логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Духовниот отец треба да го процени видот на односот што човекот го негува или има кон Бог и со соодветен „јазик“ и однесување кон него да му помогне во неговото духовно растење од роб, преку наемник до чедо Божјо. Без оглед на соодветниот „јазик“ и однесување, духовниот отец мора да ја сочува својата љубов кон човекот.

Секоја Црква, историски, во моментот на нејзиното признавање имала своја „мајка Црква“ или, поточно, Црква заштитничка. Откако „мајката Црква“ ја признава суштински, преку заедничко сослужување на светата Евхаристија, автокефалноста на дотогаш непризнатата Црква, од тој момент двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што означува дека тука нема место за никаква ерархиска потчинетост или некаква административна зависност на едната од другата Црква.

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои единствена љубов од која како плодородна река истекува милосрдието кое за сите мудрости од овој свет е лудост, зашто од христијаните се бара љубов совршена, љубов нелицемерна, љубов не само кон кон пријателите, но и љубов кон непријателите.

Должни сме значи, соодветно на условите, дури и во војна постои конвенционално војување; непријателот да го нахраниме, и кога е на студ – да му дадеме облека…  Ќе рече некој; нелогично, парадоксално. А, дали е логична омразата против непријателот? Зборуваме за човек – непријател, дали е логично човек да се мрази дури и ако ни е непријател? Омразата секогаш ги уништува и омразениот, но и оној што мрази.

Човекот, пак, по природа е создаден за тоа Царство, создаден да биде учесник во Божјата природа. „Надвор од Црквата нема спасение", и самата Црква е спасението. А спасението е откровение на вистинскиот пат, и таа вистина се наоѓа и се открива само во Црквата. Полнотата на откровението постои само во тајната на воплотувањето, бидејќи овде не се открива само Бог, но и човекот. Бог, Кој владее со Своето Царство - Црквата

По која цена Тој нам ни ја нуди Својата победа? По евтина цена браќа и сестри; по многу евтина цена браќа и сестри мои.Тој нам ни ја дава најскапоценат победа. Да се понизиме и покориме на Божјата волја- тоа е цената која Тој ја бара за да би  победил ѓаволот за нас.да живееме за Него, а не за себе си, да го вселиме Него во своето срце - тоа е цената која Тој ја бара да би ја победил смртта за нас.

Оние што живеат телесно секогаш имаат мудрување во себеси, затоа што се потполно телесни. Тие не можат да Му угодат на Бога; нивниот ум е помрачен, зашто ја немаат божествената светлина. Над нив се надвиле облаците на страстите, како некои вистински ѕидови, ги оградуваат од духовните светилници; затоа се во постојана темнина.

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што Евреите не очекувале оттаму ништо особено и говореле: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет" (Јн. 1:46). Не многу време пред Раѓањето на Христа во Назарет живееле сопружниците - Јоаким и Ана.

 Uspenie.Bogorodica.jpgОна нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ научи Кој Е апсолутна слобода. Она нѐ научи Кој Е одрекување од овој свет. Она нѐ научи Кој Е небесно смирение. Она нѐ научи Кој Е непрелестно кружно движење на умот во Бог, односно благодатна умно-срдечна молитва. Она нѐ научи Кој Е совршена заедница со Бог. Она е новиот, личносен однос со Бог.

7.Vselenski.soborЧестопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од искуство тврдат дека мамат и дека нема што да губам време со нив? Иако често и јас ја имам истата проценка, им одговарам дека човекот досега мене лично не ме излажал и дека должен сум да му дадам шанса, можеби после односот со мене ќе се промени. И така, ако ме излаже, нема да има никаков проблем со мене, туку – за среќа, директно со Бог.

prepsisoe2017 11Св. Кипријан Картагински вели: „Каде што е епископот таму е и Црквата". Оваа доктрина е развивана во долгата дваесетвековна традиција на Христовата црква. Но, истата се дополнува, односно, каде што е народот, возглавуван од својот архиереј, тоа е полната и вистинската Црква Христова, а глава на Црквата е Самиот Господ Исус Христос.

Праќајки го да се измие на бањата Силоам, Тој всушност го упатува секој човек најпрво на св. Крштение, за да му бидат отворени и очите на неговата душа. Незнабожечкиот народ го прифаќал Христа, а додека еврејскиот, со мали исклучоци, го отфрлил. Еврејскиот народ го предал Христа на страдање и смрт, а незнабожечкиот страдал и бил убиван за да биде со Христа.

Слободата значи одговорност. Одговорната слобода поставува ограничувања на задоволувањето на желбите заради слободата на другиот. Вистинската христијанска слобода не се здобива со општествени бунтови, туку со стекнување на внатрешна слобода од гревот, кој има егзистенцијални последици.

SPE_8937Свети Наум е и мудар духовен отец и учител,  драги браќа и сестри бидејќи достојно го продолжил делото на свети Климент во Охрид.
И уште, свети Наум е и преподобен, оти посакал последните години од својот живот да ги помине во молитва, покајание и плач, за целосно исчистен да застане пред Оној,

Сконцентрираноста, нерасеаноста, задлабоченоста на умот во молитвата  е најтесно поврзана со начинот на живот на светителот кој денес го празнуваме. Спротивно; расеаноста, површноста е еден од главните белези на денешниот начин на живот.

Успение на Пресвета Богородица, детаљ.Но дали природата на светот, на светот видлив и на светот невидлив има некаков заеднички именител со злото? Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло.Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло. Природата на светот е светоста.

 Како се објаснува решителноста на простите рибари веднаш да тргнат по Христа? Човековата душа е дадена од Бога, и таа се стреми кон Бога, копнее по правда, бара вистина, чезнее по неа. Така било и со првите апостоли. Нивните души биле чисти, прости, невини како детските. Христос овоплотената вистина, вечната правда завладеал со нив. Христос ги учел од ловци на риби да бидат ловци на луѓе, ги направил проповедници на новиот живот,

Секогаш беше радосен, се шегуваше. Беше многу благодатен човек. Кога почина отидовме да го погребаме. Кога му ги симнаа обувките. - Ќе се стресете, деца, долу, каде што е стапалото, му се гледаа коските! Месото го немаше! Разбирате ли?... И покрај тоа одеше два пати во седмицата во Кареја, им служеше на сите отци наоколу, гладуваше, секогаш беше натоварен, тој никогаш не се жалеше.

СлепородениотОд аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Т

Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил на проповед, бидејќи Христос ја започна Својата мисија на земјата не со проповед со премудри и неразбирливи зборови, туку со дела кои го сведочеа Неговиот збор, словото на Божјото Слово.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 73
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 51
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 159
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…