Тихомир Јанчовски – Страст за револуција
И мене, како и сите,
деновиве ме фаќа
страст за револуција
желба да го оправам
светот на поарно…
И јас, како и сите,
И мене, како и сите,
деновиве ме фаќа
страст за револуција
желба да го оправам
светот на поарно…
И јас, како и сите,
Во писмото на Патријархот Неофит се вели дека Православната Црква, „која е чувар на традиционалниот брак, семејството и децата, ја поддржува иницијативата ’Мајка, татко и деца‘, како и неопходноста да се заштити правото на секоја држава - член на Европската унија, во определувањето на својата политика во сферата на бракот и семејството“.
Д-р Ханс дури истакнува: „Она што го мислиме за тука и сега, овој свет, тоа е всушност матерјалното ниво, она што можеме да го прифатиме. Овој свет има корени. Така нашите животи се поврзани со следниот живот. Телото умира, но духовната, квантната област продолжува да живее. Значи сите сме бесмртни“.
На некој начин можете да бидете сигурни дека Божествената Промисла ја сочувала целата света икона неповредена во текот на толку многу години, за да подоцна е извор на чудеса и исцеленија во слава на Бога. Првиот опит на чудотворната сила ја јави таа на трпезата на тој манастир на следниов начин.
Водачи на небесните војски, ние недостојните ве молиме секогаш, со вашите молитви да нѐ заштитите под покривот на крилјата на вашата бестелесна слава, чувајќи нѐ нас што усрдно паѓаме и воскликнуваме: од беди избавете нѐ, како чиноначалници на небесните сили!
Обновена е веб-страната на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. За најновите настани, активности, и трудови издадени од Богословскиот факултет, може да се информирате на pbf.edu.mk.Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје е основан во 1977 година, десет години од возобновувањето на Македонската православна црква (1967-1977).
Какво беше неговото изненадување кога тој увиде дека за сето тоа време тој ископал таква длабока јама што веќе ни самиот не може да излезе од неа. Затоа, пред дури и да почнеш да мислиш да му копаш на другиот јама, спомни си: за да ја ископаш неа, ти самиот треба да бидеш во неа, затоа што прво во неа се наоѓа тој кој ја копа. И пред да почнеш да го валкаш некого со кал, започнуваш прво ти да си ги валкаш рацете.
Пророчки, Христос во Евангелието вели дека тие не би му поверувале ниту на човек, ако воскресне од мртвите. И навистина, знаеме дека така и се случило, бидејќи Христос го зборувал ова откако го воскреснал од мртвите синот на вдовицата од Наин.Освен тоа, тој пред време знаел дека Неговата смрт на Крстот и Неговото Воскресение нема да ги убедат сите.
Научниците, кои што го истражуваат местото на Христовото погребение во храмот на Гробот Господов во Ерусалим, се соочуваат со ретка околност: необјасниви електромагнетни пречки ја нарушуваат работата на некои мерни уреди поставени околу Гробот Господов. Имено, уредите почнале да работат со прекин или целосно се расипале. Истражувачите, кои се очевидци на овие појави, претпоставуваат дека инструментите биле погодени од силно електромагнетно зрачење.
Божјата промисла на чудесен начин го отстрани велот што речиси едно цело столетие го криеше од очите на луѓето неправедното убиство на галичкиот свештеник, о. Овентиј Исаиев Фрчкоски и на уште тројца негови сожители, убиени во една ноемвриска ноќ, далечната 1918 година. Бог Промислителот, воскреснувајќи го нивниот спомен и овде на земјата, која одамна беше ги заборавила нивните имиња, како да сака уште еднаш да ги потврди ..
Ми се чини дека потребата да се ‘‘живее виртуелно’’ на социјалните мрежи во голема мера се должи на можноста да се говори од ‘‘говорница’’, не сносувајќи одговорност за своите зборови. Човекот на интернет станува невидлив. Тој може да настапи од никаде. Психолошки тоа е многу удобно. На социјалните мрежи соговорникот не ги гледа твоите очи, изрази на лицето, твоите вистински емоции.
Ја подаде главата нанапред, ги затвори очите и си рече: „Какви луѓе живеат овде!“ Луѓе коишто се борат за парче леб, а се молат како аскети! Луѓе од градот што живеат како пустиници. Обични луѓе што имаат надземен опит, во нивните таксиња, продавници, на работа, дома. Градот веќе не беше ист во неговите очи. Напротив, градот му заличи на засолниште за светители, на духовна арена.
Во вашето прашање ги има и давата одговори. Технологијата и современите достигнувања на човекот може да бидат и од полза, но може и да се злоупотребуваат. Многу значи од нашиот пристап, од тоа какви сме ние. Во секој случај, не треба да го губиме достоинството, туку да се ползуваме, за себе, но и за другите. Социјалните мрежи и технологијата не се зло, но може да не наведат во искушение и злоупотреба.
- Господи, зборувај со мене!
И громови и молњи се растрчале по небото.
Но човекот не слушал. Човекот се разгледал на околу и рекол:
- Господи, дозволи ми да Те видам.
Лек и голема тајна на детскиот напредок е скромноста. Довербата во Бога дава потполна сигурност. Бог е сè. Никој од луѓето за себе не може да рече: јас сум сè. Тоа само би го заврстило егоизмот. Бог од нас бара да ги водиме децата по патот на смирението. Ниту ние, ниту децата нема да сториме ништо без смирение.
Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират научници кои ја изгубиле вистината и заталкале од нејзиниот пат. Таквите учења кај нас се доста распространети: едни гласно и отворено одат против вистината, а други истото потајно го наговестуваат,...
На 13.11.2016 година Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Троица во Маџир Маало, а по повод една година од неговото осветување. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Радован Цековски.
Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.
Пoдгoтвeнo срцe значи oчистeнo срцe oд гoрдoста и смирeнo прeд вeличиeтo на силата и мудрoста Бoжја. Пoдгoтвeнo срцe значи испразнeтo срцe oд ситe жeлби и свeтски мeчтаeња и испoлнeтo eдинствeнo сo стрeмeж кoн Бoга и љубoв кoн Бoга. Пoдгoтвeнo срцe значи излeкуванo oд ситe
нeспoкoјства, грижи и страв, и смирeнo и oхрабрeнo сo присуствo на благoдатта Бoжја.