логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(Обновено)

 

 

Ако ни е допуштено да говориме само согласно словото на Евангелието, тогаш зборуваме единствено за Преображението на Богочовекот Исус Христос и само тоа го „славиме“. Ако сме се оспособиле и ако ни е дадено да говориме согласно Духот на Евангелието, и ако сакаме да откриеме дека Преображението Господово има суштинска врска со нас, тогаш зборуваме за преображението на светите апостоли, и тоа заедно го славиме.

Оти ништо не Mу се додаде на Оној Кој имаше сѐ од самото воплотување, туку на оние (затоа и нам) што ништо немаа, а кои одеднаш ги видоа со своите преобразени телесни очи Богочовекот Христос – Каков што Е, Мојсеј и Илија – какви што се, како и гората Тавор и сѐ околу нив – какво што е, во несоздадената божествена Светлина.

Но, вистинските богопоклоници ќе се поклонуваат во Вистината, односно во Христос (во Црквата како Тело Христово, чија Глава е Он) и во Светиот Дух (види: Јован 4, 23), постојано преобразувајќи се и духовно растејќи низ трите степени на духовниот развој, од очистување во просветлување и од просветлување во боговподобување (обожение). Средина во духовниот живот нема, или одиме, односно се искачуваме (затоа и на Гората) по овој евангелски и светоотечки Христов пат, или паѓаме низ нивоата на противприродниот начин на живот: неврози (чувства и помисли без контрола), психопатија или социопатија (зборови и дела без контрола) и демонизираност.

Да се потсетиме уште еднаш:   „Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето на енергијата на умот кон светот се нарекува секундарна функција на умот, односно разум. Потребно е, значи, да ја активираме примарната функција на умот, односно да ја пренасочиме единствената енергија на умот од надвор кон неговата суштина во срцето, а преку неговата суштина таа енергија да се насочи кон Бог“.

Со ваквото непрелестно кружно движење на нашиот ум се остварува соединување и општење со несоздадената енергија Божја, а на тој начин и преобразување на севкупниот ум. Со преобразувањето на умот истовремено се преобразува и обожува и нашата душа и нашето тело, та на крај, и со своите телесни очи да можеме да ја видиме и несоздадената енергија Божја како Божествена светлина и слава – во нас и во сѐ создадено околу нас. Ова е суштината и целта на покајанието, т.е. преумувањето.

Токму овој дар на севкупно преобразување го примиле вонредно и привремено Петар, Јован и Јаков на гората Тавор, и затоа ги изговориле оние чудесни зборови: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија” (Матеј 17, 4). Гледате? Не ни помислуваат да направат сеници и за нив самите. Тоа е вистинско присуство на благодатта Божја, кога ќе се заборавиш себеси заради Богочовекот Христос.

Благиот ден Преображение уште еднаш ни потврдува дека учењето за умно-срдечната молитва, очигледно, не е просто еден дел од севкупното свето Предание, тоа е самата срж на светото Предание на Православната Црква. Затоа, кога Светите Отци исихасти имале можност да изградат црква, тие најчесто ја посветувале на Преображение и тоа било знак на нивното присуство на тој простор и во тоа време од историјата. Исто така, и постот до денес е за овој празник. Преображение и Успение се, всушност, двоеден празник и двоеден пост.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, и прими нѐ и преобрази нѐ! 

Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

 

ПП

Preobrazenie.1a.jpg

пп

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1140
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1287
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1141
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…