логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Струмица, 18 декември (МИА) - Според бројот и разновидноста на ископаните предмети од керамика, археолошкиот локалитет околу среновековниот манастирски комплекс „Св. Леонтиј“ кај Водоча, претставува најбогато вакво наоѓалиште не само кај нас туку и на Балканот.

На овој локалитет во текот на досегашните ископувања археолозите од Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј од Струмица открија стотина нови некрополи кои потекнуваат од 14. до 16. век, потоа остатоци од водовод и манастирска бања, темели на ранохристијански цркви од 5. и 6. век итн., при што е пронајден и евидентиран богат керамички материјал кој го надополнува мозаикот за културно-историскиот и духовниот развој на овој регион низ вековите.

Инаку, покрај целосното заокружување на истражувањата сврзани со Водочкиот манастир, во фокусот на програмските активности на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица, финансирани од Министерството за култура на Република Македонија, досега беа опфатени и темелни археолошки ископувања на локалитетот Орта Џамија, под која се пронајдени и темели на ранохристијанска базилика, потоа на познатиот комплекс Цареви кули  - средновековна тврдина во непосредна близина на градот, како и на локалитетот околу црквата „Св. 40 Севастиски маченици“ и римската терма во Бања Банско кај Струмица. ив/гс/12:33

УТРЕВЕЧЕР, ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ


На големата презентација на наодите од Скопското кале, која ќе се случи на празникот Свети Климент, поканети се археолози од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово. Изложбата најавено е дека ќе ја отвори премиерот Никола Груевски


Сите значајни стручни и политички личности од Македонија, археолози од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово се поканети да бидат дел од големата презентација на наодите од археолошкото истражување на Скопското кале, утревечер (19 ч.) во Музејот на град Скопје, на државниот празник Свети Климент Охридски. Големиот настан најавено е дека ќе го отвори премиерот Никола Груевски.
На изложбата се презентирани најексклузивните наоди кои беа ископани на Скопската тврдина, за време на археолошките истражувања кои траеја од март до ноември годинава, а се одвиваа со средства на Владата. Раководител на капиталниот проект, кој ќе продолжи и напролет, беше Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, а раководител на истражувањата проф.д-р Драги Митревски.

Во неколку витрини во Музејот на град Скопје, изложени се околу 400 наоди.

-Пронајдовме различни цивилизациски вредности. Сите наоди од тие различни цивилизации ќе ги видат сите поканети колеги од соседните земји. Во тие времиња, односно во периодите кои ги ископувавме, на скопското Кале не постоеле овие граници на соседните земји. Гледаме што нудат културните слоеви и што оставиле цивилизациите што поминале на овие простори, а без разлика што оставиле, сето тоа е наше културно наследство. Ние даваме отчет пред јавноста за работењето од околу осум месеци на скопското Кале, вели Кузман.

Не може да се сокрие од 400 луѓе
-Археологијата е светска наука, таа не е наука на Бугарите, Македонците или Србите. Има методолошки правила и тука нема што да се скрие. Ако има еден истражувач на еден голем проект, тогаш тој можеби може да го сокрие она што го открил, но кога на терен работат повеќе од 400 луѓе, не може ништо да се сокрие, вели Кузман. Тој најавува дека сите материјали од наодите од Кале ќе бидат објавени, односно публикувани во посебен каталог, па сето тоа ќе биде достапно на анализа на научната јавност. Каталогот ќе биде објавен на повеќе јазици и ќе биде достапен до сите научници. За вклучувањето на странски археолози во следната етапа од истражувањето на Кале, Кузман, смета дека за тоа нема никаква потреба. -Додека оваа земја може со свои кадри да истражува, нема потреба да вклучува археолози од надвор. Јас секогаш велам: Ако има потреба, може да дојдат археолози од соседството, да видат, да се консултираат со нас. Но, поинаква помош не ни е потребна, вели Кузман.

Анита ЈОВАНОСКА - Вечер

  


Изложбата за Кале во понеделник


Наместо утревечер, за кога и беше најавена големата презентација на наодите од Скопско кале, отворањето на изложбата ќе се случи во понеделник (20 ч.) во Музејот на град Скопје. Изложбата ќе ја отвори премиерот Никола Груевски.

На изложбата ќе се презентираат најексклузивните наоди ископани на Скопската тврдина, за време на археолошките истражувања кои траеја од март до ноември годинава, а се одвиваа со средства на Владата. Најстарите остатоци од човекова активност на Скопското Кале се наоѓаат во Бакарното време, а најрепрезентативните за време на средновековието.

(А.Ј.)

 

МИА  
13.11.2007 12:58

Наодите од неодамна завршените археолошки истражувања на локалитетот Цареви Кули само ги потврдија поранешните претпоставки дека Струмица е еден од најраните христијански градови во Македонија и на Балканот.

Ова може да се заклучи според остатоците од откриената архитектура, фрагменти од керамика, накит, монети и други предмети кои зборуваат за културниот континуитет и за традициите на населението од овој крај.

Деталните истражувања, исто така, придонесоа за прецизно дефинирање на сите влезови во тврдината, како и за лоцирање на објектите околу неа, со што е исполнета основната цел на проектот за конзервација и реставрација на овој културно-историски споменик.

„Мошне сме задоволни од штотуку завршените археолошки истражувања на бедемското платно, на централната и влезните кули, на некрополата, цистерната и на другите фортификациски објекти. Ова особено се однесува на западниот бедем кој е добро сочуван со кулите високи од еден до 1,5 метар, од кои се вршело набљудување“, вели Славица Тасева, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица.

„Меѓутоа, иако очекувавме многу, од откриените наоди сепак не добивме попрецизни сознанија од времето на македонскиот Цар Самоил. Но, затоа пак пријатно сме изненадени од откритието на остатоци од црква која според фрескодекларацијата датира од 13-от век, што бездруго го потврдува фактот дека во периодот на средниот век, покрај Охрид, Струмица била еден од главните верски центри во Македонија“, додаде Тасева.

Инаку, за предвидената реконструкција на тврдината Цареви Кули која треба да биде извршена во текот на 2008 година, од европските фондови за прекугранична соработка и од општинскиот буџет се обезбедени околу 460.000 евра.

Дел од средствата се веќе потрошени за пробивањето на пристапниот пат до кулите во должина од 2,5 километри, како и за заокружување на археолошките истражувања.

Калето имало најубави бедеми на Балканот

Откриен е голем дел од одбранбените ѕидови, кои биле изградени од камен и тула, а фасадата потсетува на најубава средновековна црква

 kale.jpg

Скопската тврдина имала најубави бедеми на Балканот во 10 век, во времето на царот Самуил. Археолозите, кои половина година ги откриваат тајните на Калето, открија поголем дел од одбранбените ѕидови, кои биле изградени од камен и тула. Фасадата потсетува на најубава средновековна црква. Дека Скопје бил еден од најразвиените градови на Балканот покажува колекцијата оловни пломби, една од најбогатите збирки пронајдени досега. Археологот Драги Митревски, раководител на истражувањата на тврдината, објаснува дека пломбите се драгоцен материјал со историско значење што покажува дека на локалитетот била сместена администрација.

- Ископувањата го потврдија големото значење на Кале како градски, административен и културен центар на овој дел од Балканот - вели Митревски.

Археолозите завршија со годинашните истражувачките активности. Теренот и откриените градби се оставени во состојба погодна да почне конзервацијата на објектите. Митревски вели дека по санацијата ќе бидат видливи наслоените остатоци од сите периоди. Најстара фаза на живот на Калето е праисторијата, а најмладата - катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

- Кога локалитетот ќе биде презентиран како целина ќе може да се види комплетниот културен развој на Калето. Имаме доволно наоди и податоци за да одговориме на тој предизвик. Има движни и недвижни наоди од 4 милениум пред новата ера до денес кои убаво го илустрираат вкупниот културен развиток на локалитетот - објаснува Митревски.

Јавноста тоа ќе може да го види до крајот на годинава. Екипата планира голема изложба во Музејот на град Скопје, на која ќе бидат претставени сите резултати и наоди откриени на Кале. Митревски вели дека дури тогаш целосно ќе биде реализирана првата фаза од археолошките истражувања на Калето.

- Уверен сум дека ќе одговориме на сите прашања врзани за локалитетот. Уште поважно е тоа што ќе понудиме решенија за урбанизацијата на Кале и афирмација на неговите вредности. Неопходно е локалитетот да прерасне во археолошки центар. Кале треба да има посебен музеј и истражувачки центар. Тоа е основен предуслов за туристичка експлоатација на овој простор - смета Митревски.

Како најголемо изненадување на Калето тој го издвојува високото културно и техничко ниво на изработката на бедемот од 10 век. Во таа категорија спаѓа интензитетот на живеење и културните достигања од 14 век.

- Податоците за Скопје во тој период досега ги имавме само во пишаните извори. Сега ги имаме и пред наши очи - вели Митревски.

Тој како специфичен го издвојува животот на Калето во праисториски период, од 4 до 2 милениум пред новата ера. Изненадувања се поединечните богати колекции на праисториска теракотна пластика, на средновековна глазирана керамика (луксузни производи), на предмети од црковен карактер. Има голема циркулација на монети од сите периоди.

- На Кале имало континуиран живот со милениуми. Го „нема“ само римскиот период, но тоа е нормално, бидејќи во тоа време градот бил преместен во Скупи. Засега целосно се откриени околу 8 отсто од вкупната површина на Калето. Комплетно е откриена една црква, која веројатно била изградена во 14 век и била употребувана низ вековите во турскиот период. Таа била изградена на најдоминантниот дел од теренот и ќе биде целосно конзервирана - вели Митревски.

На археолошките ископувањата учествуваа повеќе од 200 археолози, историчари на уметноста, студенти по археологија и работници. Планирано е ископувањата да продолжат напролет. Проектот за заштита на скопската тврдина го финансира Владата со 2 милиона евра. За годинава беа одвоени 950.000 евра. Околу 500.000 евра од нив беа искористени за археолошките истражувања. Целта на проектот е да се истражат, санираат, конзервираат, реставрираат и да се презентираат бедемите и кулите на југозападниот дел од тврдината.

 


Новооткриената некропола од 10 век, пријатно ги изненади археолозите на Кале

Откриената некропола укажува на постоење на уште еден сакрален објект

 

Неделава завршувааат годинешните археолошки истражувања на тврдината Кале во Скопје, во ист период кога во земјава под мотото „Тврдини и одбрамбени градби“ ќе се одвива и манифестацијата „Европски денови на културно наследство“.

Археолозите стигнаа до најдолните, најстарите слоеви на отворените простори, на одредени места до енеолитот, а во други, до средниот век каде деновиве, на големо изненадување открија и некропола со пет гроба, датирани со монети од 10 век. Откриените гробни остатоци: монети, пломби, накит од Самуилово време, според раководителот на истражувањата, археологот Драги Митревски, се поврзуваат со одреден сакрален објект коj се претпоставува дека се шири под терасата на постоечкиот ресторан Кале.

„Новите откритија сега потврдуваат дека бедемот на тврдината бил постар од што мислевме, дека постоел за време на погребувањата од 10 век и го истакнува градскиот карактер на тогашната населба. Остатоците од таа градска населба ќе мора да се ослободат напролет, заедно со сакралниот објект кој се наоѓа под терасата, за што говорат и парчиња фрески, крстови“- посочува Митревски.


Вчера се документираа и остатоците од црквата од 14 век

Околу дел од бедемот, вчера со градежна механизација се исфрлаше земјата под која „излегоа“ нови страници од историјата на тврдината, а се документираа и остатоците од црквата датирана од 14 век, во т.н. Сектор три, за која меѓу другото, на лице место видливо говорат и откриените елементи на нартексот и три гроба во кои се смета дека биле погребани нејзините ктитори.

„Останува откриените годинешни сознанија да се стават на хартија и да се презентираат пред јавноста. Според досегашниот план, најверојатно во Музејот на град Скопје по 13 ноември ќе биде организирана комплетна презентација, со предавања за пошироката јавност “ - информираше Драги Митревски, според кого, неделава ќе се дооткриваат и преостанатите делови од бедемот, а сите активности ќе бидат во функција на негова понатамошна конзервација. Тој напоменува дека и пред започнување на истражувањата, била позната линијата на бедемот, но дека во внатрешноста се откриени неговите фази.


Се истражува откриениот слој и она што се крие под него

„Сега совршено е јасно дека бедемот е поврзан со одредени културни слоеви, и наше е да одлучиме кој негов дел и до каде ќе биде конзервиран и реконструиран, за што на одредени места ќе треба да се спуштиме подолу, до неговите темели. Неговото постоење говори за достигнатото економско и културно ниво на луѓето кои живееле тука во 10 век “ - посочи раководителот на археолошките истражувања на скопско Кале, не заборавајќи да потсети дека годинава, од страната на реката Вардар кај Големата кула беше откриен и уште еден значаен бедем, но и дека тие немале само воена функција, туку биле составен дел од градските населби.
 

КАТЕРИНА БОГОЕВА- „Утрински Весник“


Римски квартови се откриваат на Скупи


КАТЕРИНА БОГОЕВА

 



Во центарот на стариот град се истражува инфраструктурата на улицата Кардо и на попречните улици



Пријатно е и деновиве да се појде на археолошкиот локалитет Скупи и да се види како древниот град продолжува да се открива, да ги покажува своите улици. Иако температурите на воздухот се високи, сепак археолозите од Музејот на град Скопје, работат на терен веќе десеттина дена, реализирајќи два проекти, за кои добија 500 илјади денари од Министерството за култура и Град Скопје. До крајот на јуни, во централното градско подрачје ќе се истражува инфраструктурата на улицата Кардо и две, на неа попречни улици- декумани. Во текот на септември и октомври, ќе се истражува западната некропола на Скупи.

„Во текот на оваа година продолживме со истражување на една од главните улици, наречена Кардо, откриена во минатите години, долга околу 150 метра. Структурата на римските градови, урбанистичката мрежа обично има еден првоаголен систем во кој, прво се поставуваат две главни улици, кардо - максимус и кардо - декуманус, поставени под прав агол. Паралелно на нив се поставуваат помошни улици, кои формираат градски квартови. Скупи не е исклучок, но ние сеуште не можеме да кажеме дали овој римски град има некоја специфика, затоа што, само врз основа на аналогии претпоставуваме каде би се наоѓал неговиот форум. Токму од тие причини, со својата местоположба, не' изненадуваат улиците кои сега ги откривме и димензиите на квартовите. Сега имаме реални димензии на квартовите, според добиените резултати на теренот.

Годинава се откри уште една попречна улица на улицата Кардо, која од неа е оддалечена околу 65 метра, така што сега ја знаеме должината на еден од градските квартови кој се протегал во правец исток- запад. Би требало понатаму да се открие уште една улица, со што би се дефинирал еден цел градски кварт и објектите што се наоѓале во него. Ние го знаеме кореиумот и градската бања, но очекуваме да се појават и други објекти“ - вели раководителката на истражувањата, археологот, виш кустос Ленче Јовановска, која не е задоволна од динамиката со која се открива градот, и потенцира дека главна причина за тоа се малите финансиски средства.

Улицата Кардо како улицата во Ефес



Според Јовановска за да се истражи еден римски град со големина на Скупи, треба да поминат низа години за да се дефинира само еден објект.

„Со финансиските средства кои ги добиваме може да дефинирате само еден до два ѕида, во текот на истражувањата. Од тие причини, и поради тоа што конзервацијата доцни зад ископувањата, ориентирани сме кон дефинирање на стратиграфијата и инфраструктурата на уличната мрежа и користиме сондажно истражување, по кое земјата се враќа назад. Сакаме да ја додефинираме и доистражиме улицата Кардо, за да може идната година таа и да се конзервира. Тоа е улица со импозантни димензии, со широчина од осум и пол метри и западен и источен тротоар со димензија од два и пол до три метри, со колонада која ги дели тротоарите од улицата. Ги имаме сите елементи за реконструкција и тоа дури во две фази. Кога би се реконструирала во должина од 150 метри, може да биде и поатрактивна и поубава од улицата во Ефес, на кој сите и се воодушевуваат. Таква улица може да добиеме за неколку години“ - вели археологот Ленче Јовановска.

Атрактивноста на Скупи



Скупи е навистина атрактивен локалитет. Додека се очекуваат одобрените средства од италијанската влада со кои истиот треба да се уреди за културен туризам, неговиот сегашен пријатен амбиент го прават и зелената трева, насадените цвеќиња, уредените бараки, што е реткост на археолошките локалитети во Македонија. Атрактивноста лежи во неговвата површина и напластената историја. Во обѕидието има 43 хектари, но поради малиот обем на истражувачките работи на Скупи, досега археолозите отвориле, само 2- 3% од просторот, датиран од 4-6 век.

„Од 1- 4 век имаме откриено само нешто малку од театарот, значи ниту еден процент од тој период“ - потенцира Јовановска, која, во оваа прилика, го истакна и задоволството од покажаниот интерес на британската група археолози, кои пролетва држеа семинар во Скопје, а од сите локалитети во земјава, го одбраа Скупи за есенва на него да реализираат пилот - проект, кој подразбира површинско истражување на теренот со геомагнетни сонди за лоцирање и утврдување на обзидието на градот и евентуално лоцирање на објекти во него. Се очекува тоа да овозможи во иднина, британските археолози во соработка со Музејот на град Скопје да реализираат и заеднички истражувања.
 
Утрински весник

 


НА КАЛЕ - ПРОНАЈДЕНИ ТЕМЕЛИ НА СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВА


 


Поминаа речиси три месеци откако започна копањето на скопско Кале. На овој проект се ангажирани 250 луѓе, од кои повеќето се студенти по археологија, раководители на одделни сектори за истражување, меѓу кои и Љубинка Џидрова и Марјан Јованов од Институтот за историја на уметноста и археологија, м-р Силвана Блажевска, м-р Антонио Јакимовски и м-р Златко Видески од Музејот на Македонија, како и м-р Кирил Ристов од Музејот на град Скопје.


Иако на почетокот на истражувањата постоеле сугестии тие да бидат од затворен тип, сепак е одбрана сегашната отворената опција, со која според раководителот на истражувањата, археологот Драги Митревски, секој има можност да дојде и да види како се истражува. Во методологијата на модерното археолошко работење има еден многу важен момент, се настојува во урбана средина каде што има локално население, да се работи што е можно поотворено. На тој начин населението има можност да се запознае што се случува на неговата територија, за да може да изгради некој однос кон тоа наследство, да се грижи за него, да го чувствува како свое. Доаѓаат луѓе секојдневно, се сликаат, се интересираат, се носат групи ученици и гледаме дека навистина има ефект.
Позборувавме со раководителот на проектот  Проф. д-р Драги Митревски  за досегашните откритија на Кале и за сето она што се случувало на таа локација пред многу векови.

Што е откриено за овие речиси три месеци?


 
Ископана е поголема површина од неколку илјади квадратни метри и се надоврзавме на старите истражувања кои беа направени пред 40 години, но тие беа од помал обем. Сепак, ова не значи дека ќе го истражиме цело Кале, бидејќи тоа бара повеќегодишна континуирана работа. Потребно е време за да се истражи секој локалитет, а особено овој, бидејќи станува збор за град со долговековна историја со многу дебели напластувања на човеково живеење со илјадници години. На некои места имаме ископано и по пет метри во длабочина и се' уште наидуваме на остатоци од човеково живеење, а до здравата геолошка структура на некои места има да се копа уште толку. Досега откривме остатоци од енеолитскиот период. Тоа е време 4.000 години пред новата ера и, најверојатно, тогаш е настаната првата населба на Кале. Уште тогаш луѓето ги увиделе поволностите на земјиштето и формирале населба. Оттогаш во континуитет тој локалитет постојано бил користен за живеење до периодот по Втората светска војна.

По енеолитскиот период мислевме дека има целосен континуитет во сите периоди, но, според тоа што го откривме досега, произлезе дека, сепак, во некои праисториски епохи не се користел тој простор за живеење како што е, на пример, железното време, но тоа не значи дека воопшто немало живот таму, бидејќи остануваат огромни површини кои се' уште не се истражени. Има остатоци од раноантичкиот период што укажуваат на населба од помал обем. Во римскиот период, првите пет века од нашата ера, нема живот, бидејќи во овој регион главен град бил Скупи и таму е концентриран градскиот живот, но од доцната антика повторно почнува да се користи овој простор за живеење и најинтензивно е живеењето во преттурскиот период. Тогаш се гради населба заштитена со високи дебели одбранбени ѕидови и станува најмоќно место во овој регион. Со потпаѓањето под турска власт, Турците го согледуваат значењето на овој град и неговата моќ и продолжува животот и во целиот турски период и практично до втората половина на 20 век на Кале има живот.



Какви материјали до сега се пронајдени?

- Во јужниот бедем на скопското Кале во 12 и 13 век имало работилници за преработка на бронза, за топење и обработка на бронза и обработка на предмети. Моментално има сериозни индиции за постоење и на црква на тој простор од преттурскиот период. Има премногу елементи што укажуваат на тоа, како што се архитектонска пластика, остатоци од фрески, погребувања на христијани... Сите тие елементи укажуваат дека на овој простор се наоѓала и христијанска црква и само прашање на време е кога ќе биде откриена.
Досега најдовме огромна количина керамички материјал, керамички садови, од средновековниот и турскиот период и има огромен број монети. Археологијата со своите методи сака да проникне во човековото минато и тоа благодарение на пронајдените предмети кои зборуваат за карактерот на градбите, за густината на населеноста на одреден простор и за многу други работи. Неодамна најдовме еден многу симпатичен експонат од доцното бронзено време од 11-12 век пред нашата ера, керамичко свирче кое се' уште испушта прекрасен звук како пред 3.000 години во облик на риба. Преку материјалните остатоци успеваме да реконструираме дел од материјалната култура на еден народ, цивилизација, да проникнеме и во духовната култура, но тоа што не можеме да го реконструираме е нивната музика и нивните звуци кои се многу важен дел во живеењето на секој народ. Неодамна, на еден друг локалитет беше откриена и топчестата флејта и сега имаме можност да го слушнеме звукот што го произведувале луѓето пред 3.000 години. Тоа е посебен момент.

 Досега се пронајдени и делови од фрескоживопис, првично датиран во 13 или 14 век. Тие веднаш се однесени на конзервација во лабораторијата на Музејот на Македонија.
 
Фрескосликарството е пронајдено на ѕид во секторот со кој раководат археолозите Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура од Прилеп и Љубинка Џидрова од Музејот на Македонија.

- Фреските ги пронајдовме недопрени. Има и поголеми парчиња. Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис. Веројатно се од 13 и 14 век. Пронајдовме и камен-бигор, карактеристичен за горни делови од црква. Но, се' уште не сме пронашле темели од храм. Имаме индиции каде приближно се наоѓа, но тие делови се' уште се затрупани и допрва треба да ги истражиме - објаснува Џидрова.

Местото го посети и Архиепискотот Охридски и Македонски Господин, Господин Стефан ... и беше видно заинтересиран за наодот ...
 

Во близината на местото каде беа најдени деловите од фреските е пронајдена и надгробна плоча со старословенски натпис.



 
 


Во доцниот среден век, на скопското Кале, изворите соопштуваат, постоеле најмалку три црковни храмови кои се уште не се убицирани на теренот. Имено, Скопје, во времето на српскиот крал Милутин (1282 - 1321) постепено почнува да се издигнува во важен центар на овој дел од Балканот. Во негово време, во Скопје, се градат и обновуваат поголем број црковни храмови и манастири. Дел од манастирите располагаат со имоти во скопско, но и пошироко. За ова сведочат грамотите од времето на Милутин и царот Душан (1331 - 1355) каде поименично се спомнуваат сите имоти кои им биле подарени на конкретните манастири во Скопје.

Меѓу средновековните цркви кои се наоѓале во утврдениот град Скопје, со својата монументалност, предничел  храмот посветен на Св. Богородица Троеручица. Иако за прв пат се спомнува во грамотата на српскиот крал Милутин од 1300 година, сепак, се смета дека истиот постоел и порано. Подоцна, во времето на царот Душан, црквата станала седиште на Скопската Митрополија. Токму во неа, на 16-ти април 1346 година, било извршено крунисувањето на Душан. Подоцна, на 21-ви мај 1349 година, во Скопје бил објавен и познатиот Душанов законик. Се претпоставува дека Законикот бил официјално објавен токму во црквата Св.Богородица Троеручица.

По паѓањето на Скопје во османлиски раце, во 1392 година, Црквата Богородица Троеручица постепено почнала да го губи својот сјај. Стотина години потоа, или поточно во 30-те години на XVI црквата била разрушена. Оттогаш повеќе не се спомнува во изворите.

Од времето на кралот Милутин се датира црквата Св.Прокопиј како и манастирот Св. Јован Крстител. И за овие два објекти се претпоставува дека се наоѓале на скопско Кале. Подоцна, по разурнувањето на црквата Богородица Троeручица, манастирот Св.Јован Крстител станал седиште на Скопската митрополија. Разурнат е во 1688 година.


Професорот и раководител на проектот, господинот Драги Митревски е особено чувствителен на прашањата за бројот на црквите кои би можеле да се пронајдат на Кале, како и на прашањето за локацијата на Јустинијана Прима. Неговиот став е  дека постојат многу индикации за тоа дека  Јустинијана Прима е токму  на Кале, дека на Кале имало многу повеќе Цркви, а не само три, но дека археологијата е сериозна наука и од тој аспект не смее да се говори за претпоставки. Едноставно, вели тој, треба да пронајдеме, да ископаме докази за активен живот од периодот на 6 век, па потоа да зборуваме за Јустинијана Прима. “Не велам дека тоа нема да се случи, туку велам дека сеуште не сме до таа фаза.“



Неколку денови, после нашето интервју со господинот Драги Митревски-раководител на проектот на Кале, на наше големо задоволство  медиумите објавија:


 
 


НА КАЛЕ ОТКРИЕНИ ОСТАТОЦИ ОД ЦРКВА [13.06.2007]

 


преземено од Волан

 Долж јужниот одбранбен бедем на скопското Кале, на најдоминантниот негов дел, археолозите открија остатоци од црква, која според градбата и пропратните елементи потекнува од подоцнежниот среден век.

Претспоставките се дека црквата била градена и обновувана во периодот на 12, 13 и 14 век. Има доста керамика и неколку гробови, кои покажуваат дека црквата била во употреба неколку векови во средниот век.
Тоа е христијанска црква - вели професорот Митревски, додавајќи дека сето тоа е поткрепено со безброј наоди на движен материјал, кои се пронајдени во гробниците околу црквата.



подготвиле: М.З./К.Т.

 


Големо Откритие во Охрид

 

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник

Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од 3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината, археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е.

- Покрај керамиката, излезе исклучителен наод. Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу. Тоа е Дедал, научникот, архитектот, таткото на Икар. Засега нема друга аналогија. Барав податоци и во стручната литература и на интернет. Слично, со крилја бил претставуван и Аполон, но тој секогаш има лик на млад човек - објаснува Кузман.

На локалитетот се работи на големо. Околу 330 луѓе ги покриваат сите простори под археолошкиот комплекс Плаошник. Целта на археолозите е да дојдат до податоци каде се наоѓале темелите на Светиклиментовиот универзитет. Земјиштето на локалитетот се спушта каскадно. Северно од реконструираната црква „Свети Климент“ археолозите ги пронашле најновите хоризонти на живеење - од шеесеттите години.

- Откопавме калдрми, каналчиња, куќи... Ова беше турско маало, се' уште ги паметам. Потоа луѓето се преселија во Турција, некои во градот. Интересно е за туристите да ги видат калдрмите од минатиот век - вели Кузман.

Ископувања се вршат околу црквата, која се наоѓа во огромна, трибродна ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, која имала и крстилница и во своето време била еден од најголемите храмови на Балканот. Таму на ископувањата во претходните години археолозите пронајдоа мозаици што сега се кренати и однесени на конзервација.

- Го искористивме овој момент за да ги „фатиме“ постарите хоризонти. Почна да излегува керамика од периодот на македонскиот хеленизам, околу 3 и 2 век п.н.е и мат сликана керамика, околу пет века постара, од геометрискиот период во медитеранскиот културен круг. Наоѓаме фрагменти, нема цели садови. Слични предмети излегуваа и на ископувањата на Самуиловата крепост, во изминатите години. Тоа значи дека во тоа време тука имало развиена населба која се протегала од Самуиловата тврдина до Плаошник - објаснува археологот.

Тој вели дека многу се значајни предметите што се вбројуваат во групата македонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Археолозите пронашле бокалче и сатче, кои веројатно имале култна намена.

- Досега ги пронаоѓавме само на локалитетите во источниот дел на Македонија, каде што порано се простирала Пајонија. Македонските бронзи се типични за старомакедонската културна група. Ова покажува дека се протегала и на овие простори - категоричен е Кузман.

Археолошките ископувања на Плаошник, ги финансира Владата, во рамките на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид“.

Научник, архитект, првиот митолошки летач

Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.

Весна Ивановска - Дневник

 


Бронзена фигура стара преку 2.300 години откриена на Плаошник



Бронзена фигура стара преку 2.300 години откриена на Плаошник

 

Александра Бубевска

23.05.2007

 

Бронзената фигура на човек со крила, наречена „Дедал“ е пронајдена под мозаичната површина на археолошкиот локалитет во Плаошник во Охрид. Била откопана пред два месеци, од црвена земја која содржи најмалку хемикалии и придонела фигурата да биде сочувана.


Била обвиткана со голем слој на платина, па во прв момент не се знаело за каков предмет се работи. Откако ја исчистиле, археолозите сфатиле дека ова е единствено откритие, слична фигура досега не е пронајдена никаде на Балканот, а и пошироко.

„Досега во литературата не сме нашле, ако некаде го кријат во некоја депо како јас што ги кријам археолошките предмети во депо, бидејќи не можам да ги изложам, тогаш можеби има, ви литературата не сме сретнале, на интернет не сме нашле, ова е единствен археолошки експонат, кој што не знам колку ќе им се допадне на нашите комшии, но нас многу ни се допаѓа“, изјави Паско Кузман, директор на Управа за заштита на културно наследство.

„Веројатно претставувал украс, но во некоја симболична смисла. Како дошол тој култ на овие простори, тоа треба да го проучиме, бидејќи ова е навистина ретка работа, најдена на Плаошник во Охрид, што значи, сигурно има некое трнасконтинентално значење, кое сега правилно не можеме да го детектираме“, додаде Кузман.

 

Бронзената фигура на „Дедал“, наречена така според старогрчкиот мит за таткото и синот Дедал и Икар, кој е од непроценлива вредност, но кога би се нашла на аукција, нејзината најмала цена би изнесувала еден милион евра.

Денеска, ова исклучително археолошко откритие, прв го разгледа премиерот Груевски. Фигурата под специјални услови ќе се чува и истражува во Музејот во Охрид.
 

 



 

Претставена скулптурата на митолошкиот летач Дедал откриена на Плаошник


 
 Скопје, 23 мај (МИА) - Последното големо археолошко откритие скулптурата на митолошкиот летач Дедал откриена неодамна на локалитетот Плаошник во Охрид, денеска првпат беше презентирана пред премиерот Никола Груевски и пред медиумите.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паскo Кузман изјави дека премиерот Груевски е најзаслужен за пронајдокот.

- Бронзената скулптура е најверојатно единствена од ваков вид на Балканот и пошироко, бидејќи досега слична на неа нема забележано во стручната литература. Се претпоставува дека датира уште од вториот век пред нашата ера. На која било светска аукција почетната цена на охридскиот Дедал бил била најмалку милион евра, истакна археологот Паско Кузман, оценувајќи го како непроценливо историското значење што го има оваа фугура за Македонија.  

Археолошките ископувања на Плаошник ги финансира Владата во рамките на проектот за возобновување на Свети Климентовиот Универзитет во Охрид. рп/ссм/19:58

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 105
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 250
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 372
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…

Беседи

БEСEДА  за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »