логоFacebookTwitterYouTubeeMail


nerezi.pantokrator.jpg

протојереј Сергиј Филимонов

Протојереј Сергиј Филимонов е доктор на медицински науки, претседател на Друштвото на православни лекари на Санкт-Петербург, предава на СПбГМУ„ акад. И.П.Павлов", раководител на Душегрижничкиот Центар ОПВ СПб, главен редактор на журналот „Црквата и Медицината" (Санкт-Петербург).
Автор е на многу книги, учебници, статии и публикации посветени на соработката на Православната Црква и медицината

Онкологијата е посебна област во медицината, во која подеднаква важност има, како високата и професионална подготвеност на лекарот, така и неговата способност да воспостави контакт со заболениот човек. Нарушувањето на ова единство би можело на премногу болен и трагичен начин да се одрази врз судбината на пациентот.
Различните грешки и пропусти во онкологијата не се манифестираат веднаш, како на пример, во случај на сериозни хируршки или терапевтски болести. Тие се манифестираат по извесно време (кое понекогаш може да биде и долго), кога нивното отстранување е премногу тешко, а понекогаш дури и неможно. Притоа, се случува биолошката наклонетост на туморот кон прогресивно напредување и неверувањето на луѓето во трајното излекување од рак, во извесен степен да ја маскираат лекарската грешка, а понекогаш, грубо кажано, дури и ја „бришат". Поради тоа лекарот-онколог и свештеникот кој е поврзан со тој проблем, би морале секогаш на ум да ја имаат одговорноста што ја имаат пред Бога за судбината на секој свој пациент.
Освен тоа, свештеникот и онкологот контактираат со болниот, кој психички е истрауматизиран со својата, како што пациентите честопати мислат, неизлечива болест и операцијата и зрачењето кои претстојат. Поради тоа, умешноста на свештеникот да го охрабри таквиот пациент претставува неизбежна компонента за успешно лечење.
Подобрувањето на резултатите во лечењето на онколошките болни и со самото тоа, зголемувањето на бројот на лица кои се избавени од злокарактерните неоплазми (создавањето на нови ткива во организмот), придвижува една важна задача - враќање на заболениот кон нормалниот црковен и семеен живот и активност. Психолошката и духовна рехабилитација на онколошките болни, исто така, бара и соодветен пристап.
Секоја болест има своја смисла. Господ испраќа болест или, подобро кажано, дозволува да заболи она место или оној орган, каде што страста, која ја погодува човечката душа, максимално се манифестира. Болеста тогаш се појавува како лек, кој го пресекува понатамошниот развој на страста.
Онколошката болест, пред се - злокарактерната (малигната), од религиозна гледна точка, има за цел да го „извести" човекот дека му претстои патување во небесното Царство, дека времето од неговиот живот е одброено и одмерено и дека Господ одлучил душата на таквиот човек да ја повика кон Себе, во вечноста. Притоа, сосема е неважно колку време ќе помине од моментот на хистолошкото испитување, кое ќе го потврди злокарактерниот тумор, па до моментот на смртта: дали е во прашање еден месец или петнаесет години (ако биле успешни хируршките интервенции, зрачења и хемотерапии). Значајно е дека од небото се чул звукот на ѕвоното, кој повикува на покајание за целиот поминат живот. Од каде имаме право тоа да го сметаме за „известување"? Затоа што постојат голем број на болести чиј крај е брза смрт, а човекот, како резултат на исцрпеноста на организмот од болеста и нејзините карактеристики, повеќе не е во состојба да прибегнува кон црковните свети Тајни, ниту смислено да говори, гледа, слуша или анализира. Секоја света Тајна на Црквата се заснова на тоа, дека човекот кој сака да и пристапи мора да биде во состојба на јасна свест или незабележително ослабната свест, но неопходно е да постои лична самоанализа, зашто во спротивно не ќе биде во можност да ги искажува своите мисли, ниту да го изразува сето она, што претставува предмет на покајание. На крајот, современата хирургија овозможува да се постигнат добри резултати: пациентите со злокарактерни неоплазми, на кои им е извршено радикално отстранување на туморот, потоа можат да живеат и по 15-20 години. И покрај тоа, времето кое ќе помине до заминувањето во вечноста - веќе не е важно. Важен е самиот факт на „опоменување". „Известувањето" не подразбира бавно умирање, како последица на испратената болест, зашто не е исклучена ни варијантата за настапување на излекување (како од религиозен, така и од нерелигиозен карактер).

nerezi.pantokrator1.jpg

Психологија на болниот
Да ја разгледаме психологијата на онколошки болните. Тие можат да се поделат на две групи: верни и неверни. За неверните луѓе, дијагнозата „канцер" звучи како гром од ведро небо и, како по правило, станува вистинска животна трагедија. Верните луѓе реагираат на разни начини, во зависност од тоа колку се воцрковени, утврдени и подготвени да влезат во царството небесно. Христијанинот, уште од своите пелени, преку исполнување на Божјите заповеди, настојува да влезе во царството небесно.
Човекот, кај кого се развила онколошката болест, може да тргне по еден од трите патишта:
1. по патот на разузданоста, односно, за преостанатото време од својот живот да земе се што може (да пие, да живее развратно, да се прејадува, да се весели...). По овој пат, како по правило, одат неверните луѓе, зашто мислат дека зад прагот од овој живот нема ништо;
2. по медицинскиот пат, односно, болниот оди кај лекарот, се обидува да се излечи, му верува на лекарот, верува на неговиот професионализам и се труди да му помогне на своето тело;
3. по духовниот пат, односно, болниот ја прифаќа својата болест токму како известување за времето на подготовка за вечноста, но не го прифаќа како казна, туку како Божја милост, како Божјо насочување на неговото внимание на вечноста која претстои.
Од друга страна пак, во однос на пациентот, пред лекарот - онколог се појавуваат следните задачи:
Да го продолжи времето на активниот живот на болниот. Лекарот би можел самиот да си го постави прашањето: „Како ќе се чувствувам, ако човекот не тргне ни по вториот, ни по третиот пат, туку по првиот?". Како одговор, лекарот би требало да се сети дека му се дадени благословени задачи и дека тој, продолжувајќи го животот на пациентот, со самото тоа ќе му овозможи да добие дополнително време за покајание.
Втората задача на лекарот - онколог се состои во лекувањето на пациентот, не воведувајќи го насилно во верата, но и не дозволувајќи му да застрани во суеверието и мистиката, или, пак, во разуздано самоуништување.
Нејасните причини за појавата на злока-рактерните неоплазми, кај луѓето раѓа сомнеж во можностите на медицината. На прашањето од страна на болниот и неговите ближни за потеклото на канцерот, лекарите засега не можат да дадат јасен и еднозначен одговор. Во разговорот со нив, уште помала е можноста да им ги осветлат новите и сложени сознанија за етиологијата (причинителноста) и патогенезата (настанокот) на оваа болест. Таквата ситуација кај човекот создава разни нагодувања и подготвува погодно тло да поверува во ненаучните расудувања на нестручњаците и надрилекарите.
Во извесен степен, во создавањето на атмосфера на недоверба, придонесува и фактот што во научниот и секојдневниот печат се публикуваат површни расудувања за потеклото на туморот, а тоа кај многу луѓе создава нереална надеж во искоренувањето на болеста на некаков „едноставен" начин. Притоа, се случува „едноставноста" на теоријата да биде причинител за нејзината раз-бирливост, а разбирливоста, за неподготвениот човек, е добра за да се убеди во нејзината исправност.
Влијанието на таквата публикација, а да не ги спомнуваме и разните измислици кои се сосема далеку од науката, се објаснува со цела редица на психолошки особини кај луѓето. Истакнатиот американски психолог, С. Кемп, пишува: „Науката секој ден станува се посложена, се повеќе се специјализира и со самото тоа, на нестручните им е се потешко да ја разберат. Како резултат на тоа, обичниот човек тешко може да ги следи научните откритија. Од друга страна, пак, псевдонаучните митови кај оние што веруваат во нив создаваат малограѓанско чувство дека се наоѓаат во центарот на современите текови или мислат дека им е познато нешто што од другите е скриено, не принудувајќи се себе си да вложат во тоа некој посебен напор".

Задачата на онкологот
nerezi.Pantelejmon2.jpgПрвата етичка задача на онкологот (применета врз заедницата, а не на поединци) се состои во побивање на митовите и легендите кои се појавуваат и се поврзани со оваа болест. Меѓу нив, најраширени се оние за постоењето на „народни" „странски" и секакви други спасителни средства против канцерот. Освен тоа, би требало да се обрати внимание дека обраќањето кон надрилекарите не им е својствено само на неуките луѓе. Напротив, колку тоа и да изгледа чудно, широко образованите луѓе, кои многу читаат разновидна литература, во која, одвреме-навреме, се појавуваат и невнимателни и некомпетентни публикации за „новите методи на лечење на рак" со посебна истрајност и упорност трагаат за, божем непознати и оригинални методи на лечење на оваа тешка болест. Тоа, обично, не го прават само болните, туку и нивните роднини и пријатели. Не поминува ни ден, а кај лекарот да не дојде писател, новинар или научен работник од немедицинска специјалност, а понекогаш дури и лекар, кој е далеку од проблемот на онкологијата, за да го посоветуваат за болниот, кој не реагира на специјалните методи на лечење. Притоа, во својство на аргументи се наведуваат гласините за еден или два, нему познати случаи, на лечење на болни или на публикациите во печатот.
Разговарајќи на таа тема и немајќи средства за лечење на болниот во последниот стадиум на болеста, како и немајќи можност макар донекаде да влее надеж кај неговите пријатели и роднини, лекарите понекогаш не се подготвени беспоговорно да ја одбијат можноста за обраќање кон т.н. народни средства или, кон надрилекарите. Изјавите од типот; „ништо повеќе не може да се направи, па зошто не би се обиделе" и „болниот е апсолутно безнадежен, можеби тоа ќе помогне" - сведочат само за професионалната немоќ на лекарот и за неговата непродуховеност.
Лекарот што разговара со роднините и луѓето - блиски на болниот, а понекогаш и со самиот болен, обврзан е да заземе цврста и непомирлива позиција. За да се заземе таква позиција, природно е лекарот да биде запознаен со степенот на утврденост на дијагнозата во сите нејзини поединости и јасно да си ги претстави можностите на палијативно и симптоматско лекување (лекување кое подразбира отстранување на надворешните знаци на болеста и нејзините симптоми, но не и самата причина) на онколошките болни во четвртиот клинички стадиум. Би требало да се има во предвид дека, практично, кај секој онколошки пациент со развиена форма на тумор, по пат на палијативни и симптоматски мерки се постигнува ремисија (привремено подобрување на здравствената состојба), која понекогаш може да биде прилично долготрајна и што е најважно, се олеснуваат неговите страдања. Освен тоа, за време на локализацијата на туморот, ремисиите често настапуваат неочекувано, што, пак, може да создаде слика за успехот на неспецифичните, па дури и сосема неделотворните лекови и постапки, со што шарлатаните се користат наголемо. Секој онколог може да наведе примери на субјективно и објективно подобрување на општата состојба, па дури и враќање на болниот на работа, како резултат на примена на палијативни методи на лечење.
Наведените расудувања и факти не му оставаат простор на согласност кај лекарот за препуштање на болниот во рацете на некомпетентни луѓе, а дотолку повеќе во рацете на шарлатани, наводно, заради тоа што лекарот не располага со средства за извршување на неговата лекарска должност. Неопходно е лекарот со сите сили да настојува да предупреди на таквите грешки и поради тоа што таквите препораки, кои му нанесуваат штета на болниот, нанесуваат штета и на медицината, поткопувајќи го нејзиниот авторитет. Како последица од тоа може да биде одбивање на лечењето и заминување на излечливиот болен со злокарактерна неоплазма кај разни „исцелители" откако разбрал за нечие привидно лекување, кое, всушност, било обична ремисија и немала никаква врска со применетите методи.
Во книгата „Канцер" (1979), С. Лаборд пишува дека заболениот од рак, кој се обраќа кон било каков „маг" (надрилекар - исцелител), е изгубен болен, зашто испушта скапоцено време, во кое се уште има надеж за лекување. Писателот нагласува дека е премногу тешко да се убедат луѓето дека тајни лекови не постојат, па во продолжение пишува: „Било да сакаат или не, луѓето, поттикнати од несвесната потреба да веруваат, се наоѓаат пред дилема, од која следува неминовниот заклучок:
• или се работи за реално откритие, кое ќе биде во состојба да излечи огромен број на заболени од рак, заради што оние, кои го држат во тајност, вршат огромно злосторство кон човештвото;
• или се работи за самопрогласени, кои на злосторнички начин ја злоупотребуваат довербата на луѓето. За ова не може да се најде никакво оправдување, дотолку повеќе што се работи за болни, за кои е посебно лесно да се излажат и на чија сметка е недозволиво да се стекнува материјална корист".
Според тоа, повторуваме, позицијата на лекарот - онколог, во однос на непрофесионалните методи на делување врз онколошки болните, мора да биде цврста и непоколеблива.
И покрај тоа, се уште се случува да се прави голема врева околу разните сомнителни предлози, а авторите на тие - ако може да се наречат - методи на лечење, понекогаш поддржувани од печатот, се обидуваат да го заобиколат законот. За околината не постои ништо поопасно од делувачкото незнаење.
Пред дваесетина години, се појавија луѓе (Хуман, Продан, Качугин), кои тврдеа дека пронашле радикални методи за лечење на зло-карактерните тумори. Официјалната контрола на нивните „методи" во клиничките услови, со чување на строгите правила на прецизна дијагноза и контролата на ефективност на делувањето на лекот, покажала дека ниту тогаш не е дојдено до никакво ново откритие. Меѓутоа, творците на овие „нови методи" лесно не се предавале. Неуспехот се обидувале да го објаснат со тоа што, за време на проверката на нивните методи, им било дозволено да лечат само болни со запуштен стадиум на канцер. Меѓутоа, пред тоа тие тврделе дека ги спасиле дури и оние луѓе, кои биле на прагот на смртта, иако е сосема природно, ако веќе се рекламира таков восхитувачки ефект, тогаш и проверката на таквото лечење да биде спроведена врз истата категорија на болни. Освен тоа, во поглед на извесни стадиуми на канцер, современата онкологија располага со сигурни и ефикасни средства.
Со своите псевдонаучни резулатати, само-прогласените „исцелители" се обидуваат да ги оспорат заклучоците на квалификуваните комисии, додека сериозните анализи покажуваат дека кај значаен број на нивните „пациенти" дијагнозата не била потврдена со морфолошки метод - единствениот веродостоен доказ за присуство на канцер.


(продолжува во наредниот број)


превод од руски: протојереј Златко Ангелески

 Извор: ТРОИЧНИК

Издавач: Брегалничка епархија на МПЦ, Штип

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион

Посети: {moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

« »