логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Огнената река – Александар Каломирос

(Прв дел)

Одговор на прашањата: (1) Дали Бог навистина е добар? (2) Дали Бог го создаде пеколот?

+Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

strashniot sud-ognenata reka

Почитувани отци, драги браќа и сестри:

Нема сомнеж дека живееме во време на отпадништво, пророкувано за последните денови. Практично најголем дел од луѓето се атеисти, иако многумина од нив, теоретски, сè уште веруваат. Рамнодушноста и духот на овој свет преовладуваат насекаде.

Која е причината на оваа состојба?

Причината е ладењето на љубовта. Љубовта кон Бога повеќе не гори во човечките срца, а како последица на ова и љубовта меѓу нас, е исто така мртва.

Што е причината на ова опаѓање на човековата љубов кон Бога? Одговорот, се разбира, е гревот. Гревот е темниот облак кој не дозволува Божјата светлина да стигне до нашите очи.

Но гревот секогаш постоел. Тогаш, како стигнавме до тој степен, што не само што не Го знаеме Бога, туку и вистински Го мразиме? Човековиот однос кон Бога денес не е вистинско незнаење или вистинска рамнодушност. Ако внимателно ги испитувате луѓето ќе забележите дека нивното незнаење или рамнодушност е извалкана од длабока омраза. Но никој не мрази нешто што не постои.

Имам сомнеж дека луѓето денес веруваат во Бога повеќе од кое било друго време од историјата на човекот. Луѓето го знаат евангелието, учењето на Црквата и Божјото создавање, подобро од кој било друг период. Тие имаат длабока свест за Неговото постоење. Нивниот атеизам не е вистинско неверие. Тоа е повеќе една аверзија кон некого, што го познаваме многу добро, кого го мразиме со сето срце, токму како што прават и демоните.

Ние го мразиме Бога, затоа и Го игнорираме, превидувајќи Го, како да не сме Го виделе, и глумиме дека сме атеисти. Во реалноста Го сметаме за наш непријател par excellence. Нашето негирање е наша одмазда, нашиот атеизам е наша освета.

Но зошто луѓето Го мразат Бога? Тие не Го мразат само затоа што нивните дела се темни, додека пак Бог е светлина, туку исто така бидејќи тие Го сметаат за опасност, за блиска и вечна опасност, како непријател во суд, како судски противник, како јавен и вечен гонител. Ним, Бог не им е повеќе семоќен лекар, Кој дојде да ги спаси од болеста и смртта, туку попрво суров судија и осветољубив инквизитор.

Гледате, ѓаволот успеа да направи луѓето да поверуваат дека Бог не нè љуби вистински, туку дека Он вистински се љуби само Себе Си, и дека Он нè прима само ако ние се однесуваме онака како што Он сака да се однесуваме; дека Он нè мрази ако ние не се однесуваме онака, како што Он ни порача да се однесуваме, и е навреден од нашата непокорност до тој степен, што за тоа мораме да платиме со вечни маки, од Него создадени за таа цел.

Кој може да љуби мачител? Дури и оние кои напорно се трудат да се спасат себе си од гневот Божји, не можат вистински да Го љубат. Тие се љубат само себе си, обидувајќи се да ја избегнат Божјата одмазда и да постигнат вечно блаженство успевајќи да го задоволат овој страшен и прекумерно опасен Создател.

Ја забележувате ли ѓаволската клевета на нашиот сељубовен, себлаг и апсолутно добар Бог? Затоа на грчки на ѓаволот му беше дадено името DIABOLOS (диаволос), „клеветник“.

 II

Но со што ѓаволот Го клеветеше Бога? Какво средство тој употреби за да го убеди човештвото, за да ја первертира човековата мисла?

Тој ја употреби „теологијата“. Најпрвин тој воведе незначителна промена во теологијата којашто, кога еднаш беше примена, тој успеа да ја зголеми сè повеќе и повеќе до тој степен, што Христијанството стана потполно непрепознатливо. Тоа е она што го нарекуваме „Западна теологија“.

Сте се обиделе ли некогаш да одредите што е главната карактеристика на Западната теологија? Значи, главната карактеристика е тоа што Го смета Бога за вистинска причина на сето зло.

Што е злото? Не е ли отуѓувањето од Бога, Кој е Живот?[i] Не е ли смрт? Што учи западната теологија за смртта? Сите Римокатолици и мнозинството Протестанти ја сметаат смртта за казна од Бога. Бог ги сметаше сите луѓе за виновни заради адамовиот грев и ги казни со смрт, отфрлајќи ги далеку од Себе; лишувајќи ги од Неговата животодавна енергија и така убивајќи ги најпрво духовно а на потоа и телесно, со некој вид духовно гладување. Августин го преведува пасусот од Битието „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади, зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш (со смрт)“ (Мој.2, 16-17), како „Ако јадете од плодовите на ова дрво, Јас ќе ве убијам“.

Некои Протестанти ја сметаат смртта, не како казна, туку како нешто природно. Но, зарем не е Бог творец на сите природни твари? Па така и во двата случаи, Бог — за нив — е вистинската причина на смртта.

И ова е вистина не само за смртта на телото. Ова е исто така вистина и за смртта на душата. Не го сметаат ли Западните теолози пеколот, вечната духовна смрт на човекот, за казна од Бога? Не го сметаат ли тие ѓаволот за слуга Божји во вечната казна на луѓето во пеколот?

„Бог“ на Западот е еден навреден и лут Бог, полн со гнев заради непослушноста на луѓето, кој  во Неговата деструктивна страст, посакува да го мачи целото човештво во вечноста за нивните гревови, освен ако не добие бескрајно задоволување на неговата навредена гордост.

Која е Западната догма за спасението? Не Го уби ли Бог Бога за да си ја задоволи Неговата гордост, којашто Западните богослови еуфемистички  ја нарекуваат правда? И не е ли преку Неговата бескрајна сатисфакција тоа што Он благоволи да го прими спасението на некои од нас?

Што е спасението за Западната теологија? Зарем не е тоа спасување од гневот Божји?[ii]

Гледате ли дека Западната теологија учи дека нашата вистинска опасност и наш вистински непријател е нашиот Творец и Бог? Спасението за Западњаците е да се биде спасен од рацете на Бога!

Како можеме да љубиме таков Бог? Како можеме да имаме вера во некого кого го мразиме? Верата во нејзината длабока суштина е производ на љубовта, па така, би сакале, оној што ни се заканува, подобро да не постои, особено кога оваа закана е вечна.

Дури и ако постои средство за избегнување од вечниот гнев на ова семоќно, но страшно Суштество (смртта на Неговиот Син наместо нашата), би било многу подобро ако ова Суштество не постои. Ова беше најлогичниот заклучок во умот и срцето на западните луѓе, зашто дури и вечниот Рај би бил ужасен со таков суров Бог. Така беше роден атеизмот, и ете зошто Западот беше негово место на раѓање. Атеизмот беше непознат во Источното Христијанство, сè додека и таму не беше воведена Западната теологија. Атеизмот е последица на Западната теологија[iii]. Атеизмот е одрекување, негирање на еден злобен Бог. Луѓето станаа атеисти за да се спасат од Бога, криејќи си ги главите и затворајќи си ги очите како ној. Атеизмот, браќа мои, е негирање на Римокатоличкиот и Протестантски Бог. Атеизмот, браќа мои, не е наш вистински непријател. Вистинскиот непријател е фалсификуваното и искривено „Христијанство“.

 ognenareka_kniga

III

Западните богослови често зборуваат за  „Добриот Бог“ (На пр., во Франција епитетот le bon dieu е речиси секогаш употребуван кога се говори за Бога). Меѓутоа, Западна Европа и Америка, никогаш не беа убедени дека таков Добар Бог постои. Напротив, го нарекуваа Бога добар на начин, на којшто Грците ги викаа клетвата и проклетството на сипаниците – EULOGIΑ (евлогиа) благослов, за да ги истераат и да ги маѓепсаат. Поради истата причина Црното Море беше нарекувано Eu xeinoV Pontος — гостопримливо море — иако реално тоа беше ужасно и несигурно море. Длабоко во Западната душа, Бог беше почувствуван како опасен судија, Кој никогаш не ја заборава дури ни најмалата навреда што сме Му ја направиле преку нашето престапување на Неговите закони.

Оваа јуридичко сфаќање за Бога, оваа сосема извртена интерпретација на Божјата правда, не беше ништо друго освен проекција на човечките страсти во теологијата. Тоа беше враќање кон паганскиот процес на хуманизација на Бога и деификација (обоготворување) на човекот. Луѓето ако не ги сфатите сериозно се лутат и гневат, и тоа го сметаат за понижување, коешто само одмазда може да го одстрани, било со злосторство или со двобој. Ова беше световно, страсно сфаќање на правдата што преовладува во умовите на т.н. „Христијанско“ општество.

Западните Христијани на истиов начин размислуваа и за Божјата правда. Бог, бесконечното Суштество, бил бескрајно навреден од Адамовата непослушност. Он одлучил вината на Адамовата непослушност да се пренесе подеднакво на сите негови деца, и сите да бидат казнети со смрт поради Адамовиот грев, којшто тие не го извршиле. Според Западните богослови, Божјата правда функционира како крвна освета. Не само човекот кој те навредил, туку и целата негова фамилија мора да умре. И она што до безнадежност беше трагично на луѓето, беше тоа дека ниту еден човек, ниту целото човештво, не може да го задоволи навреденото Божјо достоинство, дури и ако сите луѓе од историјата би биле жртвувани. Божјото достоинство би можело да се спаси само ако Он би можел да казни некого со исто достоинство како Него. Па така, за да ги спаси и обете, Божјото достоинство и човештвото, не постоела друга можност освен воплотувањето на Неговиот Син, па така, човек со Божествено достоинство да биде жртвуван за да се спаси Божјата чест.

[i] „Ова е злото: отуѓување од Бога“.  Св. Василиј Велики, Дека Бог не е Причина на Злото, „ELLHNES PATERES THS EKKLHSIAS“ (грчките Отци на Црквата) 7, 112 (Понатаму цитирани како EPE). „Оние кои по своја воља се оддалечуваат од Бога, Он ги одделува од Себе, а одделувањето од Бога е смрт“. Св. Иринеј, Против Ересите, 5, 27, 2. „Луѓето, отфрлајќи ги вечните нешта и по совет на ѓаволот се обрнуваат кон распадливите нешта, стануваат сами на себе причина за распадливост во смртта”. Св. Атанасиј Велики, За Овоплотувањето, 5 (Migne, PG 25. 104-105). „Воколку се оддалечи од животот, дотолку се довлечка во близина на смртта. Зашто Бог е живот; лишувањето од животот е смрт. Па така, Адам беше творец на својата смрт преку неговото одделување од Бога”. Св. Василиј Велики (PG 31. 945).

[ii] „Покајната жртва…беше извршена со цел да се возобнови поранешната хармонична врска помеѓу небото и земјата која гревот ја наруши, за искупување на моралниот закон, за да се задоволи навредената Божја правда”. Окружно  Послание за Пасха 1980 год. од Вселенскиот Патријарх Димитриј, Episkepsis (на Грчки), no. 229, 15 Април, 1980.

[iii] „Навистина будала и лишен од разбирање и разум, е оној кој вели дека нема Бог. Покрај него, не помал во лудоста е и оној кој вели дека Бог е причина на сите зла. Сметам дека нивните гревови се со еднаква тежина зашто секој од нив на сличен начин го негира доброто; претходниот негира дека Он воопшто постои, додека другиот Го дефинира дека не е добар; зашто ако Он е причина на злото, се разбира, Он не е добар; па така, и од двете страни постои негирање на Бога”. Св. Василиј Велики, EPE op. cit., 7, 90.

 

Превод од англиски јазик: (свештеник) Јани Мулев.

Изворник: А. Каломирос, Огнената река, Скопје 2007.

Издание на Европската епархија на МПЦ-ОА.

Извор: Ортодоксија и ортопраксија

 

Друго:

 

„Огнената река“ (The River of Fire) е една од најзначајните работи на д-р Александар Каломирос. Таа претставува остра критик

Во својата синтеза на светоотечкото учење, Каломирос се обидува да даде одговор на следниве прашања: Дали Бог е навистина добар и дали Он го создал пеколот? Што, всушност, се рајот и пеколот?

Бог не ја создал смртта, ниту пеколот, туку тоа е резултат на слободата на човекот. Рајот и пеколот не се географски одредници, туку онтолошка состојба на личноста, во допир со Божествената Љубов.

Подготвил: Георгиј Глигоров

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5811
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6628
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5609
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная