логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(Обновено)

 ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЖИВОТОТ

Митрополит Антониј Блум


Човекот самиот себеси си го заклонува видикот

Crkva.Zajdisonce.jpgОд година во година се собираме двапати – за време на Големиот пост и за време на Божиќниот пост – за да, пред лицето на сопствената совест, пред лицето на Божјата вистина, пред Животот, ги минеме тие дни ослободени од ритамот на вообичаениот живот. И прашањето што си го поставувам секој ден и на коешто одговарам со сè поголемо чувство на грижа и на болка е следново: „Со каков плод вроди сето тоа?“ Од ден во ден живееме пред лицето Божјо, од ден во ден раснеме, а потоа старееме; го слушаме Евангелието, пред нас пролетуваат сликите на илјадници Севтии; се воодушевуваме од Христовите зборови; се случува душата да ни затрепери, да се разбуди; а подоцна се враќаме на истиот оној сив, обесмислен живот. Просто продолжуваме да живееме научени некако да го издржиме животот до крај, додена да ни биде одземен. И тоа е толку жално, зашто кога размислуваме за раните христијани, кога се сеќаваме на Светиите, а и воопшто, кога ги гледаме луѓето околу нас, гледаме колку се прекрасни оние коишто внатрешно се пробудиле и коишто не си дозвлуваат да заспијат!... До нас евангелскиот збор не допира толку гласно, толку силно; зборовите од Евангелието ги говорел самиот Христос – не на руски јазик, не на англиски јазик, не на словенски јазик, но ги говорел тие зборови; и тие се исполнети со сета можна сила, со сета  благодат, со сета личност на Синот Божји, Кој станал Син Човечки. Тие допираат до нас со моќен татнеж, како ѕвоно – и зарем не треба, како ѕвоно, да одекнат и да донесат плод?

Дали, кога го гледаме нашиот живот, можеме во него да го препознаеме одекнувањето на она моќно ѕвоно коешто нè повикува во живот? Или нашите души остануваат исто онака безнадежно безгрижни: дури и без надеж, дури и со изгасната меланхолија? Што е тоа што може да нè разбуди, што може да не потресе? Наскоро ќе го читаме канонот на св. Андреј Критски; таму се и зборовите: „..немоќно е Евангелието, залудни се пророштвата...“ Зарем тоа не може да се каже и за нас – и тоа во текот на поголемиот дел од нашиот живот, зашто сите чекориме пред Бога и, како што вели службата при погребение – „и здрави и млади умираат“, а не само оние што проживеале долг живот и коишто природно се свиткани кон земјата?

 

Што да правиме тогаш? Кои зборови да ги најдеме?

Сега не зборувам за тоа како да барам зборови, зашто, секако, човечки зборови никого нема да го разбудат; но на кој начин би можеле Христовите зборови да допрат до нас за да нè повратат во живот? И еве, кога ќе се замислам над самиот себе и над многумина што доаѓаат кај мене на исповед, на разговор, и тоа веќе со години, преку триесет години – ме запрепастува како меѓу нас и просторот, меѓу слободата и радоста, меѓу нас и живот, како непроодна граница, како непробоен ѕид во нас самите, стои самиот човек заградувајќи си го патот. Затоа што, главно, севкупното внимание на секој од нас е насочено на самиот себе, на она што го мисли, што го чувствува, на она што го прави, на она добро или зло коишто други луѓе му го кажале, на она што очекува од животот, на она што животот му го дал или што му го одзел; и сето тоа се сведува на тоа да во нашиот живот одекнува еден збор: „јас“. Ја самиот, јас, јас за сето време, мојот живот е тежок, јас сум навреден, јас сум заобиколен,  јас се радувам итн. Вака, веројатно, било од самиот почеток на времето, и затоа не е чудно што Христос како прв услов човекот да може некаде да тргне, да може да се извлече од тоа ропство, го наведува одрекувањето од самиот себе: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“ (Матеј 16:24).

Но, што значи ова одрекување од самиот себе? Ние главно мислиме дека одрекувањето од самиот себе значи такво организирање на животот да тој биде лишен од радост, живот во кој сè е жртва, во кој не останува ништо што би могло да го загрее срцето, да го осветли умот – но не е така. Затоа што она „јас“ од кое ни е заповедано да се одречеме, она „јас“ коешто стои како непремостлива пречка меѓу мене и полнотата на живото, не е целото „јас“. Тоа е некаков површен, ситничав човек кој го заклонува целиот хоризонт, кој не ми дозволува да бидам оној голем човек којшто секој од нас би можел да биде. Да се одрекнеш од себе значи, пред сè, да разбереш дека сосредочувањето на сиот живот на оној плиток човек, каков што сме сите ние во нашиот секојдневен живот, значи исто што и да го сведеш животот на такви димензии, на таква затворска теснотија во која човекот може само да се задушу. И ние, всушност, се задушуваме во оваа затворска темница. Првото нешто коешто треба да го научиме е: кога во која било состојба, во кои било околности, се појави мислата: „А што да правам јас?“, да си кажеме себеси: „Бегај од мене, Сатано, бегај од мене, противнику, ти мислиш само на она што е земно, а не на она што е Божјо. Бегај, ми здосади! Зарем уште и уште и уште во животот ќе те гледам само тебе, ќе го менувам „јас“ по сите падежи, ќе ги сведувам сите нешта само на она што е за мене – радос, што е за мене страв, што е за мене несреќа, што е за мене досада? Зарем сиот мој живот ќе се сведе на тоа? – Како што, впрочем, и се сведува, поради што и не е живот, туку е – тага, јаловост за самиот човек и за сета околина, поради што и ни е толку здодедвно со самите себе, и поради што на другите им е толку здодевно со нас. И еве го првото нешто што треба да го научиме: во сите околности да си кажеме себеси: „Помести се на страна, дозволи ми да погледнам во далечина, во просторот, во длабочината! Во овој голем, широк и длабок живот ќе најдам место и за себе – но животот нема да најде место во мене; човекот може да се влее во животот, но не може сиот живот да го ограничи со себе...“

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

 

 

4-ти декември 2015 год.

 

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1140
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1286
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1141
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…