логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кога се зборува за празникот Педесетница, тогаш неопходно е да се разликуваат два моменти: прво, периодот од педесет дена после Воскресение, кога се славеле повеќе настани поврзани со Христовиот живот на земјата, и второ самиот ден Педесетница, кога се славел споменот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Во вториов случај, заедно со Слегувањето на Светиот Дух се славело и Вознесението Христово. Одделувањето на овие два празници се случило кон крајот на IV век и после Вториот Вселенски Собор,

Бог неретко се смета за врховно и вечно Битие без име и без почеток, кое има суштина или природа од вечноста и кое се разликува од светот по тоа што постои на посовршен начин од него. Според мислењето на некои философи: светот Му сопостои на Бога, додека други сметаат дека Бог е Творец на светот. Така бил сфаќан Бог од страна на многу философи пред Христа, а и после Неговото доаѓање.

Значи, треба да се стремиме кон почесто причестување, но подготвени. Рековме, целиот наш живот треба да биде подготовка за тоа. Оние што живеат под духовно раководство: се трудат да живеат според Божјите заповеди, ги пазат постите, го исполнуваат молитвеното правило, го читаат редовно Светото писмо, се исповедаат и имаат благослов од духовникот, можат редовно да пристапуваат кон Причеста. И причестувањето да биде дел од еден нормален животен ритам.

Треба да знаеме, дека Светата Причест ние не ја добиваме како награда или „бонус“ за некои наши подвизи, дека сме биле свети, туку тоа претставува Дар од Бога којшто го примаме од послушност. Никој никогаш нема да биде достоен за Причест, ние неа ја примаме единствено по милоста Божја. Но, ова не значи дека не треба да сме подготвени за да го примиме овој Дар.

Кога се говори за Литургијата, неминовно треба да се опфати и прашањето за причестувањето: имено, колку пати треба да се причестуваме и како да се подготвуваме за тоа? Поаѓајќи од содржините на литургиските молитви, очигледно е дека смислата и целта на Литургијата е самото причестување. Причестувањето на секоја Литургија било норма во раната Црква. Св. Василиј зборува дека во нивната област во негово време (4 век) се причестувале 4 пати во неделата…

Споменувањето преминува во Принесување: „Твое од Твоите, Тебе Ти принесуваме, за сите и за сè“. Тука завршува нашето издигање, нашето движење кон Бога, а сега имаме обратен процес: Бог ги прифаќа нашите дарови, по дејството на Светиот Дух се претвораат во Самиот Христос и стануваат наши Дарови (затоа се викаат така, бидејќи тоа се Дарови што Бог нам ни ги дарува). Се случува епиклезата (призивот на Духот): Го молиме Бог Отец да Го испрати Духот „врз нас и врз принесените дарови“,

Литургијата се нарекува Евхаристија (грч. Благодарење). Благодарноста претставува суштина на нашето постоење како создадени битија. Тоа е начин на живот, на пристап и однос кон Бога, Изворот на нашето постоење. Адам требало да биде свештеник, т.е. во едно благодарно претстоење кон Бога, Нему да Му се принесува самиот, а преку себе и целиот свет. Но, тој не успеал во ова, па затоа Христос ја исправил оваа грешка со Својата мисија,

Откако огласените излегле, свештеникот ги чита молитвите на верните и започнува подготовката за Свештената Трпеза: свештеникот го одмотува антиминсот (платното) врз кое ќе бидат положени Даровите. Иже херувими е песна, чија содржина нè подготвува за она што следи: учеството во Трпезата. Следува Великиот вход на кој се принесуваат подготвените елементи (лебот и виното). И овој вход понекогаш се толкува символично, како одење на Христос на Голгота, но принесувањето на лебот и виното, всушност, претставува движење на целата Црква, таа сe...

Светата Литургија (Евхаристијата) е Света Тајна на светите тајни. Во Литургијата верните се остваруваат во она што станале преку Крштението, имено членови на Телото Христово, коешто е Црквата. Литургијата е икона (образ) на Царството Небесно и негово пројавување во историското време.

Ние веруваме во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква. Такво е христијанското предание за Црквата, предадено од отците, потврдено на Соборите, чувано во текот на вековите во христијанскиот свет.
Ниту еден верник никогаш не се посомневал во исповедањето на овие четири својства на Црквата, чија вистинитост тој ја чувствува со оној инстинкт на вистината, со онаа способност, својствена на секој син на Црквата,

232. Дали постојат знаци на Второто Христово пришествие?
Во Божјото слово ни се откриени некои знаци за приближување на Христовото пришествие. Имено, тие се: намалување на верата и љубовта помеѓу луѓето, намножување на пороците и сиромаштијата, проповедање на Евангелието на сите народи, пришествие на антихристот (спореди Мт. 24 глава).
233.Кој е антихрист?
Антихрист е противникот на Христос, кој ќе се обиде да го истреби христијанството, но сам ќе погине на ужасен начин (2 Сол. 2, 8).
234.Што е Христовото Царство?

 „Многу научници веруваат во Бога. А оние кои велат дека занимавањето со наука го прави човекот  атеист, веројатно се патетични луѓе“.

„Науката го остава прашањето за Бога целосно отворено. Таа нема право да  го расудува“.

Светото писмо во однос на создавањето на светот ни го откри тоа дека во почетокот Бог ги создал небото и земјата. Земјата била неоформена (или без облик, односно го немала изгледот кој нам ни е вообичаен) и пуста. Затоа, Бог постепено го создал (сето она што е на небото и на земјата). Во првиот ден – постоењето на светот. Во вториот ден – тврдината, или видливото небо. Во третиот: водата на земјата, почвата и растенијата.

 Нашата плот со нејзините страсти и похоти можеме да ја распнеме преку воздржание од нив, како и преку дејства кои им се противположни на страстите. На пример, кога гневот нѐ побудува да му злословиме на непријателот и да му правиме зло, ние, сепак, ќе ѝ се спротивставуваме на таа желба; спомнувајќи си како Исус Христос на крстот се молеше за Своите непријатели, па така да се молиме и ние за нашите, и на таков начин ќе ја распнеме страста на гневот.

Во Символот на верата откако е кажано дека Бог се воплоти, додадено е дека Тој и се вочовечи. Тоа е направено за никој да не мисли дека Синот Божји примил само плот или тело, туку за во Него да признаат совршен Човек, Кој се состои од тело и душа.179. За тоа постои сведоштво во Светото писмо. Апостол Павле пишува: еден е Посредникот помеѓу Бога илуѓето - Човекот Христос Исус (1 Тим. 2, 5).

Со силата на благодатта што божествениот Павле уште ја нарекува и „оклоп“,човекот може правилно да расудува и да го испитува злото и да го одбира доброто. Сега може да се спротивстави на „началствата, властите, на светските управители на темнината од овој век“, како што ни пишува светиот апостол Павле (Ефес. 6, 12). Тој оваа сила на благодатта ја нарекува уште и „наше оружје“, кое, како што појаснува

Возобновувањето на човечката природа преку Христа едноставно не го ослободи човекот само од трулежот и смртта, туку ја надмина состојбата пред падот и го удостои  со обожувањето и „доближувањето“ кон Отецот. Човечката природа, привлечена од Христа, преку благодатта на Светиот Дух стана победник над распаѓањето и смртта и беше воведена во животот на Телото Христово,

 sv.filaret.moskovski.jpg146.Што говори Светото писмо за едносуштноста на Отецот и Синот?
    Во Светото писмо Самиот Исус Христос за Себе и за Бог Отецот вели вака: Јас и Отецот едно сме (Јн. 10, 30).
    147.Што значи: преку кого сѐ стана?

sv.filaret.moskovski.jpg66.Што е Символот на верата?
Символот на верата е учење за тоа во што треба да веруваат христијаните. Тој е изложен во кратки, но точни зборови.
67. Како гласи Символот на верата?
1. Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на сѐ видливо и невидливо;
2. И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина,

ikonaСветителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1209
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1752
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1168
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…