логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тоа утро четиригодишниот Дамјан стана многу рано, уште во зори. Му беше роденден и сакаше своите родители да ги изненади со вкусни палачинки. Најде длабока чинија и лажица за матење и бидејќи полиците беа превисоки, се качи на стол за да го дофати брашното. Но кутијата каде што мама го чуваше брашното беше претешка за него, па малку му се истури на работната маса. „Ништо“, си помисли тој и продолжи со своите подготовки. Со двете раце зеде од брашното и го стави во садот, додаде чаша млеко и малку шеќер и почна силно да меша, кревајќи цели облаци. Наскоро целиот под беше бел, заедно со новите пиџами на Дамјан, а големиот мачор Дино веќе успеа да направи и неколку бели стапки во дневната соба.


Момчето малку се загрижи. Што се случува? Требаше ова да биде едно прекрасно изненадување за мама и тато, а сега наеднаш сѐ тргна на лошо. Освен тоа не беше сигурен што треба да прави понатаму: да ја стави цела чинија во релната или пак да ја вклучи горе, но пак проблем – не знаеше како се вклучува ринглата! И додека така се мислеше, Дино скокна на работната маса и почна да се гости од направената смеса.

– Дино, бегај оттука! – викна Дамјан и го турна силно своето милениче, но притоа не сакајќи го турна и картонот со јајца на подот. Исплашен, се спушти на коленици и почна панично да ја брише со раце направената мешаница, но наместо тоа уште повеќе ја размачка и си ги извалка пижамите.

Во тој миг вратата од спалната се отвори и тој се најде пред продорниот поглед на тато. Дамјан се вкочани од страв.

Што сега? Тато сигурно е лут, ќе ме искара, можеби и ќе ме истепа. А само сакав да направам нешто убаво за нив – од очите на Дамјан потекоа крупни солзи. Стоеше беспомошно пред својот татко, а тој не велеше ни збор само внимателно го гледаше. Потоа полека му се приближи, го крена на раце својот расплакан син и силно го прегрна. Не му беше важно тоа што валканите пиџамчиња на Дамјан оставија мачканици и на неговите. Сѐ што сакаше беше да го утеши и смири својот син.

Така и нашиот добар Бог Отец. Колку пати само сме стоеле таму пред Него, облеани со солзи бидејќи сме направиле мешаница од животот и не знаеме како да излеземе од неа. И наместо строгост, Бог нѐ опсипува со Својата љубов, ни проштева и дава утеха, иако многупати сме Го повредиле со своите гревови.

Па затоа, кога ќе ја спознаеш својата грешка и немоќ да ја поправиш, само повикај кон својот добар Татко и веднаш ќе најдеш сила и заштита во Неговата топла прегратка.

 

Извор: Бигорски манастир

21.-6.2018 лето Господово



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3178
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2507
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…