логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Episkob.Stobiski.JakovИмаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со блудна помисла. Секој од нас знае низ каква агонија поминува во својата духовна борба за да се избори само со една и единствена помисла за таа да не се спушти во срцето. Да се подвизуваш значи да бидеш маченик. Многу е лесно да се предадеш на наслада, но само мачениците имаат удел во Царството Небесно.

7.Otroci

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и му дава на човекот можност да стане бог. На Божик, одново и одново, ни се открива Христос, Кој на земјата донесе мир и меѓу луѓето блага волја. Во ближниот свој сега можеме да Го видиме Бог, и Бог станува наш брат и пријател.

ROZDESTVO.HristovO3

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e eдна тeмна пeштeра, штo самo eдинствeнo Oн мoжe да ја oсвeтли.Вo Витлeeм сe рoдил Гoспoд, а Витлeeм значи дoм на лeбoт, за да пoкажe дeка Oн e eдинствeниoт лeб на живoтoт, дoстoeн за вистинскитe луѓe.

KAPSANIS.BOZIKОваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште сме ограничени во времето, бидејќи сме телесни луѓе и уште не сме одврзани од врските на овој привремен живот. Меѓутоа, по благодат, уште од сегашниот живот имаме учество и претвкус на идниот век, на бесконечното Царство Божјо.

7.Vselenski.soborЦарoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки грeва, за прeљуба и за убиствo, нo кoга Натан, прoрoкoт Бoжји гo изoбличил, тoј бoлнo извикнал:Згрeшив прeд Гoспoда! Гo испoвeдал свoјoт грeв и сe пoкајал гoркo, прeгoркo. И скрушeнo Му сe мoлeл на Бoга, плачeјќи, пoстeјќи, лeжeјќи на зeмјата, и пoднeсувајќи смирeнo страшни удари...

Ако се соберат богатствата од сиот свет и се стават во една чаша на вага, а на другата- Божествената Литургија, тогаш чашата на Божествената Литургија ќе ја надмине скалата. Само што човекот не разбира, какво богатство тој има, се додека, тој благослов не му се одземе. За жал, човекот не го цени ни сонцето, ниту воздухот, ниту светлината.

Од Бога испросен и на Бога посветен бил Самоил пророкот и водачот на израилскиот народ. Блажена Ана, неговата бездетна мајка, со солзи и со жртви го испросила од Бога. И него, единецот, најголемото свое богатство, го предала од самото детство на служење на Господа. Мудрата мајка своите деца не ги смета за свои туку за Божји. Божји се и кога Бог ги дава, Божји се и кога Бог ги зема, но најмногу се Божји кога самата мајка ги посветува на Бога.

7.Vselenski.soborИако деветмината ја имале правата вера, и како такви биле излекувани, а само овој туѓоверец го прославил Бог и само тој го стекнал спасението.
Формалноста не лекува, туку суштината преку личносниот однос кон Бог. Затоа и овој “незнабожец”, се вратил и му заблагодарил како еден повисок степен на личносен однос. За Бога сите се исти. Се зависи од нашиот однос кон Него.На никој не му е загарантирано спасението само со тоа што ќе се роди како православн христијанин.

7.Vselenski.soborЕдинствено на овој начин, преку благодатта на Светиот Дух, нам ни се открива нашата несличност,
нашата неподобност со Оној Чие Име носиме,
со Оној пред Кого завети на Крштението сме дале,
со Оној Кого треба да Го сведочиме во овој свет,
со Оној со Кого се причестуваме на секое свето Благодарење (Евхаристија), и единствено на овој начин секогаш ја наоѓаме вината внатре во нас, а не надвор – не во другиот.

7.Vselenski.soborМнoгу филoзoфи ја испитувалe суштината на злoтo и спoрeд грубoста на свoјoт ум тврдeлe дeка злoтo e вo матeријата, дeка матeријата e злo. Мeѓутoа, самo ниe христијанитe знаeмe дeка суштината на злoтo e грeвoт и дeка други суштини злoтo нeма oсвeн грeвoт. Oттука e јаснo дeка, акo сакамe да
сe сoчувамe oд злoтo мoрамe да сe чувамe oд грeвoт.

vozdvizenie.jpgЗатоа Тој и им кажа: дајте им вие да јадат. Не очекувајте некој друг да го реши тој проблем, не земајте пасивна улога во решавањето на било кој проблем во животот. Не одложувајте ја помошта што можете да им ја дадете на луѓето. Не бидете скржави во милосрдието.

7.Vselenski.soborИ така, живеејќи во послушание и одрекувајќи се од својата волја, сите ќе живееме во Божјиот план за нас, и во Божјата волја и промисла за нас. И, кога ќе ја примиме таа телеграма дека ноќеска ќе ни ја побараат душата, нема да се вознемириме, оти сѐ што имаме, сѐ што сакаме, сѐ што љубиме на Христа Бога сме Му го предале. Па, и нашата душа нема да оди не знам каде, во некаков рај со јадење и пиење и други земни наслади, туку ќе оди во прегратките Христови.

7.Vselenski.soborЛуѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.
Клучна грешка што таквите христијаните ја прават е тоа што не го восогласуваат начинот на својот живот со степенот на духовниот развој, и со местото и улогата што ги имаат во Црквата и општеството.

7.Vselenski.sobor

 Денешното Евангелско четиво е точната дијагноза на потрошувачкиот менталитет на денешниот човек и последиците од тоа. Затоа треба да се посвети големо внимание и детално да се проучи. Господ Бог зборува за некој богат човек кој бил окупиран од грижата за стекнување материјално богастство. Во случајот да се работеше за сиромав човек таа грижа би била разбирлива за да обезбеди опстанок на своето семејство. Четивото вели дека нивата на богатиот човек родила но

 

 

7.Vselenski.soborКамо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и такви луѓе, кои Бог Го препознаваат како Оној Кој ги расипува нивните планови, Кој го „упропастува“ нивниот живот, и не Го гледаат како добар и благ, како љубовен и сострадален Бог. И во денешното евангелско четиво гледаме човек чии планови, желби и волја се апсолутно спротивни на Божјата волја и промисла за него самиот

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн чoвeк. Eдинствoтo на вeрата вo Христа Гoспoда ги сoeдинува луѓeтo пoсилнo oд крвта, пoсилнo oд јазикoт, пoсилнo oд надвoрeшнитe oкoлнoсти и матeријалнитe врски. Кoга мнoгу души мислат eднo истo, eднo истo сакаат и бараат,

7.Vselenski.soborПремногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој ропски да им служи ним. И еве, во денешната парабола е опишан токму таков човек, еден типичен егоист, потонат во своето себељубие, чиешто божество било сопственото јас. Погледнете само колку пати во една реченица тој ги присвојува за себе нештата што Бог му ги дал: плодовите свои, амбарите свои, сето свое жито и сите свои добра, душата своја. Свое, свое, свое…

7.Vselenski.sobor Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста кон човекот, кеносисот на Бога – движење од љубов, преку кое Бог излегува надвор од Себеси и ја наведнува небесата, слегува на земјата, доаѓа во нашиот свет и ја прима нашата човечка природа, која сме ја потчиниле на распаѓањето, болеста и смртта.

7.Vselenski.soborПосебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се вежбаат во доброто; како некој што постојано ни ги покажува нашите слабости и страсти и како одличен слуга во процесот на нашето самопознание.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 397
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…