логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Европа и воопшто скоро целиот Запад моментално има  остварено огромно материјално богатство, какво што изгледа никако во историјата на оваа планета не е остварено, но при тоа го има изгубено мирот. Сега бараат излез од животот кој е проникнат со некое постојано брзање и немир. Но тоа што  еднаш ќе се изгуби тешко е повторно да се здобие. Дошле до сознанија дека преку трансценденталната медитација на  источњаците и филозофите може да се стекне мир. Но, за жал, тие наскоро потоа доаѓаат до сознание дека тоа е лажен мир. И не само тоа. При вклучување во светот, негативната енергија на демонските сили им ветува дека ќе го надминат светот на просечните луѓе.

Таа мисла за натпросечност, за надчовекот, не ги напушта дури ни во момент кога покажуваат силна желба да го напуштат светот на негативната енергија.Тогаш морам со нив долго да разговарам како би се ослободиле од депресијата, односно како би го напуштиле светот на илузијата Како што веќе видовме, духовите под небото, работејќи ја својата работа за да го одведат човекот на погрешен животен колосек, располагаат со голема духовна енергија. Водена од огромната брзина на демонските сили, кои понекогаш се во состојба за цел час да ја обиколат земјината топка, душата на опседнатиот може да посети дури и некои предели во кои бил пред дваесетина години.

Оттука постои кај човек моќ да може во многу краток рок да ги преживее случувањата во скоро целиот свој животен циклус. Овој филм на животот многу често се одвива непосредно пред смрт. Оттука големата заблуда кај источните филозофи која ветува реинкарнација, која и не е ништо друго,туку ниско мудрување. За жал, Западот, кој во овој момент го има достигнато врвот на духовната празнотија и немоќ било што да понуди на светот, го прифаќа ова извртено поимање за животот како стварност.

Затоа, за несреќа, гледаме цели легии млади луѓе, како во тежнеењето да ја задоволат духовната жед, се вклучуваат во негативната енергија, чии последици се ужасни.Пред се, треба да се знае дека секое битие кое еднаш ќе се влкучи во светот на негативната енергија, станува заробеник на демонските сили. Како што партиите во тоталитарните режими лесно не ги испуштаа од свои раце членот на партијата, така е тие[демонските сили] со сите средства се борат за да опседнатото создание го задржат во својот свет.

Отац Тадеј

 

Подготви: Сузана Стефановска

 12-ти јануари, лето Господово 2017



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4519
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3797
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…