логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Mонахиња Нина Кригина  -  Грешките на предбрачните односи

Серијата на нашите предавања се нарекува "Топлината на огништето" и ние сакаме тоа наше семејно огниште да биде топло и пријатно. Но, тоа  во многу зависи од тоа како сме го проживеaле животот до склопување на бракот. Кои грешки се јавуваат тука?
Најраспространетите грешки за кои јас знам, посматрајќи го своето опкружување, своите студенти, и кои претставуваат две спротивности, два пола, се следните:

3.angeli.so.truba


Првата е карактеристична за поголемиот дел млади луѓе кои го започнуваат животот,  исполнeти со енергија и сила. Пред скоро време направивме анкетa помеѓу средношколците и им поставивме вакво прашње: Можете ли вие да се наречете среќен човек? Многумина од нив одговорија:" Да, секако", "Нормално, да". Тие имаат таков став. Ако тоа прашање го поставиме на луѓето од предпензионерско доба, потврдниот одговор би се чул многу ретко.
Младите луѓе имаат многу сила и уверување дека сиот живот е пред нив, дека имаат многу здравје. Токму тоа, кога се има многу сила,  а малку животно искуство, тоа е она што го занесува човекот. Но, подоцна станува многу болно, и направените грешки мора да се исправуваат сиот живот. Најраспространетата грешка помеѓу младите се наоѓа во нивниот став, дека треба да се живее среќно и да не се страда. Таквите луѓе може често да  се заблежат, бидејќи многу се истакнуваат во мноштвото.
Јас би сакала да обрнеме внимание на тоа дека нашата современа пропаганда се труди на секој начин да ги импресионира младите луѓе и да ги убеди дека животот треба да биде непрестан огномет и дека нема потреба да се размислува на тоа.

 Целомудреност


    Друг распростанет став кај младите е дека од животот треба да се земе сé. Кога почнуваш да разговараш со нив и да ги испрашуваш што по нивно мислење е љубов, сфаќаш дека љубовта за нив подразбира честа промена на сексуалните партнери. Коклу само варијанти ќе се наслушаш. "Мене ми е потребно да го најдам својот човек" - говорат некои. Една моја студентка изјави дека ú е потребно да го најде мажот на својот сексуален тип. Воопштено говорејќи, оние кои  се нагледале и начитале ќе имаат секакви идеи.
Постои појава која се вика промискуитет. Тоа е честа промена на партнерите. Проституцијата е професија со која се заработуваат пари. Но, во оваа ситуација човекот живее просто само за себе, се труди да земе од животот сé максимално, не сфаќајќи дека брзо се претвора во канта за ѓубре. Тој не ја бира за себе својата втора половина, туку служи како вид на ѓубре.


    Разговарав со една девојка која со болка во гласот говореше: "Сега моногамијата е невозможна! Сега сите така живеат! Ако девојката не започне рано да живее со партнерот, кон неа ќе се однесуваат како да не е нормална. Таквите луѓе дури ги нарекуваат со посебни имиња." Кога се загледав во нејзините очи, сфатив дека вриска од болка. Таа бараше да ú докажат дека постојат други луѓе и други односи. Сепак, таа и понатаму се држи до своите убедувања.     
Кога ги прашаа момчињата да го опишат својот идеал на жена, стана јасно дека ниедно момче не сака неговата жена да минувала како бајрак од еден маж до друг... Тие се трудат да не ги изберат таквите девојки за жена. Тие се потребни за стекнување на сексуално искуство. Нив, едноставно говорејќи, ги искористуваат.
Една девојка даде јасен одговор на прашањето за можности на полните односи со партнерот: "На момчето ништо нема да му стане поради тоа искуство, а кому му треба искористена девојка?" Зборовите "искористена девојка" многу ме потресоа. Момчињата, всушност често се заинтересирани само за забава. Ним им е добро да ги искористуваат жените. Тој од животот зема сé и од жената зема сé. На тие момчиња кои сé уште не засновале семејство според општото мислење им е дозволено да стапат во врска со неколку девојки. Нашите баби често говорат:" Нека прошетаат, нека се излудираат." "Излудираат" - колку точен збор! А на девојката во оваа ситуција се става печат. Она што на мажите во нашата култура име дозволено пред бракот, на жените  им е забрането. Тоа треба да се запамети!
.
Би се рекло, што може да биде лошо во ставот: "Јас нема да ги менувам партнерите. Само ќе живеам со еден. Ако се испостави дека се вклопуваме, тогаш ќе се регистираме во општината." Гледано однадвор се изгледа правилно и уверливо. Не сосема пристојно, но баш логично. Подговтвени сме за сериозна врска и просто ќе се посматраме еден со друг. Во тие односи сме рамноправни.
Кога момчето пред бракот живее со разни партнери луѓето од постара возраст велат: "Се нашетал, се излудел."  За девојките тоа не се говори. Кон нив веднаш се формира специфичен однос, пратен со горчлива насмевка. Дури и ако на почетокот мажот говори дека не му е важно со кој пред него била неговата втора половина, сепак сé, на крајот, се сведува на тоа прашање. Всушност, таа девојка  е идна мајка. А мајчинството е светла и чиста работа. Детето кое се раѓа од мајка треба да биде здраво во секој поглед. Кога девојката имала неколку сексуални партнери, тоа обично не поминува без трага на сите нивоа.
Постои една споредба со лепливата трака: првиот пат таа се лепи така што скоро е невозможно да се одлепи, потоа лепливата трака малку послабо држи, а петтиот пат скоро и да не се залепува. Односно, после неколку врски, жената нема вистинска приврзаност кон својот маж.
Тоа не изненадува. Всушност, тука се и спомените, така што и да не сме свесни, споредбата е присутна. Ако тоа го погледнеме на ниво на организмот, мора да се земе во обѕир и овој интересен податок: женскиот организам дури се прилагодува на машкиот на ниво на микрофлора. Тој процес може да се повтори неколку пати. А потоа задолжително следи кварење, почнува болест. Бебето се раѓа во заразен родилен канал. Доколку таму се случил и гревот на убиството - абортусот, тогаш бебето се раѓа не во чисто мајчино тело, туку во валкано, болно тело со лузни.
Мајката е светиња над светињите. Таа треба да биде чиста! Тоа говори за тоа дека не е најпрво мажот должен да води целомудрен живот, туку особено е важно однесувањето на мајката, бидејќи внатре во нејзиното тело се раѓа детето. Како може да се роди здраво дете во валкана утроба?
Сега се говори дека се раѓаат малку здрави деца. Но, тоа е резултат што момците "фаќаат кривини" лево и десно. Колку има неплодни мажи сега кај нас? Исто толку и девојки? Зошто порано се раѓале по 15 деца, а притоа сите биле здрави? А сега се раѓа едно, и  тоа со мака. Тоа се сега идеологијата која се наметнува. Може да ú се поклоните или да ú се спротиставите.
Ако размислувате за семејството, не треба веднаш да стапувате во блиски односи. Многу жени патат од тоа што се отфрлени веднаш после интимните односи. Еднаш еден свештеник рече воодушевувачка работа: "Оној човек кој пред бракот често ги менувал партнерите, го предал оној  кој од Бог му е определен за заеднички семеен живот. Тој фактички нему му е неверен." Не е случајно кај нас русите зборот, суден. Односно, оној човек, со кој е судено е да се биде заедно. Ако на девојката или на младиот човек им е судено да стапат во брак, порано или подоцна тоа ќе се случи. Зошто да се предава својата втора половина? Зошто да се краде од другите и да се уништува животот на другите?

 Пробни бракови
.    Ако се испостави дека не сме еден за друг, зошто да потпиштуваме? - објаснуваат тие. Притоа се смета дека во оваа ситуација и мажот и жената се рамноправни и заедно го носат тоа решение.
Двајцата се за сериозна врска. Овде е неопходно да се примети следната особеност на женската психа: штом ќе започнат сексуалните односи, жената станува зависна од мажот, станува негов дел, посилно е привлечена кон него. Што се случува со мажот кој нема развиено чувство на одговорност кон другиот? Тој го гледа истото секој ден. За него роматиката е завршена, почнуваат работните денови, сé станува навика. Настапува слабеење на чувствата. Особено ако жената не се покажува секогаш во најдобро  светло и го раздразнува со своите хирови. Тука нема рамноправност. Кај жената се засилува чувството на приврзаност, а кај  мажот се засилува чувството на досада, еднообразност и монотонија. Жената се бави со зацврснување на односите  и се труди да го наведе својот партнер да стапат во брак но, нему тоа не му е потребно.

Жената чека кога мажот ќе ја побара за жена. Ако до тоа не дојде, жената почнува да брза, трудејќи се со сите сили тихо да го подбутне кон нoсењето на таа одлука. Со своите дела го повикува да ги оцени нејзините способности." Погледни каква домаќинка сум. Kако добро изгледам! Како вкусно готвам." Односно, испаѓа дека мажот го завзема тронот, а жената му ја докажува својата вредност на сите полиња. Поради ова нема еднаквост! Односот кон жената се претвора во пресметување на нејзините доблести и недостатоци. Тоа веќе не е љубов. Тоа е трговија, сметка, сé  - само не љубов!
Понатаму, жената често чувствува дека мажот оваа ситуација потполно  го задоволува и тој не се труди ништо да промени. Ако во него се разбуди желба, тој ќе отиде кај друга жена, објаснувајќи го своето заминување со тоа дека неговата партнерка не му одговара. Некои жени во споменатиот случај одат на потполно неоправдан чекор. Тие се одлучуваат да затруднат и да родат бебе. Сега никаде нема да отиде! - мислат тие. Ако мажот има бар некакво чувство на одговорност, тогаш понатаму може да следи "стимулиран" брак (брак кога невестата е трудна). Тука е важно да се спомене дека раѓањето на бебето никогаш не е фактор кој ќе напарави мажот изненадно да ја "открие" својата љубов кон жената. Повеќето мажи го доживуват детето како проблем. А тука се наоѓа и толпа роднини и  пријатели кои почнуваат да го учат и да го туркаат во брак. Под овие околности мажот се осеќа заробен. Тоа е како да го излажале.
"Каде е тука рамноправноста?" - ве прашувам вас.
Често после пробните бракови луѓето се обраќаат на психолог. И кога ги слушаш, ти се чини дека пред вас се менуваат лица кои научиле една иста приказна и сега ја повторуваат.
Така што "пробниот брак" - тоа се солзите на женскиот род. Тука нема никаква рамноправност! А доколку и ја има, тогаш таа е исклучиво имагинарна. Говорејќи со духовен јазик, граѓанскиот (пробниот) брак е блуд. Тоа е кршење на заповедите! Поради тоа благодатта заминува. Потоа се проливаат солзи, остануваат нерешени проблеми. Каква радост тука може да има? Тука се можни само плач и солзи. Тука нема да има среќа! Тоа ќе биде само бегство во фатаморгана.
 Мене ми се врежаа зборовите на еден светител:" Не треба од ништо да се плашиме освен од гревот." Oти Бог е љубов. И само кога грешиме, благодатта си заминува. Така човекот лета по животот како сув лист по ветрот. Тој удира на сите прегради на својот пат и на крајот може да се распадне. Да, целата работа е во нашиот грев. Само во него. А не во тоа што луѓето се сурови или дека животот е лош.

Униние, песимизам


Една крајност, како што рековме е невоздржаниот блуд. Друг крајност е седењето дома и немање воља за излегување и дружење. Од една страна, што може да има лошо во тоа? Но, тука е можно да се падне во униние! Таквите луѓе - уседелици веруваат дека во нивниот живот, нема да има ништо добро. "Кој мене ќе ме засака? Зар јас можам да основам семејстово?"- велат тие.
Во психологијата тоа се нарекува "самопрогнозирачко пророштво". Toa e ситуацијата кога човекот живее со ставот дека со него ништо добро нема да се случи и така се однесува, така што го оправдува тој став.  
Во свое време, кога во водев курсот "Етика и психологија на семeјниот живот" Ми пријде една девојка сакајки да ги подели со мeне своите проблеми. Беше многу чудно да се гледаат шеснаесетгодишници кои говорат за тоа дека во нивниот живот уште нема љубов. Тие го говорат тоа како да го проживеале сиот живот. Тие навистина го гледаат тоа како трагедија. Особено во споредба со другите врсници. Тинејџерската љубов има карактер на епидемија. Ќе се заљуби еден, па друг, па во состојба на заљубеност ќе западне целиот клас, па уште понатаму. И така, ми пријде девојката и ми зборуваше за момчето кое ја интересира но, кое никогаш по нејзино мислење не обрнува внимание на неа. По некое време налетав на следната сцена во училиштето: Тоа момче ú пријде на девојката од зад грб и почна нешто да ú зборува. А таа се заврте и му рече: " Што сакаш?'
Бев многу изненадена од нејзиното однесување. Кога ја прашав за тоа што се случило, таа одговори: "Ниту самата знаев што ми се случи". Меѓутоа, јас знам што се случило со неа. Тоа дете самото себе со своето "самодејство" се довело до униние.
Тоа беше класична ситуација на превентивен напад. Девојката очекува  дека сé
 ќе  биде лошо, дека секако ќе биде болно. И одеднаш, се врти и гледа дека тој ú
 пришол. На девојката во главата веднаш и се појавуваат мислите: "Од тие односи ништо добро нема да испадне. На крајот сé ќе биде болка и страдање. Заради што да се мачиме толку време? Најдобро е сé веднаш да завршам". Затоа од нејзина страна веднаш следи: Што сакаш?!
Тоа е класично самопрогнизирачко пророштво. Таа не дозволува да ú обрати на друг начин. Таа веднаш со своето униние го води односот на друго ниво. Со таквите луѓе веднаш треба да се говори на друг начин. Тие не ú дозволуваат на својата втора половина ни да им се приближи.

А каде воопшто може да се запознаат младите луѓе? Порано во Русија говореле: "Не барај жена на оро, туку во градина." Пoзнавам една учителка која на својот возрасен син кој учеше во странство му говореше: "Добра жена во ресторан и дискотека нема да најдеш. Местата за забава не се погодни за таа цел. Инаку после цел живот ќе танцуваш." Така нејзиниот син се запознал со својата жена на поклоничко патување. Група млади патувале и се молеле. Во параклисот се сретнале двајца и ете ви пар. Современ пар. Затоа и се вели:" Барајте и ќе ви се даде, искајте и ќе најдете".
А што се однесува до тоа како правилно да се однесуваме, можам да го кажам следното. Треба да се живее според заповедите Божји! На оние луѓе, кои животот го замислуваат како бајка, тоа им се чини досадно и глупаво. Тие си говорат себеси: "Така ќе живеам во староста." Но, тука да се разбере дека ако сакате да живеете и да имате радосно срце и стабилно семејство и среќни деца, морате да живеете по заповедите. Ако човекот говори:" Мене тоа ми е досадно. Јас и самиот се знам. Сé ќе правам сам "- нему ќе му биде тешко.

 Запис на  беседата: Центарот за  заштита на мајчинстoто „Колевка”, Екатеринбург
Превод: Милица Николић, Православна породица, фебруар 2016.
Извор: православнапородица.орг.срб


Превод на македонски: М.Б.

31ви јануари 2021 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2679
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1845
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…