логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Одговори на Вашите прашања


Прашање од Марјан:

Најнапред благодарност на Господа, што секако преку Вас preminportal ни овозможивте подобро и подлабоко осознавање на вистината, преку мноштвото објавени материјали на страната. Искрен да бидам, имам 30 год. и веќе 2 год. сум во брак, имам и Духовник на кого се исповедам, гледам да сум редовен во црквата на Богослужбите и Литургиите и тоа го правам веќе долги години наназад. Знам и свесен сум дека сето тоа не е доволно од моја страна и дека треба многу повеќе да се трудам, бидејќи сето тоа што го правам е ситница. А, дека не сум бил на правиот пат наназад низ годините го дознав од пред некој ден, благодарение на прекрасните изворни материјали и текстови кои ги имате објавено на Вашата страна. Во животот немало никој за верата да ме поучи, роден сум од речиси некое семејство кое не е упатено воопшто во верата и кое живее од ден за ден и по пат на случајности како и многумина за жал. Во последно време има и некои мали надежи, да се надеваме ќе оди на подобор, Дај Боже! За среќа моите родители се покрстени, а фала му на Господа и јас. Но од постењето, присуството на Литургии, исповедта, причестувањето, итн. моите воопшто ниту знаеле, а за жал не ги ни интересира. Се\' настана од еден миг кога сам решив да се заинтересирам за нашата прекрасна вера и да почнам да навлегувам за многу работи сам да се интересирам, трудам, дознавам и упатувам. Имено што ми е целта на разговорот, значи и покрај тоа што имам Духовен свештеник и што присуствувам на Богослужбите и Литургиите во нашите цркви, толку време, сепак не живеев ни приближно како христијанин се\' додека не дојдов во средба со Вашите објавени материјали. Цело време бев човек со лоши и Богонеугодни карактеристики, лесно можев да експлодирам во разговор при одредени провокации на поединци, како на работа, така и со поединци во секојдневниот општествен живот (другари, пријатели, роднини, домашни, жена, итн.) значи многу лесно можело да се разгневам. Понатаму некој кога ќе ми нанесел некаква неправда или зло, повторно сум се рсрдувал и разгневувал, дури и постојано сум потклекнувал на помисли за како да возвратам. Не сум пружал доволно љубов со луѓето и околината. Лесно можел човек да ме налути и на сето тоа некој пат би се воздржал, но, доста често сум посакувал или да возвратам или пак сум и возвраќал без размислување, па, дури да се тепам, итн.

Исто така на работното место, бидејќи не сите, но, има луѓе кои доаѓаат на работа само заради тоа да на некого на било каков начин му напакостат и му нанесат неправда и зло, многу пати намерно, а може да е и ненамерно само Господ знае, таквите напади на мене, мојата личност и вредност многу ме погодувале, разочарувале за мојата иднина, бидејќи ако нешто што би ме погодило би било изнесено пред други луѓе кои би се јавиле како слушатели во моментот за мене претставува нарушување на мојот авторитет, каркатер и идентитет, за што кај мене во вкавите ситуации се појавува омраза кон ваквите луѓе, гнев, лутина и нетрпение.

Конечно фала на му на Бога, а и кој преку Вас успеав да дознаам каде бил проблемот или коренот на сите овие работи, пошто не знам како со друг збор да ги наречам, може и има некој друг збор или термин кои би ми го кажале во одговорот.

Имено со Духовникот често пати сум имал можност да го прашам: Што е причината што кај мене се појавуваат вакви работи, како што се нервозата, нетрпението, гневот, лутината, омразата, итн. но, не сум добил одоговор, ваков како што можев да го пронајдам низ низата текстови и материјали објавени на странава.

- Дали да продолжам во духовниот живот со истиот Духовен отец или е потребно да го променам и како е постапката, ако е потребно такво нешто, или пак не е потребно воопшто, сите сме луѓе и не знаеме многу работи и обични смртници и секогаш ќе има некој нешто што знае и некој нешто што нема да го знае. Можеби Духовникот и не е човек кој треба да знае се\' можеби растењето во верата, може да биде и двострано, можеби и јас би можел да му бидам од полза, а може и за погибел, само Господ знае.

Исто сакам да Ве прашам, пошто исто со читање сум дошол до сознание дека треба да се применува молитвата: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот!, Јас си ја применувам доста често оваа молитва. Само ме буни фактот повторно што требало да се даде Благослов од Духовникот, а јас не сум го направил тоа, значи пак, Духовникот никој пат не ми кажал како и на кој начин да се молам, тоа се\' сам сум го прочитал и дознал и така и го применувам. Дали сега да побарам благослов од Духовникот, после толку време? А, отприлика и си го знам одговорот, сигурно ќе ми рече: - Добро, нема проблем.

Сепак фала Ви и Вам и на Господа од се\' срце што ми ги отворивте очите.

Слава на Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин.

 


Прашање од Ивица:

Дали душите на упокоените се среќаваат на заедничко место после смртта или пак секоја душа има свое посебно престојувалиште пред општото воскресение. Со други зборови,  дали е душата осамена после смртта?


  rajskodrvo.jpg

Одговор:


Прашање кое е тесно поврзано со рајот и пеколот. Ќе го спомнеме примерот на св. Макариј Велики: Еднаш авва Макариј се шетал во пустината и здогледал некој череп. Штом го видел, иако не го познавал се помолил за него и черепот прозборел. Тој бил незнабожечки жрец и бил во пеколот. Сите биле завртени грб со грб и никој не можел да го види лицето на ближниот. А кога некој ќе се помолел за нив тие успевале да се завртат и преку лицето на ближниот го гледале лицето на Христос и добивале голема утеха. Потоа му се заблагодарил и го замолил да се моли за него. Човекот сета среќа ја има и доживува во Бога. Надвор од таа заедница тој секако ќе биде осамен. А доколку после смртта тој премини во живот и постојано заедничарење со Бога, тој никогаш нема да биде осамен туку преку Него ќе биде во заедница и со сите луѓе. Господи, Исусе Христе, помилуј ги твоите чеда упокоени!

 

п.п/з.д.

 


Прашање од Билјана:

 Дали не е грев во име на заеднички мир да се одбегнува личност од кругот на роднините, која со своето однесување е”тежок”крст за носење, многу агресивна и покрај тоа што многу пати и е простено-не се менува? Знам дека му е потребна помош, но многу пати моето семејство било жртва на неконтролираните нервни испади. Ве молам, знам дека ова не е доволно за да се добие вистинска слика, но барем напишете нешто во врска со ова.

Одговор:

„Сакајте се помеѓу себе и по тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици...“  Голема е разликата, но мала е границата на одбегнувањето од љубов и егоизмот, но во секој случај доколку е некоја личност проблематична, некогаш мора да се одвоиме од неа. И самото тоа одбегнување доколку е пропратено со молитва за неа, и љубов кон неа, во никој случај не е грев. Некогаш тоа е единствениот начин за да се помогне. Но контактите во срцето, молитвата за нив, никогаш не смее да престане. Љубовта боли, но тоа е единствениот пат кој ни го оставил Спасителот, Кој Самиот го изодел. Старец Силуан вели: Доколку во рајот видиме некого што воопшто не сме очекувале да го видиме или кого не сме го сакале што би почувствувале? Срцето би оладило како железо... Но, на Бог не му треба железо во рајот. Да го наблјудуваме срцето и да се молиме. И Бог ќе ги промени работите на подобро. И нормално, да ги избегнуваме проблемите.

п.п/з.д.


Прашање од Аце:

Зошто на денот Голема Богородица,  на Матка се слави и се пее,  а на тој ден знаеме дека е упокоена Мајката Божја?

Bogorodica.Uspenie1a.jpg

Одговор:

Затоа што за жал народот сеуште не ни е воцрковен и сеуште гледа на манастирските и црковните  прослави како на места кои служат за збирање на народот и веселби според нивните критериуми - а тоа секако е далеку од суштината на празникот. Но, тоа е. Не смееме да ги осудуваме туку - така зашто и ние имаме вина за нивната невоцрковеност, и да се трудиме пополека да се исправиме и ние а потоа и ним да им укажеме на значењето и убавината на празникот, кој нема ништо заедничко со практикувањето на општоаровдните весеби. А тоа не е случај кој го има само на Матка, туку и на многу други места, и треба со расудување да се искоренува.

 п.п./з.д.

 


Прашање од Даниела:

Почитувани, имам многу прашање зошто ја осознавам дури сега верата во Бога и повторно не сум сигурна дека го правам тоа вистинското, односно за себе мислев дека сум верник и ја практикував верата по чувство но од неодамна почнав да ја читам Голем е Бог од старец Клеопа и сватив колку сум грешела и посакав да се исповедам но се плашам дека само свесноста за гревовите и покајувањето за нив не се доволни за да пристапам кон исповед зошто сум неука за верата односно незнзнам  од каде да почнам , а во исто време нешто ме блокира и чуствувам срам ,страв или незнам што е  и неможам да отидам на исповед  ве молам посоветувајтеме и покажете ни како да продолжам и помолете се за мене да успеам да го најдам вистинскиот пат до Бога .

Однапред Благодарам

 

отец Григориј Јакимов

Одговор:

Фала Му на Бога што се јавило покајание. Тоа е првото скалило кое најздраво ќе не води низ духовниот живот но за кое мора да се држиме. Срамот и стравот кои се јавуваат пред исповедта се нормални чувства кои се јавуваат кај секој од нас, но доколку се погледне на исповедта онака како што треба, а тоа е дека ние ги признаваме и исповедаме нашите гревови директно пред Бога, Кој веќе ги знае, и само чека ние да ја покажеме нашата љубов кон Него и да ги признаеме пред смртен човек како нас, т, е, да се смириме. Затоа е потребнмо да се најде искусен духовник пред кого ќе можеме да се отвориме себеси колку толку, кого ќе го сакаме, а за другото ќе покрие Господ.

Молете се Бог да ви го открие и барајте го без избрзување. По молитвите на Пресвета Богородица Бог да ве помилува и спаси...


 Прашање од Виолета М.

 Пред неколку дена бев нмогу болна,имав темперетура голема. Ме однесоа во амбуланта и ни ја згресија инекцијата.Кога излегов надвир се онесвсетив,па ме однесоа во болница.Цуствувсв дека ке умрам телото не го цуствував,во моментот цуствував дека сака Господ да ме земе,со последниот здив го молев Господ да ми помогне да останам овде.Поцуствував дека бев измегу ни на земја ни на небо.Како Господ да ми дал санса да останам овде.Мислам малку се изменив некако ги свскам по друго работите сега.Јас сум копаницар ги сакам иконите,работев малку во црква и тогас видов дека има несто Господово.Сиромасна сум некако се снаогам.САМО ВЕРБА ВО ГОСПОД.Ве молам писете ми за оваа слуцка,некој коментар.Поздрав.

За доаѓањето на Божјата благодат...

Одговор:


Фала Му на Бога што ти ја пружил Својата нежна рака тогаш кога ти бил потребен... И да, Тој секогаш знае кога е најдобро време за нашата пасха (премин - од овој век во другиот), а ние да се трудиме да бидеме спремни за тој ден и да не се плашиме туку да викаме и ние како св. Јован Богослов: Да, дојди Господи Исусе!

 

 

п.п/з.д.

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 699
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »