логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светата Христова
великомаченица Марина
17 јули / 30 јули


Како Елена света која по Крстот трагаше –
Крст од Небесата за тебе испратен беше,
како Јона кој во китова утроба патуваше –
така и ти низ минливоста помина, а од неа излезе очистена – посветла.
Потоната во вода од овој живот, со венец осенета излезе во вис висини, подигната крштевајки се во Христа, о, Великомаченичке,
наместо телесна смрдеа, темјан Небесен за нас постана.
Моли се светителке, моли се Христољубива девице, моли се о украсу на Крстот сесилен, да се сочуваме во овој живот лажовен и по твоите молитви, Господ да не прими, во вечни векови.

 

 

 

 3.angeli.so.truba

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Леонид Устнедумски
17 јуни / 30 јуни

Пресветата Патеводителка го понесе
животот твој по патот на спасението, правејќи
од тебе Христов воин кој за нас колена ќе преклонува
пред Господа, о, Леониде оче наш преподобен,
а ти со Иконата нејзина Одигитрија на градите,
и Христа во срцето, устрои со Божја помош
храм за молитва и спасение, на кого и денес се
виори знамето на победата Господова.



 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот игумен
Иринарх Соловецки
17 јули / 30 јули

8 глас
Со будноста на умот, својот живот управувајќи го,
барајќи ја само Божјата промисла,
оттука и водач на монашко стадо се јави,
и примајќи благодат да ги исцелуваш душите
и телата на оние кои со вера и љубов
припаѓаат кон твојот чесен гроб,
Иринархе, оче наш моли Го Христа Бога
да се спасат нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

Од Верскиот календар на МПЦ (30.07.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

 

Светата маченичка Марина

Sv.Marina1.jpgРодум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка.

 Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, и  нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создателот“. Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор.

Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата и се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што и  се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сѐ претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта и  се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата.

 Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.

 sv.Leonid.Usiemudski.jpg

Преподобен Леонид Устнедумски

Овој руски Светител од младоста се подвизуваше во неколку манастири: во Соловецкиот, Мирожскиот и др. Најпосле основа свој манастир на реката Луга во Вологодската губернија. Се подвизуваше тврдокорно додека душата не му се исполни со благодатната светлина и сила на Светиот Дух. Како голем светилник привлече многумина кон подвижничкиот живот. Наречен е Устнедумски бидејќи еднаш кога го касна отровна змија тој за тоа не сакаше ни да мисли ни да зборува, па остана жив. Откако Му угоди на Бога, се престави мирно на 17 јули 1653 година. Неговите мошти почиваат во неговиот манастир.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1120
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1056
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

« »