логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

„Скопје ривајвл“ пред скопската јавност со предмети од Калето од праисторијата до 20 век

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ-Утрински весник

Изложбата која долго се очекуваше во домашната културна јавност, особено меѓу историчарите и археолозите на Балканот - „Скопје ривајвл“ ќе се отвори денес во 20 часот. Центарот на настанот е Музејот на град Скопје, каде веќе се поместени арте фактите најдени при ископувањата на скопското Кале во текот на оваа година.

Според истражувачите од екипата, која повремено броеше и 200 лица, главно историчари на уметност и студенти, најдени се многу вредни предмети кои сведочат за минатото на градот од праисторијата се до дваесеттиот век.

Изложбата ќе ја прогласи за отворена премиерот на Владата - Никола Груевски а се очекува да говорат д-р Драги Митревски, кој раководеше со ископувањето и директорот на Музејот на град Скопје - Јован Шурбаноски.

Ископувањата на Кале беа мета на напади на невладиниот сектор кај некои Албанци (особено „Разбуди се“) која тврдеше дека цел на истражувањето е уништувањето или сокривањето на арте факти кои би говореле за илирскиот период. Други Албанци ја смируваа тензијата (како респектираниот д-р Аритон Цека, археолог од Скопје) тврдеше дека се работи за тврдина од 9. век која не може да сведочи за период што во принцип не може да го содржи во своето подземје. „Скопје ривајвл“ оттаму јавно ги открива сите оние предмети кои вредните раце на ископувачите ги најдоа работејќи во едно исклучително жешко лето и говорат за отвореноста на културните фактори во однос на дострелите на целиот потфат.

Најзначајните арте факти говорат за еден доста интензивен живот на Калето од 10 до 14. век. Ѕидиштата потекнувата од 10 век. односно од времето кога на овој простор владеел царот Самуил. Доколку се создадат услови на тоа место би требало да постои подолготраен истражувачки центар, а таа намера би требало да најде своја резултанта во некакво ново урбано решавање за овој простор на градот Скопје, вели раководителот на проектот д-р Драги Митревски.

Изложбата беше закажана за 8 декември, па одложувањето, заради неинформирањето во медиумите (што е неразбирлив пропуст, бидејќи организаторите навреме го пријавиле новиот термин, донесе пред вратите на Градски музеј во саботата навечер повеќе стотина љубопитници.
 
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 315
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 776
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1008
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »