логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе и кон нашите ближни. Саможивоста стана философија на нашето време. Ослободувајќи се, лекувајќи се од гревовите преку духовните лекарства, преку Светите Тајни што Бог ни ги даде во Црквата, ние всушност се ослободуваме од сите несреќи, слабости и немоќи на богозаборавниот и човекозаборавниот живот, искитен со сиот гнас што се нафатил на нашата природа од Каина до денес.

Преку Тајната на Покајанието, преку Постот, преку Молитвата, преку редовната заедница во телото и крвта Господови – преку Светата Причест, преку исполнувањето на секоја Божја правда, ние го стекнуваме пријателството со Господа на патот кон спасението. И тогаш сме посилни не само за себе, посилни сме и за помош на нашите ближни, со благочестивата вера што нè зацврстува и со решеноста било каква пречка да стои пред нас кога станува збор за помош на нашите ближни, секогаш и во сè да бидеме ревнители во љубовта Божја, и не само за луѓето, туку и за секое создание и секоја твар што Бог ја украсил со својата неповторливост. Тогаш не постои напразен труд, тогаш љубовта е совршена и не го бара своето, туку она што на Бога Му е угодно.

Она што го избираме во животот, тоа е дар од Бога. И кога нешто одбиваме и одминуваме и тоа е Божји дар. Кога даваме, велиме – од себе, од своето, даваме од она што ни е дарувано. Пред сè, љубов. Значи, и кога даваме и кога примаме ние, всушност, сме дарувани.



Митрополит Методиј Златанов

 

 

 

 Избор од фб профил на

Емил Атанасов


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1115
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1217
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1108
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…