логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Одговори на Вашите прашања



Прашање од Нена: Вас благослов отци,
Ве молам ако може да ми одговорите на следново прашање:Дали во православната практика постои термин духовна мајка? Имено дали можам да се исповедам на жена,монахинја, каков е ставот на Црквата за тоа? Почнав да постам од 2001 г.од Богородичниот пост, до сега само се имам исповедано групно(пред Причеста свештеникот ни каже да повтараме по него и ние сите заедно на глас повтараме молитва) и потоа ни даде Причест.Значи лично до сега немам пристапено на исповед а носам тежина како планина. Пред две год.моја комшивка се замонаши и со таа жена имам многу пријатни искуства , ми даваше  книги од животите на некои светци, кога полагав испит една книга ја носев во црквата во која помагаше таа и после четири пати полагање , конечно положив и знам дека нејзините молитви помогнаа ...Сега е во еден манастир , има друго име, но усте поблиска ми е и знам дека нема да ме осуди за теските гревови кои ги стори мојата душа.Сега и покрај тоа што постам , чувствувам тежина околу срцето и нема да пристапам кон Светите леб и вино ,Телото и Крвта на насиот Господ ако не се исповедам некому.А мислам на длабока искрена исповед, лична и тајна, знана само на мене и духовникот.Може ли да добијам одговор до Нова година за да знам како да постапам.Многу сум ви благодарна на вашиот труд што ова го правите и фала на Бога што интернетот служи и за убави работи како оваа што е.
Нека ви помогне нашиот Господ Исус Христос во она што го работите за народот наш македонски
Нена

 
 

Прашање од Зоран Пандилоски  од Тетово: Зашто на православните верници не им допуштате да симнат од вашиот веб сајт тоа шо го бараат и покрај сиромаштијата што го погодува обичниот човек неможе да дојде и до она што го бара, на пример како мене со плата од 100 еу и жена која работи на црно со две деца, родени на најубави православни празници машкото на Божик а малецката на Мала Богородица, зарем и црквата гледа сеир спрема сиромавиот од православно македонско семејство?

 

Прашање од „ Н“:

Сакам да ве прашам дали се верува во сонови, јас не верувам ама многу често сонувам. Пред една година мојот дечко погина во сообрќајка а сега три пати по ред го сонував кај што ме бара и ми кажува дека сака да ме земе. Дали можам да вервам во сонови? Фала однапред.


Прашање од Ана:

Пред да го поставам моето прашање, да ви кажам дека оваа страница на интернет е една од најдобро дизајнираните со духовна содржина, сеопфатна е и навистина човек може добро да се информира а и многу да научи. Многу, многу е добра.
Она што ме интересира е следно: Каде може да дадам облека, обувки, тетратки, дури и на пример дигитрон (имам два:), кои не ги користам повеќе?

Само чувам, собирам, сакам а незнам каде можам да ги дадам. Однапред благодарам на одговорот!


kalista.panorama.jpg

Одговор: Редакија на Преминпортал

 

Драга Ана, Ви благодариме што не следите, и се надеваме дека и во иднина ќе го имаме Вашето внимание.

Го објавуваме Вашето прашање, се со цел  заеднички да ги продискутираме опциите за донирање на облека, школски прибор, технички помагала и др. . Во нашата Влада- постои ресорно министерство, во државата- постојат  и хуманитарни здруженија, а и во рамките на црквата функционираат хуманитарни огранизации. Ветеран на тоа поле е Ѓаконија, под долгогодишно раководство на Владиката Повардарски г. Агатангел, во Скопје (Св. Петка, Св. Петар и Павле), во Велес, потоа хуманитарна организација во Преспанско- пелагониската епархија, а во рамките на МПЦ-МИЛОСРДИЕ , одберете некоја од посочените, а има и доста други зруженија.

 Можеби има  заинтересирани, да ја организираат и  искординираат акцијата  да собирање на облека и други помагала?

Го поставуваме предлогот на дискусија! 

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1005
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 967
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт....

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме...

« »