логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Одговори на Вашите прашања


 agatangel.povardarska1.jpg

 Прашање од Благоја:

 Каде и на кои линкови може да се најдат вистинските упатства во врска со крштевање на новороденче според нашита православна Македонска Црква. Благодарам.

Krstevka.Veles.jpg

Одговор:
Светата Тајна Крштение, е единствена и не може да биде ни јота поразлична во ниедна православна Црква, затоа што тука станува збор за Дар од Бога, догма откриена од Него, соблекување на стариот човек и облекување во Него. Како што се вели и во химната при Светото Крштевање: Вие што во Христа се крстивте во Христа се облековте. Алилуија! Така да, може да се послужите со било која книга или линк од соседните православни Цркви. Чинот на Крштението е ист и за децата и за возрасните. Катихуменот (огласениот) трикратно се потопува во водата , при тоа свештеникот изговарајќи  ја формулата:„Се крштева чедото Божјо (името), во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!"


Инаку еве еден македонски православен линк
http://preminportal.com.mk/content/view/2521/94/ кој зборува накратко за Светата Тајна Крштение.

  п.п/з.д.

 

Друго:

Pimen.Jan.jpg

 ...Дали сум крстен правилно?

 

 

  

Прашање од Марија:

Ве молам да ми одговорите на моево прашање; ако се одредиме за пост, која храна е дозволено да се конзумира, што не е дозволено да се прави додека трае постот, и како изгледа чинот на причестување по завршување на постот, како треба да се однесуваме, за причестувањето.Благодарам.


NIKEX6.jpg

 

 

 

Одговор:

    „На христијаниниот му е потребен пост за да го избистри својот ум, да ги разбуди и развие чувствата и својата волја и да ги приближи кон добро творење. Тие три способности ние најмногу ги помрачуваме и задушуваме, најмногу со прејадување, пијанство и грижа за овој свет, а преку тоа отпаѓаме од Изворот на животот - Бог, и паѓаме во трулеж и суета, изопачувајќи го и осквернувајќи го во себе Божјиот образ... За христијанинот постот е потребен и поради тоа што со воплотувањето на Синот Божји, човечката природа е одуховена и обожена, и ние итаме кон горното Царство, кое што не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух.  Храната е за стомакот, а не стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи (Рим. 14, 17; 1 Кор. 6, 13).“ - св. Јован Кронштадски.


       За време на посните денови Црквата одредила да не се конзумира месо, јајце, млеко, а во одредени денови и масло, риба и алхохол, во зависност од тежината на постот. Доколку се работи за телесна или духовна немоќ, постот може да се разреши дури и на млеко и јајце, но месото не се разрешува ни на смртно болен, затоа што организмот на човекот нема баш никаква неопходност од тоа. Инаку однесувањето за време на постот, како и за време на целиот наш живот треба да биде воздржливо, односно да се воздржуваме од празнословие, сладострастие, славољубие, и среброљубие. Зашто нашиот живот треба да биде литургија после литургија, то ест, тоа што го доживуваме на литургијата, да го преточиме во животот. Постот е период на засилено покајание, и поради тоа тогаш не се дозволени свадби, венчавки и други веселби. А се разбира цел на сиот наш труд и подвиг е токму причестувањето со Телото и Крвта Господови... Како што вели св. Јован Златоуст: „Никој не е достоен од оние врзани со страсти...“ меѓутоа со труд, по милоста Божја се удостојуваме да се причестиме. Најважно е да имаме духовник и да се исповедаме почесто, со цел да може постојано да го следи нашиот духовен раст и по неговиот благослов да се причестуваме или пак да не се причестуваме. Треба и добро е да се причестуваме што почесто и за тоа треба да се трудиме, но сепак се зависи од тоа колку достојно се трудиме да се причестиме за секој првпат.
         Значи, причестувањето треба да дојде како плод на нашата вера, како основна храна на секој вистински верник, на секој православен христијанин. Зашто без Христос и Неговото Пречисто Тело и Крв, не сме христијани, немаме живот вечен, не сме дел од Телото Христово кое е Црквата. Бог да не удостои и да не ни го зема за грев и осудуванје нашето причестување до крајот на нашиот живот, по молитвите на Богородица и на сите Негови светии. Амин!

 Carig.HRISTOS.jpg

 

 п.п./з.д.

 


Прашање од Елизабета:

Каде да најдам акатист за здравје на нечија душа?

Bogorodica.st.jpg

Одговор:

Акатистот е најпрво поздрав, радост и пофалба на Пресвета Богородица. Тој прв акатист кој се вика Благовештенски, е состав на непознат химник, настанал некаде кон крајот на шестиот или во почетокот на седмиот век. Прв пат неговата употреба е забележана за време на византискиот цар Ираклиј и патријархот Сергиј, кога Цариград бил под опсада на Авар и персискиот цар Херзеј, и со чудо Божјо по молитвите на Богородица е спасен од опсадата. И тогаш (8 август 626 г), сиот народ и пеел химна на /мајката Божја и Логосот, цела ноќ.

Од тогаш се именува и Акатист (неседален), и за време на неговото читање се стои. Со својата убавина и складност, акатистот на Пресвета Богородица послужил да се напишат и многу други акатисти посветени на другите Божји угодници, па така ние денеска имаме акатист речиси на секој светител.

Како одговор на вашето прашање кој акатист да се чита за здравје, би ви ги препорачале акатистите на светите бесребреници Козма и Дамјан, Пантелејмонј, св. Харалампиј,  св. ап. Лука,  кои и за време на својот живот со својата служба и Божја помош мнозина ги лекувале, и на св. Харалампиј и св. Наум Охридски кои се особено познати по лекуванјето на немоќните и душевно и телесно. Се разбира и секојдневниот акатист на Пресвета Богородица (Благовештенски) според кој се направени сите други. Фала Му на Бога, сега Акатистите ги има и со македонски превод во издание на манастирот посветен на св. Атанасиј Велики во Журче, а може да се набави од повеќе манастири и црковни продавници во Македонија. Господи помилуј!

 п.п/з.д.

Друго:



Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 

 


Прашање од Ивица: Дали во ситуација на правење зло од страна на луѓе врз нас е исправно да го истуриме праведниот гнев?

Доколку гледаме дека во континуитет некоја злобна личност не напаѓа нас или некој друг со зборови, нели би било подобро да и речеме еднпставно да прекине (или со било кои праведни зборови да го пресечеме нечестивиот говор) отколку да трпиме и да дозволиме да не разјадуваат одвнатре таквите зборови.

Сум бил сведок на храбри личности кои не се двоумат да ја одбранат правдата, едноставно со збор прекинувале озборувања, клевети, прекумерни фалења со посед на имот и материјални богатства.
Ќе наведам случај кадешто жена озборува за тоа како некое дете било пијаница, а истата таа жена има син којшто не е пијаница но е коцкар. Значи гревот на своето дете го прикрива со тоа што пренасочува муабет према други лица или пак го зборува ова само колку да потроши време на празен муабет. Се погодува во тој муабет да биде личност која не трпи вакви лицемерни муабети и и вика: „Па нели гледаш твојот син каков е, зошто зборуваш за другите. Прво својот двор измети го па потоа види дали можеш да помогнеш за комшивскиот.“ Жената веќе тука поцрвенува од срам и се повлекува.

Што е подобро во овој случај, да таа личност се помоли за гревот (озборувањето) или пак да го пресече муабетот за да не би се одвивал воопшто?

 drvocrveno.jpg

Одговор:

 Не е ниту исправно, ниту  гневот е праведен,   да не бидеме ничии судии,  зашто самиот Господ не поучува- да со каков суд судиме , со таков и ќе ни се суди, и за таквата   личност најдобро е да се помолиме, а ни во кој случај да не ја осудуваме. Можете со одбрани зборови да и укажете на погубноста на злото, и на штетноста на озборувањето. И толку. Не се убедуваjте, но пристапете со молитвеното обраќање кон Бога, па продолжете да се молите за личностa  со сета вера и љувов.

Има многу поуки од светите отци на ови ваши дилеми, еве два линка до  поуките на  св. Серафим Саровски и од свети Амвросиј Оптински: 

Св. Серафим Саровски - За зборливоста

Свети Амвросиј Оптински: Од писмата до духовните чеда     

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 699
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »