логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Протоереј Алексеј Уминскиј: Зошто заминав од социјалните мрежи„Јас се изморив. Едно време, јас чувствував дека постирањето, проповедите, допишувањето можат да имаат смисол. Некои од тие луѓе, со кои што се допишував на фејсбук, дојдоа во храмот. Но на социјалните мрежи спасението не се добива. На интеренет било каква проповед, било каква светоотечка изрека може да се изврти во лага. Карактерот на човекот може да премине во лажен.’’- вели познатиот московски свештеник и телеводител протоереј Алексиј Умински, кој ја затвори својата сметка на социјалните мрежи.
 
Особени интернет-гревови


-    Зошто кај луѓето има толку силна потреба да живеат виртуелно на социјалните мрежи?

-    Ми се чини дека потребата да се ‘‘живее виртуелно’’ на социјалните мрежи во голема мера се должи на можноста да се говори од ‘‘говорница’’, не сносувајќи одговорност за своите зборови. Човекот на интернет станува невидлив. Тој може да настапи од никаде. Психолошки тоа е многу удобно. На социјалните мрежи соговорникот не ги гледа твоите очи, изрази на лицето, твоите вистински емоции.

Постојат и други причини за активна комуникација на интернет. На пример, осаменоста или недостатокот на комуникација во реалноста или дури можноста на самоизразување, кога една поразлична личност никој не ја слуша и тој никому не му е интересен. На социјалните мрежи корисникот може веднаш да ја стави на располагање во јавноста било која своја идеја, било која мисла која ќе му дојде во умот. „Страниците пишуваат’’ стана стабилна изјавата како „Британските научници докажаа’’. Дури во медиумите стана можно ова да се однесува на натпис на ограда. Човекот на овие мрежи се појавува значаен само затоа што го искажал своето мислење. Преку социјалните мрежи можно е да се нурнете во посебен свет, кој е многу близок со реалноста и да започнете да живеете во него според неговите закони, сериозно добивајќи од тој свет поддршка и доверба.

На социјалните мрежи има нешто што е од полза, но има и нешто што те лишува од внатрешен мир и те повредува. Затоа социјалнита межа може да се гледа како начин за брза комуникација, како начин да се сподели вистината, како начин да се дознае нешто ново, или да се соберат пари за операција на болно дете. А можно е и како начин за исмевање некому, предизвикување, собирање луѓе на митинг или одигрување на зла шега, без страв од одмазда.

-    На интернет, информацијата се шири брзо и во голема мера. Произлегува дека и одговорноста за зборот на социјалните мрежи треба да биде поголема.

-    Од друга старана, одговорноста за зборот на интернет е помала. И тежината на зборовите значително е помала. Зборот станува лесен, и токму затоа толку лесно и се шири. Затоа е така лесно да се кажува на интеренет, лесно се манипулира. На мое видување, всушност тоа е еден од најглавниот проблем на интернет. Зборот престанува да биде вистински значаен. Луѓето не помислуваат на зборот. Тие нешто ќе слушнат и веднаш го множат, рашируваат, копираат. А што ако тоа не е точно?

Лага- ново интернет- појавување, чудно и застрашувачко- шега, која многу е слична на вистината. Вистински ѓаволски трик- потсмевање на напишаното, потсмевање на мислата, потсмевање на човекот, кој престанал да мисли. Престанал да биде свесен, што тој чита на интренет. На пример, лажни барања за помош, кои луѓето за други  луѓе го прават, за да придобијат популарност за себе. Тоа е страшно. Затоа таква лага на интернет може да ја изврти било која проповед, било која светоотечка изрека. Интернетот е безличен, неодговорен, со тенденција кон лага. Карактерот на човекот може да премине во лажен. Многу брзо. И се преобразува. Самиот себе не може да се најде, сé што се прави, сé му се покажува лажно и неправилно.

-    Дали присуството на човекот на социјалните мрежи влијае на неговата свесност за  реалноста?

-    Да, се разбира. На пример, кога јас се возам во автомобил и мене некој ме пресекува, јас во срцето си велам: „Лош човеку, каде возиш!’’ Но, јас нема тоа да го кажам кога не сум во автомобил, затоа што на мене ќе гледаат оние што ме опкружуваат, тие ќе ме слушнат и јас ќе се засрамам. Вообичаено јас ги сокривам од другите своите потајни мисли. Тие излегуваат само тогаш, кога јас сум сам. Затоа би сакал за нив никој да не дознае.

Така исто се случува и со лицето на социјалните мрежи. Тој седи сам пред компјутерот, но, истовремено комуницира и со другите луѓе, и не забележува како започнува да разговара со другите со она што обично тој го чува внатре во себе. На социјалните мрежи сето тоа излегува надвор и за човекот постанува негова реалност, тој престанува да се срами пред другите. Склоностите, страстите, со кои тој сеуште се бори, стануваат нормални, затоа што на социјалните мрежи така е прифатено. Социјалните мрежи самите предизвикуваат на тој стил на однесување.

Прочитал некаква статија (може дури и да не е до крај), И тука коментирал. „Овој е изрод!’’ Нему му даваат одговор, а тој нив-три, а тие, петнаесет, а тој, триесет. А потоа таа личност прави вака: „Ах, каков си. Па, тогаш, ако е така, јас тебе...ќе те блокирам!’’ Јас така разбирам, дека кога би имал овој човек пиштол, тој веројатно би отишол и би го застрерал. На еден бам, на друг бам, на трет бам. Сите би ги пострелал и би живеел мирно. Впрочем тие повеќе не постојат во неговиот простор. Тој ги блокирал.

Присуството на социјалните мрежи донесе во духовниот свет особени интернет- гревови. На пример, силната зависност, кога пораките, коментарите, фотографиите ги проверуваш секоја минута, сега тие доаѓаат и во компјутерот и на телефонот и ти ’’секогаш си вклучен’’. Или особено интернет славословие, кога ти читаш колку лајка си добил, колку споделувања, кои луѓе ти се пријатели- тоа е виртуелен збир, чија цена ја разбира лицето кое живее духовен живот.

Отец, благословете, се качивме во авион!

-    Присуството на духовните отци на социјалните мрежи им го открива на чедата брзиот пристап кон духовникот и дури и кон неговиот приватен живот. Добро ли е тоа?

-    Не, впрочем не е неопходно да се дозволи на парохијаните да живеат во неговиот дом. Приватниот живот на свештеникот мора да биде сочуван од другите. Инаку од тој живот, од самиот свештеник едноставно ништо не останува. ‘‘Брз пристап’’, како што вие велите, исто така не е потребен, како што понекогаш се чини. Кај мене, на пример, често се случува, кога во четири часот наутро ќе пристигне порака. Се разбудувам, ги протривам очите и читам: „Отец, помолете се!’’ Па, си мислам, се случило нешто страшно. Се фаќам за срце. Читам понатаму: „Благословете, се качивме во авион, летаме за Кипар!’’ Ова е тоа брзо поврзување. Мене речиси срцето престана да ми чука, а тие- за Кипат летаат. И кога тоа би било само еднаш. Затоа во текот на последнава година, јас почнав да го заклучувам својот телефон ноќе. Изутрина го вклучувам и како по обичај, шест примени пораки и четири пропуштени  повици.

-    На социјалните мрежи луѓето живеат многу отворено. Дали на духовникот му е од полза да ги чита страниците на своите чеда?

-    Создавајќи страница за себе, лицето секогаш црта портрет пријатен за другите. Без сомнение. Тој нема да објавува на својата страница нешто што го руши неговиот имиџ. До извесен степен ја гледаме вистинската личност, но само во оној, во кој тој сака да се покаже пред другите. Односно, во суштина, ние гледаме лага.

Може ли тоа да му биде полезно на духовникот водач? И зошто? Зошто да се влезе особено во нечиј живот? Уште и во лажен, виртуелен живот. Во нашата гимназија, на пример, имаше случаеви кога школските соученици заради одмазда создаваа лажни страници еден за друг и ги полнеа со ужасни, навредливи содржини. Дело поради кое се доаѓало дури и до исклучување од училиште. Замислете, како би можел да биде измамен духовникот читајќи тој таква страница пред исповед или пред благословување на нешто важно?

-    Како да опстанеме во информативниот проток, кој нé опкружува сé позасилено   преку социјалните мрежи?

-    Ако, на пример, наидува период на пост, јас се трудам да се ограничам од информативната област која ме опкружува. Иако ги следам православните сајтови на интернет, но да речеме, радио во автомобил веќе не слушам. Потребните информации всушност и не се толку многу. Тоа што е навистина важно, тоа што е сериозно или страшно, тоа што се однесува на молитва, ти сигурно ќе го дознаеш, без интернет, без телевизор, без радио. Затоа понекогаш, за време на пост, може слободно сите да ги исклучите.

Вистинска духовна храна секогаш ќе остане книгата. Ако таа исчезне, ќе исчезне и интернетот, затоа што сé започнува со книгата. Интернет- тоа се препис на книги во друг простор, во друга кратка клипова форма. Но, и тука нема ништо ново. Поговорки, изреки, мудрости, афоризми секогаш постоеле. Се издаваат специјални збирки, каде се собрани афоризми по теми, да речеме, ‘‘филозофи за пријателство’’ или ‘‘физиката се шегува’’. Фејсбук исто така е поговорка, која си ја прочитал за време на појадок.

Подобро да се замине од фејсбук, отколку да се изгубат пријателите.

 


-    Пред половина година вие ги затворивте сите ваши сметки на социјалните мрежи, зошто? Дали тие не ви даваа можност за подвиг?

-    Се изморив. Едно време јас чувствував дека постирањата, проповедите, допишувањта можат да имаат смисол. И навистина, неколку од тие луѓе со кои јас се допишував на фејсбук, дојдоа во храмот, на исповед и некои дури и останаа во нашата парохија. Јас водев долги дискусии со луѓе далеку од Црквата. Но на социјалните мрежи спасението не се добива, затоа тие беседи на социјалните мрежи кои прејдоа во личен контакт,- се крунисаа со успех, а оние кои останаа на интернет, - се покажаа бесплодни. И јас сфатив, дека иако од социјалните мрежи може да се добијат многу добри риби, мене тоа не ми беше доволно.

Освен тоа, во овие мрежи ми се појавија многу разочарувања. Како што веќе говорев, на интернет- комуникација од лицето излегуваат на површина мали бесови, кои тој обично ги крие од другите. Одеднаш почнав да забележувам во коментарите на своите стари пријатели, во нивните постирања такви размислувња, кои ме доведуваа до забуна. Мене ми беше тешко да верувам, дека тоа го пишуваат истите луѓе кои јас ги познавам во реалноста. Зар е можно тие вака да размислуваат? Зошто тие го велат тоа? Јас решив, ако се согласам со тоа што го читам, јас ќе изгубам нешто многу важно за мене и ќе паднам на некаква лукава демонска стапица. Подобро јас да заминам од фејсбук и да го сочувам добрто мислење за луѓето, отколку да ги изгубам своите пријатели. Јас сакам да ги знам своите пријатели такви, какви што мене ми ги покажува Господ, а не искривеното огледало на социјалните мрежи.

Нашиот храм сеуште има своја страница на фејсбук и јас сеуште мислам дека тоа е добро. На страницата најчесто постојат луѓе кои немаат никаква комуникација со нашиот храм и често дури и живеат во друг град. Но, интересен им е животот на храмот. Интересни им се оние теми кои се за дискусии, киноклуб. Кога имав сметка на интернет, јас исто така учествував во тие дискусии, но сега на искушението како „Отец, вратете се после Велигден’’ или „Отец, вратете се во затворена група’’, по милоста Божја одговарам „Па веќе нема- никогаш!’’

-    Треба ли свештеникот да има посебно однесување на социјалните мрежи?

Треба. Потребна е мудрост. Кај мене таква мудрост не беше доволна. А има луѓе кои имаат доволно расудување, доволна рамнотежа, доволна трезвеност, кои го прават тоа добро, смирено, и веројатно со поголема полза отколку јас. Ако јас знаев како да се однесувам како духовник на социјалните мрежи, јас би останал. А затоа што јас не знам, јас заминав.

 

Подготви: Снежана Корнет

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 766
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1044
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 992
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »