го слушна пеењето на ангелските сили. Откако чесно го погреба телото на Свети Онуфриј, Пафнутиј се врати во својот манастир како жив сведок: за духовна полза на сите да им го раскажува житието на Божјиот човек и величината на Божествената Промисла за оние коишто целосно се предаваат себеси на служба на Бога. Светиот пустиник Онуфриј почина во 400 година.

 sv.Onufrij.Petar.MakarijV.jpg

Преподобен Петар Атонски    

sv.Petar.Atonski.jpgРодум Грк, а по занимање војник. Војувајќи еднаш против Арапите беше заробен, окован во пранги и фрлен во затвор. Така остана долго во затворот на градот Самара на реката Еуфрат, а постојано Го молеше Бога да го ослободи од затворот за да може сиот да се посвети на молитвен подвиг. Во затворот му се јави Свети Симеон Богопримец со Свети Николај, му ги допре со својот жезол прангите и тие се стопија како восок, а Петар одеднаш се најде надвор од градот. Веднаш тргна на пат за Рим, каде што на гробот на Св. апостол Петар беше потстрижен за монах од самиот папа.

Потоа со кораб повторно тргна на Исток. Во сон му се јави Пресвета Богородица со Св. Николај и му рече на Св. Николај дека Самата на Петар му ја одредила Гората Атонска за подвиг. Дотогаш тој немаше ни чуено за Атонската Гора. Штом значи се симна на Света Гора, се всели во една пештера, во која живееше педесет и три години во тешки подвизи, во борба со гладот и жедта, жегата и мразот, а најмногу со демонските сили, сѐ дури не ги совлада со помош на Бога.

Кога ги издржа првите искушенија и добро ги положи првите тешки испити пред Бога, почна ангел Господов да му носи леб секои четириесет дена. Неколкупати му се јавуваше искушувачот-ѓавол во вид на светол ангел, но Петар го отфрли со знакот на Крстот и со името на Пресвета Богородица.

Една година пред смртта го пронајде некој ловец кога ловеше елени на Атон и од усните на светителот чу за неговото житие. Се упокои во 734 година. Моштите му ги пренесоа во Македонија.

Преподобен Тимотеј, пустиник Мисирски

Прво се подвизуваше во Тиваида, а потоа се оддалечи во пустината и таму помина триесет години. Се упокои мирно.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1189
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1734
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1151
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »