Архимандрит Клеопа (Илие) († 1998):Што е тоа смирение и како се раѓа? (втор дел)
Смирението е толку голема добродетел, што самото без други добродетели може да ни ги отвори вратите на Царството Небесно, како што е речено: „Покајанието ги подига паднатите, плаче пред небесните порти, а светото смирение ги отвора“. Смирението – тоа е единствената добродетел која не можат да ја подражаваат демоните. Тоа е источник на самопонижување што го штити човекот од паѓање.


Светите Отци учеле дека „благодатта се враќа по оној пат низ кој го напуштила човекот“. Сите сме паднале во Адам преку неговото непослушание кон Бог, па затоа основата на нашите гревови е нашата непослушна волја. Таа може да биде исцелена само со послушание: послушание кон Црквата, хиерархијата, духовните раководители; во нив ние го покажуваме послушанието кон Христос
Поголем благослов имаат оние кои даваат отколку оние што земаат. Во општеството во кое секој сака да заработи, се појавува човек кој сака да дава сѐ што поседува… „Богатството стекнато со добронамерност и милостина е големо; со давање се добива и со споделување се доаѓа до разбирање“, како што рече Св. Јован Златоуст. Голема вистина! Значи ова е нешто што ја докажува вистинитоста на ваквата логика.
На само едно место може да се најде изворот на вистинското учење, кое доаѓа од Самиот Бог, ненамалено преку вековите и секогаш свежо, останато едно и исто во сите оние кои вистински го учат, водејќи ги оние што го следат, во вечно спасение. Ова место е Православната Црква на Христос, изворот е благодатта на Сесветиот Дух, и вистинските учители на Божественото учење, што извираат од овој извор, се Светите Отци на Православната Црква.
Пред две години, по случај смртта на преподобниот старец Емилијан Симонопетриски,
Колку чудеса! Нашата светост, нашиот мир, среќата наша, преподобноста наша, нашиот подвиг, нашата молитва, слушањето на Бога, кое ни се дава кога Го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кроткоста наша, нашето тихување - тихување во смисла на состојба во која можеш да Го чуеш и Го слушаш Бога - сите тие дарови на Светиот Дух и воопшто сè она што прави Бог е чудеса, одлики на Неговото присуство.
Кога некое лице ќе го повика Нејзиното Пресвето Име, тој веднаш ја чувствува Нејзината помош. Таа е Мајка. Додека беше на земјата како човечко суштество, и таа страдаше поради истите работи за кои страдаме и ние. Поради тоа, и Таа сочувствува со тажните души и брзо им доаѓа на помош.
Самата Црква била нов, Небесен Ерусалим – и верата во тоа дека Христос невидливо доаѓа и присуствува помеѓу оние што Го љубат била за нив доволна. ’Историчноста‘ на Христос, секако, била неспорна основа на христијанската вера, но за верните поважно нешто од ’историскиот‘ спомен за Христа...
Посветеноста на една цел, на една личност, ќе ни ги даде плодовите и убавината на животот. Ако се обидете да се скриете од проблемот, тој ќе ве прогонува цел живот, менувајќи го својот облик. Ако се обидете да го ставите “под прагот”, наскоро ќе се сопнете од него и ќе паднете. Колку и да чувствувате болка, не треба да бегате од проблемот што го имате пред вас.
Така Он започнува: „Блажени се бедните по дух, зошто нивно е Царството небесно.“ Еве на што современиот рационален свет би можел да се потсмева… Блажени се „неугледните“. Но оваа фраза „бедните по дух“ значи нешто друго – значи скромните, смирените. Блажени се скромните, оние кои се скрушени. Ова не е лесно прифатливо, ни во современата секуларна логика, ни во природната логика.
Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење. Кога праведниците живеат во благосостојба, градот се радува. Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разрушува.
Имаме една фондација во Атина наречена ,,Галилеја‘‘ за пациенти неизлечиво болни од рак кои се во последен стадиум на болеста. Неодамна имавме една триесет и девет годишна жена. Таа беше при крај на својот живот. Има три деца, малолетни. Едното на возраст од шеснаесет години, второто седум, а третото шест годишно дете. Таа дојде кај нас и кога влезе во нашата програма,
Во Светото Писмо и во животот на Црквата и во целата содржина на верата, има многу работи кои што не можат да се сфатат со резонирање. Едноставно не можат да бидат согледани на таков начин. Тоа е исто како да се обидуваш да влезеш во некој простор преку бетонски ѕид. Ако се втурнеме во ѕидот, ќе си ја разбиеме главата. Што ни е потребно?
Oтците подвижници инсистираат да ставиме една полезна бариера на јазикот. Авва Амон вели дека горењето на срцето, духовната топлина се гаси поради завлекувањето со суетни зборови. Човек не може да има умилителна и чиста молитва навечер, ако цел ден го озборува целиот град. Суетното зборување го нарушува вниманието, ја намалува енергијата, го задржува духовното возвишување,
Секоја идеја или дело, колку и да се свети, колку и да се благородни, како што се љубовта кон татковината, социјалната помош или зачувувањето на традициите и обичаите, доколку не ги надминат границите на овоземниот живот, се собитија што му отежнуваат на човекот да ја достигне Вечноста.Тоа се моменти на една историчност, која, сепак, останува затворена во времето и просторот без перспектива за нетление и спасение, односно за полнота.
Вистина е, човек може да го одржува својот организам јадејќи само зеленчук, но ако до него има нешто покалорично и тој го изеде тоа, ќе внесе во себе повеќе полезни животни состојки. Несомнено, ќелијата и параклисот се нешто многу вредно, но искуството на Црквата кажува дека пред тоа треба да се стекне опит во комуникација со луѓето.
На Светата Литургија одиме за да го почувствуваме присуството на Бога и тоа е првото и помалото. Второто, кое е поголемо – одиме на Литургија за да имаме однос со Бога, не само да Го видиме, туку да бидеме во Него и Тој во нас. Да влеземе во Неговото царство, да Го сретнеме, да го отвориме срцето за Неговата благодат и да се соединеме со Него. Ова е толку убаво, толку важно, толку неопходно и толку силно. Затоа одиме на Литургија.
Најмнoгу бeда и нeмир навлeкувамe на сeбe сo тoа штo сакамe штo пoвeќe да сe oсeтимe и прeпoзнаeмe вo oвoј живoт. Кoлку пoвeќe eдeн чoвeк сe пoвлeкува oд свeтoт, кoлку пoчeстo духoвнo гo набљудува oвoј свeт какo да пoстoи бeз нeгo и кoлку пoсилнo сe задлабoчува вo мислата за свoјата нeпoтрeбнoст на oвoј свeт, тoлку пoвeќe ќe стoи пoблиску дo Бoга и ќe има пoдлабoк душeвeн мир.
Знаев дека тоа е плод на неговото крајно смирение, кажано кога толку многу ќе се приближиш до Бога, па ја гледаш својата дребност застанат пред Неговата големина поширока од небесата, поголем од секој простор што нашиот ограничен ум може да го замисли, постар од секое време што можеме да го изброиме... Сепак, се убедив да го препрочитам неговото веќе подзаборавено житие.
Прашањето не е за тоа што го пишуваме, туку главно за тоа што не го пишуваме затоа што се плашиме. Се плашиме дека ќе го прочитаат и разберат, дека ќе не изобличат, дека погрешно ќе не разберат, дека нема да ја видат длабочината на нашата болка, на нашата мисла, на нашето срце. Затоа претпочитаме да напишеме нешто полесно, поедноставно и подостапно, нешто плитко и банално.























